Како да се победи депресијата?

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Со терапија по следново
Дружење со весели и позитивни луѓе...ако не најдеш јас сум секогаш тука
Одење на журка и тотално опуштање
Анализирање на ситуацијата и доаѓање до заклучок дека некогаш мора да дојдеш до таква ситуација но гледај што побрзо да излезеш зашто краток е животот за да бидеш во депресија :)
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
Билдинг - тоа е лекот, или каква и да е спортска активност.
никако шах! :)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Иако првата реплика ми беше несакајќи измрцварена (па избришана),и иако решив да не пишувам друга,сепак...

Точно е тоа дека периодот на депресија е период на себеанализа, размислување за ,,смислата’’ итн.,но токму овие мисли се проследени со суицидилните како бесмисленоста и апсурдноста на живеењето и сл. Така да , до поголемо спознание можеш да стигнеш само ако ја пребродиш депресијата. Зашто какво е тоа спозание и мудрост ако само го црпиш ,,помеѓу четири ѕида’’?
Бесмисленоста и апсурдноста се факт.Значи моментите на депресија водат кон вистина и просветлување.Пфф,па што има лошо во тоа?Осознавање на вистините на животот е она за кое твојот спиритуален татко се стремел и најчесто пишувал(се асоцирам по твојот ник).Суицидноста ја сметам за болест и затоа овие луѓе не ми се предмет на обработка.Четирите ѕида се храм.Патот.Ако друг те вади од депресијата,таа пак ќе се навлече....само ти имаш моќ да се справиш со неа.

Скулгрл напиша:
Корисна? Колку што е „корисна“ толку прави штета на духот и хара по душата на личноста. Не дај Боже некој да не може (треба да е ненормален за да не сака ОМГ) да излезе од депресија. Самоубиство на се што е духовно во една личност. Едно е да се прифати депресијата и излечи, ама со сила да се биде игнорантен кон причините што го предизвикале проблемот е чиста глупост.
Депресијата не е забоболка.Не е нешто кое можеш да го оттргнеш и заборавиш така лесно,посебно не ако те удри поинтензивно.Верувам во Sith филозофија.Огнот кој ја изгорел шумата остава простор за нови,поубави дрвја.Нека хара додека не станеш...апсолутна:))).И не треба да не сакаш да избегаш од депресијата,туку да осознаваш преку неа.Да исцрпиш се што таа ти дава за преку неа да станеш повеќе од Себе.Игнорантен неможеш да бидеш ако вистински се соочиш со неа.Ако разбереш која порака ти ја носи.Веруј,не е толку негативна.Ти си негативна ако не сакаш да ја разбереш и ако гледаш низ прозор барајќи го решението таму зад планините...


Скулгрл напиша:
Оптимизам е нормална карактеристика на секој човек. Желба за продолжување, гледање на посветлата страна и помирување со она што не можеме да го смениме. Јас би рекла дека оптимизмот е одлика на храбрите, што не се кукавици за да потклекнат под животот, колку и да е тој тежок.
Не е нормална карактеристика на секој човек.Напротив,во модерново време измислените фрази како "оптимизам" и "смисла" станувааат илузорни за човекот па затоа депресијата е најактуелна на форум филозофија(и психологија).Желба за продолжување...каде?Пак дводимензионално размислување и самозалажување.Вртење кон посветлата страна?Има поуки и во темнината.Ако животот го гледаме така,можеме слободно да си набиеме зајачки уши,да јадеме зелки и да бегаме настрана од корпоративните волци,кои биле,ја вкусиле,и ги користат поуките од темната страна.

