Без желба да се правам паметна и да продавам високопарност, али кога се работи за депресија, мало сутра дека помагаат весели песнички, држенње за рака со партнер, гледање на фини пејсажи, шлапкање во топли купки, и останати совети кои наликуваат на tips од Космополитан. Да, ако си нерасположен, и се осеќаш меланохилчно за краток период веројатно функционираат. Но, кога се работи за депресија(во медицински смисол на зборот) немаат ефект.
Депресијата подразбира целосна апатија, недостаток на воља за било што, промени во циклусот на спиење, промени во апетитот, чувство дека ништо нема смисол, суицидалност и др. А, има и би-поларна депресија, кататона депресија и сл. кои имаат поинакви симптоми.
Апсолутно решение за било која депресија не е пронајдено. Но, неопходен е третман под водство на психијатар, често се потребни и лекови, а понекогаш особите кои што страдаат од оваа состојба мора и да се хоспитализираат.
Затоа е несериозно и смешно да се даваат совети у стилот, само опушти се и биди позитивен и да се третира депресијата како нешто пролазно.
На пример, има фаза во кататоната депресија кога болниот останува во една позиција долго време, неговата моторна активност скоро и не постои и не реагира на надворешни стимулации. И како да се реши тоа? Да му се пушти happy-go-lucky песна. Да, да секако.
Затоа кога се отвараат теми, нека се пази малку и на терминологија. Депресивните расположенија кај психички здравата популација, не може да се споредат со депресија.