Raziel напиша:
Нема што ти да оставаш или не оставаш.Огнот е тука и гори.Битно е како ти ќе го доживееш тоа.Твојот пристап.Плодови ќе има,да,и ќе бидат подобри,ако ти не лажираш "вадење на заб".Ама ете,сонувачот секогаш ќе го каже истото.Дека пожарот ќе го претвори во рајска градина,со езера и мечиња кои потскокнуваат...
Секој ја има способноста да го изгасне тој оган, или барем да се потруди. Остај лажирање, надевање и слични работи, никој, ама баш никој не ти гарантира дека ќе има плодови, па камоли тие плодови да бидат подобри од предходните. И да има некоја далечна шанса да бидат плодовите подобри, додека се створи погодна подлога за да пораснат, па камоли созреат не е доволен ни еден животен век. И што е тогаш поентата да направиме пустош од себеси (или еве, да се препуштиме на истиот да не убие)? Ништо, и онака ќе умреме пред да ги видиме плодовите. Сонувачот ќе ти го каже тоа, бидејќи знае дека може. И навистина може, бидејќи сака. Тоа е клучниот збор.
Незнам,можеби сум се изразил погрешно цело време досега,ама мислам дека се подразбираше тоа дека депресијата е носител на одреден проблем кој човекот треба да го обработи во себе и да најде решение(а ако не најде,да живее со поуката).Никако не ја спомнав депресијата во основната појава и дека треба да се прифати како таква.Но,има случаи кај што не е лесно човек да се спаси.Челична волја нема секој смртник.Во таков случај треба да најде начин да живее во симбиоза со неа.Тука четирите ѕида немаат врска,иако,за жал,понекогаш така завршува нивната приказна.
Волјата не е челична, но се челичи. Кој се родил силен кажи ми? Никој. Сите со решавањето на проблемите и нивното елиминирање на оваков или онаков начин си ја челичиме и јачаме волјата. Не за џабе го правиме тоа, за кога ќе наидат уште поголеми проблеми, да им се насмееме у фаца и да им речеме-хеј, ќе ве решам, затоа што сум посилен и сакам да живеам. Реков и претходно-прифати ја депресијата, и ќе те конзумира. Наеднаш ќе почнеш да живееш само за проблемите, ќе се тешиш дека ако ниеден човек нема челична волја-немаш ни ти и ќе се заборавиш во тие четири ѕида, кои евентуално ќе бидат твоја пропаст.
Се согласувам дека постојат енормни проблеми кои не можат туку така да се решат, ама вреди човек да се обиде.
А вербата е...феномен.Многу е контрадикторно во моменти на депресија да размислуваме дека не е се така црно и дека утрото не чека.Не.Треба да се размислува зошто е се така црно и што ние можеме против тоа.Чисто за информација,баш оптимистите и тие деца на виножитото се нај фрагилни во такви моменти и си прават гнасни работи бидејќи не се научени да сркаат негативитет секој ден.Не знаат дека и тој е својствен дел од животот.
Болдираното е исто, само кажано на различен начин. Ако се најде причината и создавателот на проблемот, уште подобро ако истата се сфати, тогаш лесно ќе се победи, и-утрото ќе не чека во целиот свој полн сјај.
Во поглед на оптимистите-има оптимисти и оптимисти. Имам впечаток дека ти поимов го сфаќаш како врхунац на наивноста и да не речам „глупавоста“ на човекот. Не е така, верувај ми, веројатно и затоа се зачуди кога истите ги окарактеризирав како храбри во еден мој претходен пост.
Сега ќе ти кажам зошто. Тие луѓе се подеднакво свесни за сите гадотии што ни ги нуди реалноста, не ги игнорираат, нити пак мислат дека ако во долината пуштат неколку мечиња да рипкаат ќе ги средат тие проблеми. Тие се носат со бремето на реалноста, а сепак наоѓаат време да не западнат во состојба на рамнодушност, па дури и негирање на се што е убаво и за што вреди да се живее. А кога ќе подразмислиш-има многу работи за кои вреди да се живее, и да се најде излез од депресија. Дали тоа ќе биде едно обично лижење од кученцето што безусловно те сака, сеедно. Битно вреди.
Депресијата е реалност.Онаа вистинската.Бараме пристап како да се среди човек во тој момент.Љубов,среќа,аир,убави работи,социјален живот...не се предмет на рецкање на човек кој е доле на дно на бунар.И светот не е она за што најчесто размислува....туку смислата.Луѓето не постојат.Нив ги нема.И не се чуствува како маченик,туку како будала.Грдото пајче.Заборавен портрет,исушен лист.Не му е гајле дали ќе биде помудар,дали по ова ќе знае да решава дропки со две непознати и дали ќе мења долен веш секој ден у недела.Изморен е за такви глупости.Нека наивните се занимаваат со тоа.Јас не сум наивен....јас сум бескорисен....(says the mind of the resigned)
Супер го опиша ова.(спомнав бидејќи има милион постови кои предлагаат изглање со друштво, многу музика и слично
). Факт е дека депресијата е огромен проблем, не треба во никој случај да се потценува нејзиното „дејство“ врз психата. Нормално, прво треба да се размисли за проблемите, да се проба да се најде нивно решение. Секој проблем има решение, некое е потешко, некое е полесно, ама го има. Откако ќе се растумачат причините, поводите и самата состојба, нормално е да се помисли на се` она за кое вреди да се живее. Не е финтата човекот да остане до крајот на својот живот на дното на бунарот, сожалувајќи се себеси дека е бескорисен, туку да сфати дека секогаш ќе има личности на кои им треба и личности кои безусловно го сакаат без разлика каков е. Финтата е да го најде јажето и кофата кои ќе го донесат до врвот, и да сфати дека тие цело време се до него, го чекаат да ги зграпчи.
Не.Барем во 90% од случаите не.Ја сметам како строг учител по Географија.Малку ќе те расчука,ќе прокрвариш малку ама ќе ги научиш сите главни градови у свет.А ако ја вадиш како заб,ем ќе си останеш истата глупоња подложна на истите срања,ем непцето кај што порано бил забот ќе ти фаќа редовно инфекции.
Абе лесно се забораваат градови, не зезај.
Немој да мислиш дека ако некој те натерал нешто да научиш нема да останеш глуперда, тие работи тешко се менуваат. Ама џабе ти е ако ги знаеш градовите, кога пак ќе си бидеш подложен на забоболка.