Константно храбри нема.Нема лек за секоја болест.Искашлај се и плукни?Хех...
Треба да станеме домаќини на болеста која не можеме да ја победиме.Да ја чуваме во нас како искуство,да ја имаме како меч и водилка.Нема зошто да бегаме од носителите на вистината кои понекогаш ни одземаат од времето кое сме можеле да го поминеме во диско.Се' во животот е поука,а константниот оптимизам е лага.Силиконска убавина,збрчкана насмевка.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Бесмисленоста и апсурдноста се факт.
Дололку ти мислиш дека животот е бесмислен и апсурден, не значи дека и другите мислат така. :)

Значи моментите на депресија водат кон вистина и просветлување.Пфф,па што има лошо во тоа?Осознавање на вистините на животот е она за кое твојот спиритуален татко се стремел и најчесто пишувал(се асоцирам по твојот ник).
Јас не реков дека не водат до спознание, туку не се согласив со :

Не мора да се излечите од депресијата.
вистинското спознание и просветлување го постигнуваш по излегувањето од депресијата, и дури тогаш можеш да зборуваш за ,,корисноста’’ на депресијата

Суицидноста ја сметам за болест и затоа овие луѓе не ми се предмет на обработка.Четирите ѕида се храм.Патот.Ако друг те вади од депресијата,таа пак ќе се навлече....само ти имаш моќ да се справиш со неа.
Не можеш да ги разграничуваш депресијата и суицидноста. Процентот на луѓето што се во депресија, а не размислуваат за самоубиство е минимален.
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Точно е тоа дека периодот на депресија е период на себеанализа, размислување за ,,смислата’’ итн.,но токму овие мисли се проследени со суицидилните како бесмисленоста и апсурдноста на живеењето и сл. Така да , до поголемо спознание можеш да стигнеш само ако ја пребродиш депресијата. Зашто какво е тоа спозание и мудрост ако само го црпиш ,,помеѓу четири ѕида’’?
Е баш таа мудрост “помеѓу четири ѕида“ е мудроста која ја црпиш од себеси. Тоа е најефективно кога човек е во депрсија. И како што веќе реков, депресијата и не е толку лошо чуство, како што повеќето го гледаат.
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
What doesen't kill me only makes me stronger. Ако нема моменти на депресија нема да има душевна и психичка јачина. Затоа кога ќе дојдат тие депресивни мигови, само насмевни се и прими ги како се друго што сакаш да го имаш
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Депресијата не е забоболка.Не е нешто кое можеш да го оттргнеш и заборавиш така лесно,посебно не ако те удри поинтензивно.Верувам во Sith филозофија.Огнот кој ја изгорел шумата остава простор за нови,поубави дрвја.Нека хара додека не станеш...апсолутна:))).И не треба да не сакаш да избегаш од депресијата,туку да осознаваш преку неа.Да исцрпиш се што таа ти дава за преку неа да станеш повеќе од Себе.Игнорантен неможеш да бидеш ако вистински се соочиш со неа.Ако разбереш која порака ти ја носи.Веруј,не е толку негативна.Ти си негативна ако не сакаш да ја разбереш и ако гледаш низ прозор барајќи го решението таму зад планините...
Ajде малку метафори.:)
Најпрво би го поставила прашањето-зошто воопшто да го оставиш огнот да ја изгори шумата? Ти гарантира некој дека плодовите од тоа уништување воопшто ќе ги има? И дека ќе бидат подобри? Јас како љубител на природата веднаш ќе донесам авиони со вода што ќе го изгаснат оганот за никогаш повеќе да се појави. Хеј, и езеро ќе направам.

Не треба да се прифати депресијата, треба да се прифати проблемот/траумата кој довел до таа состојба, само така може да се најде решение. Ако ја прифатиш-ќе те конзумира, опасна е во секоја смисла. Точно, извлечи се` што можеш како поука, и немој веќе никогаш да ја направиш истата грешка и да потклекнеш пред истиот проблем. Треба да се има верба дека не е се така црно, колку и да звучи клише. Треба да се сфати дека ама баш ништо не се постигнува со одбивање и изолација. Нормално, на секој човек му е потребно време да си ги среди мислите и да реши што понатаму, никој не го оспорува тоа. Ама да прифатиш проблем како нормална работа и да се залажуваш дека понатаму можеби ќе ти помогне да бидеш помудар, не е исплатлива работа.

Не е нормална карактеристика на секој човек.Напротив,во модерново време измислените фрази како "оптимизам" и "смисла" станувааат илузорни за човекот па затоа депресијата е најактуелна на форум филозофија(и психологија).Желба за продолжување...каде?Пак дводимензионално размислување и самозалажување.Вртење кон посветлата страна?Има поуки и во темнината.Ако животот го гледаме така,можеме слободно да си набиеме зајачки уши,да јадеме зелки и да бегаме настрана од корпоративните волци,кои биле,ја вкусиле,и ги користат поуките од темната страна.
Тоа што депресијата во денешно време станала поактуелна, тоа не значи дека поими како оптимизам и смисла не постојат или ете, станале излишни. Искрено, ретко кој денес запаѓа во депресија заради вистинската причина. Ама тоа е состојба што е толку факинг искарикирана како будење на свеста, препород и ризница на мудрост што е дури смешно. Чувството на неизмерна така се меша со депресија, а не е воопшто исто. Станало помодарство да бидеш депресивен, да му се лутиш на светот и да мислиш дека со страдање ќе станеш којзнае колку попаметен.
Наместо да се обиде човек со сите сили да излезе од бедна состојба ко депресија, да си обнови социјален живот, да се заљуби, да види аир од убави работи...ќе си го ограничи умот меѓу тие четири ѕида и оптимистите ќе ги карикира како наивни...Нема ќар у тоа.

Ти депресијата ја мешаш со жив песок, колку повеќе се бориш, толку подлабоко тонеш. Барем така јас сфатив. Јас ја мешам со забоболка, ќе те боли, ќе те боли, ќе ти се прекурчи од болка и ефективно ќе си го средиш проблемот.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Друштвото е најдобар лек.
 

Commando

Единство-Активизам-Сила
Член од
12 јули 2007
Мислења
426
Поени од реакции
2
Bullet in your head!
 
Член од
23 јули 2007
Мислења
166
Поени од реакции
2
bullet in head is not in option.way because you must life for next day
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Onaa vistinska i teska depresija koja se javuva kako narusuvanje na psiholoskata konstitucija na licnosta moze da se izlekuva, a ne pobedi,zatoa sto toa e sepak bolest, samo vo bolnicki ustanovi na nekoja od klinikite za psihijatrija, so poseben medicinski nadzor, zatoa sto toa se sepak luge koi se bolni i koi pomisluvaat na samoubistva i povreduvanje na sebesi i okolinata. Za toa postojat i lekovi antidepresivi, dodeka "depresijata" od tipot na "me ostavi partnerot" i sl raboti, sekako deka ne e vistinska rabota.
Veruvam deka skoro sekoj od nas pominuval niz takvi momenti i toa go narekol depresija, no taman rabota stvarno da sme zabolele od nea. E taa najdobro se pobeduva so drustvo, igranje razni igrici, komunikacija, citanje nesto, no nikako zatvaranje sami doma, povlekuvanje vo sebe i slicno. Vo toj slucaj postoiopasnost navistina da e potrebna medicinska pomos.
Znaci sto poveke lica okolu nas vo teskite momenti, tolku podobro.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Ajде малку метафори.:)
Најпрво би го поставила прашањето-зошто воопшто да го оставиш огнот да ја изгори шумата? Ти гарантира некој дека плодовите од тоа уништување воопшто ќе ги има? И дека ќе бидат подобри? Јас како љубител на природата веднаш ќе донесам авиони со вода што ќе го изгаснат оганот за никогаш повеќе да се појави. Хеј, и езеро ќе направам.
Нема што ти да оставаш или не оставаш.Огнот е тука и гори.Битно е како ти ќе го доживееш тоа.Твојот пристап.Плодови ќе има,да,и ќе бидат подобри,ако ти не лажираш "вадење на заб".Ама ете,сонувачот секогаш ќе го каже истото.Дека пожарот ќе го претвори во рајска градина,со езера и мечиња кои потскокнуваат...

Скулгрл напиша:
Не треба да се прифати депресијата, треба да се прифати проблемот/траумата кој довел до таа состојба, само така може да се најде решение. Ако ја прифатиш-ќе те конзумира, опасна е во секоја смисла. Точно, извлечи се` што можеш како поука, и немој веќе никогаш да ја направиш истата грешка и да потклекнеш пред истиот проблем. Треба да се има верба дека не е се така црно, колку и да звучи клише. Треба да се сфати дека ама баш ништо не се постигнува со одбивање и изолација. Нормално, на секој човек му е потребно време да си ги среди мислите и да реши што понатаму, никој не го оспорува тоа. Ама да прифатиш проблем како нормална работа и да се залажуваш дека понатаму можеби ќе ти помогне да бидеш помудар, не е исплатлива работа.
Незнам,можеби сум се изразил погрешно цело време досега,ама мислам дека се подразбираше тоа дека депресијата е носител на одреден проблем кој човекот треба да го обработи во себе и да најде решение(а ако не најде,да живее со поуката).Никако не ја спомнав депресијата во основната појава и дека треба да се прифати како таква.Но,има случаи кај што не е лесно човек да се спаси.Челична волја нема секој смртник.Во таков случај треба да најде начин да живее во симбиоза со неа.Тука четирите ѕида немаат врска,иако,за жал,понекогаш така завршува нивната приказна.

А вербата е...феномен.Многу е контрадикторно во моменти на депресија да размислуваме дека не е се така црно и дека утрото не чека.Не.Треба да се размислува зошто е се така црно и што ние можеме против тоа.Чисто за информација,баш оптимистите и тие деца на виножитото се нај фрагилни во такви моменти и си прават гнасни работи бидејќи не се научени да сркаат негативитет секој ден.Не знаат дека и тој е својствен дел од животот.

Скулгрл напиша:
Тоа што депресијата во денешно време станала поактуелна, тоа не значи дека поими како оптимизам и смисла не постојат или ете, станале излишни. Искрено, ретко кој денес запаѓа во депресија заради вистинската причина. Ама тоа е состојба што е толку факинг искарикирана како будење на свеста, препород и ризница на мудрост што е дури смешно. Чувството на неизмерна така се меша со депресија, а не е воопшто исто. Станало помодарство да бидеш депресивен, да му се лутиш на светот и да мислиш дека со страдање ќе станеш којзнае колку попаметен.
Наместо да се обиде човек со сите сили да излезе од бедна состојба ко депресија, да си обнови социјален живот, да се заљуби, да види аир од убави работи...ќе си го ограничи умот меѓу тие четири ѕида и оптимистите ќе ги карикира како наивни...Нема ќар у тоа.
Леле,истово ни го прават и стерилниве:))) капиталисти у темава за комунизам-капитализам.Па зборуваме за вистинска депресија,не за Бритни Спирс пост кевин Федерлајн или Парис Хилтон ин Џејл.

Депресијата е реалност.Онаа вистинската.Бараме пристап како да се среди човек во тој момент.Љубов,среќа,аир,убави работи,социјален живот...не се предмет на рецкање на човек кој е доле на дно на бунар.И светот не е она за што најчесто размислува....туку смислата.Луѓето не постојат.Нив ги нема.И не се чуствува како маченик,туку како будала.Грдото пајче.Заборавен портрет,исушен лист.Не му е гајле дали ќе биде помудар,дали по ова ќе знае да решава дропки со две непознати и дали ќе мења долен веш секој ден у недела.Изморен е за такви глупости.Нека наивните се занимаваат со тоа.Јас не сум наивен....јас сум бескорисен....(says the mind of the resigned)

Скулгрл напиша:
Ти депресијата ја мешаш со жив песок, колку повеќе се бориш, толку подлабоко тонеш. Барем така јас сфатив. Јас ја мешам со забоболка, ќе те боли, ќе те боли, ќе ти се прекурчи од болка и ефективно ќе си го средиш проблемот.
Не.Барем во 90% од случаите не.Ја сметам како строг учител по Географија.Малку ќе те расчука,ќе прокрвариш малку ама ќе ги научиш сите главни градови у свет.А ако ја вадиш како заб,ем ќе си останеш истата глупоња подложна на истите срања,ем непцето кај што порано бил забот ќе ти фаќа редовно инфекции.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Raziel напиша:
Нема што ти да оставаш или не оставаш.Огнот е тука и гори.Битно е како ти ќе го доживееш тоа.Твојот пристап.Плодови ќе има,да,и ќе бидат подобри,ако ти не лажираш "вадење на заб".Ама ете,сонувачот секогаш ќе го каже истото.Дека пожарот ќе го претвори во рајска градина,со езера и мечиња кои потскокнуваат...
Секој ја има способноста да го изгасне тој оган, или барем да се потруди. Остај лажирање, надевање и слични работи, никој, ама баш никој не ти гарантира дека ќе има плодови, па камоли тие плодови да бидат подобри од предходните. И да има некоја далечна шанса да бидат плодовите подобри, додека се створи погодна подлога за да пораснат, па камоли созреат не е доволен ни еден животен век. И што е тогаш поентата да направиме пустош од себеси (или еве, да се препуштиме на истиот да не убие)? Ништо, и онака ќе умреме пред да ги видиме плодовите. Сонувачот ќе ти го каже тоа, бидејќи знае дека може. И навистина може, бидејќи сака. Тоа е клучниот збор.

Незнам,можеби сум се изразил погрешно цело време досега,ама мислам дека се подразбираше тоа дека депресијата е носител на одреден проблем кој човекот треба да го обработи во себе и да најде решение(а ако не најде,да живее со поуката).Никако не ја спомнав депресијата во основната појава и дека треба да се прифати како таква.Но,има случаи кај што не е лесно човек да се спаси.Челична волја нема секој смртник.Во таков случај треба да најде начин да живее во симбиоза со неа.Тука четирите ѕида немаат врска,иако,за жал,понекогаш така завршува нивната приказна.
Волјата не е челична, но се челичи. Кој се родил силен кажи ми? Никој. Сите со решавањето на проблемите и нивното елиминирање на оваков или онаков начин си ја челичиме и јачаме волјата. Не за џабе го правиме тоа, за кога ќе наидат уште поголеми проблеми, да им се насмееме у фаца и да им речеме-хеј, ќе ве решам, затоа што сум посилен и сакам да живеам. Реков и претходно-прифати ја депресијата, и ќе те конзумира. Наеднаш ќе почнеш да живееш само за проблемите, ќе се тешиш дека ако ниеден човек нема челична волја-немаш ни ти и ќе се заборавиш во тие четири ѕида, кои евентуално ќе бидат твоја пропаст.
Се согласувам дека постојат енормни проблеми кои не можат туку така да се решат, ама вреди човек да се обиде.

А вербата е...феномен.Многу е контрадикторно во моменти на депресија да размислуваме дека не е се така црно и дека утрото не чека.Не.Треба да се размислува зошто е се така црно и што ние можеме против тоа.Чисто за информација,баш оптимистите и тие деца на виножитото се нај фрагилни во такви моменти и си прават гнасни работи бидејќи не се научени да сркаат негативитет секој ден.Не знаат дека и тој е својствен дел од животот.
Болдираното е исто, само кажано на различен начин. Ако се најде причината и создавателот на проблемот, уште подобро ако истата се сфати, тогаш лесно ќе се победи, и-утрото ќе не чека во целиот свој полн сјај.:)
Во поглед на оптимистите-има оптимисти и оптимисти. Имам впечаток дека ти поимов го сфаќаш како врхунац на наивноста и да не речам „глупавоста“ на човекот. Не е така, верувај ми, веројатно и затоа се зачуди кога истите ги окарактеризирав како храбри во еден мој претходен пост.:) Сега ќе ти кажам зошто. Тие луѓе се подеднакво свесни за сите гадотии што ни ги нуди реалноста, не ги игнорираат, нити пак мислат дека ако во долината пуштат неколку мечиња да рипкаат ќе ги средат тие проблеми. Тие се носат со бремето на реалноста, а сепак наоѓаат време да не западнат во состојба на рамнодушност, па дури и негирање на се што е убаво и за што вреди да се живее. А кога ќе подразмислиш-има многу работи за кои вреди да се живее, и да се најде излез од депресија. Дали тоа ќе биде едно обично лижење од кученцето што безусловно те сака, сеедно. Битно вреди.

Депресијата е реалност.Онаа вистинската.Бараме пристап како да се среди човек во тој момент.Љубов,среќа,аир,убави работи,социјален живот...не се предмет на рецкање на човек кој е доле на дно на бунар.И светот не е она за што најчесто размислува....туку смислата.Луѓето не постојат.Нив ги нема.И не се чуствува како маченик,туку како будала.Грдото пајче.Заборавен портрет,исушен лист.Не му е гајле дали ќе биде помудар,дали по ова ќе знае да решава дропки со две непознати и дали ќе мења долен веш секој ден у недела.Изморен е за такви глупости.Нека наивните се занимаваат со тоа.Јас не сум наивен....јас сум бескорисен....(says the mind of the resigned)
Супер го опиша ова.(спомнав бидејќи има милион постови кои предлагаат изглање со друштво, многу музика и слично:)). Факт е дека депресијата е огромен проблем, не треба во никој случај да се потценува нејзиното „дејство“ врз психата. Нормално, прво треба да се размисли за проблемите, да се проба да се најде нивно решение. Секој проблем има решение, некое е потешко, некое е полесно, ама го има. Откако ќе се растумачат причините, поводите и самата состојба, нормално е да се помисли на се` она за кое вреди да се живее. Не е финтата човекот да остане до крајот на својот живот на дното на бунарот, сожалувајќи се себеси дека е бескорисен, туку да сфати дека секогаш ќе има личности на кои им треба и личности кои безусловно го сакаат без разлика каков е. Финтата е да го најде јажето и кофата кои ќе го донесат до врвот, и да сфати дека тие цело време се до него, го чекаат да ги зграпчи.

Не.Барем во 90% од случаите не.Ја сметам како строг учител по Географија.Малку ќе те расчука,ќе прокрвариш малку ама ќе ги научиш сите главни градови у свет.А ако ја вадиш како заб,ем ќе си останеш истата глупоња подложна на истите срања,ем непцето кај што порано бил забот ќе ти фаќа редовно инфекции.
Абе лесно се забораваат градови, не зезај.:) Немој да мислиш дека ако некој те натерал нешто да научиш нема да останеш глуперда, тие работи тешко се менуваат. Ама џабе ти е ако ги знаеш градовите, кога пак ќе си бидеш подложен на забоболка.
 

e4e

Член од
20 јули 2007
Мислења
63
Поени од реакции
0
еднаш бев во тешка депресија ,мојот сон за животот ми се распадна на прарциња.не можев да спијам,сонував празни сонови,се цувствував безвредна помислив да се самоубијам ама тоа не го направив само поради мајка ми и татко ми затоа што не сакав да страдаат по мене.Тој период никогаш нема да го заборавам благодарение на мајка ми и професорот ми помина, но остави лузна.сега кога сум психицки изморема се цувствувам така безволно
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Имам лично искуство со депресија.
Се лечи на повеќе начини но најефикасни се антидепресиви и професионална помош.

Најлочиот дел од депесијата е безволието-едноставно немаш ниту желба да промениш нешто и сметаш дека твоето мислење и донесување е сосема нормално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom