Најосновно... Секоја девојка која ќе дозволи да биде така кажано - превземена, не била доволно исполнета во врската. Кога-тогаш ќе раскинела, само барала погодна прилика и доказ дека постои нешто повредно од она што го има моментално, можност за да се чувствува повредна, пожива, посакана и попосакувана. Затоа несмее да постои обвинување спрема "превземачот" доколку се случи вакво нешто. Доколку некоја девојка е среќна и задоволна во врската, нема ниту да започне флерт, па камо ли нешто повеќе.
Е сега, почнав конкретно да правам муабет за девојките, ама ова што го кажувам секако се однесува за било кој/а.
Друга работа... не можеме секогаш веднаш да дознаеме дали некој има партнер или пак не. Најнормално, ти се допаѓа некој... започнуваш комуникација, ја проценуваш взаемната привлечност и така натаму, секој на свој начин продолжува до она што го посакува. Ако не ти стави до знаење дека не си пожелен во нејзина близина, ако не ти каже дека е зафатена... ти немаш причина да се повлечеш. И после имала дечко, ама го оставила поради тебе - причина за вина кај тебе, еднаква на нула.
Знам дека многумина нема да се соласат, ама само ја кажувам реалноста таква каква што јас ја согледувам со потенцирање на вината која многумина му ја препишуваат на тој што превзема.
Лично и најискрено...
Никогаш не би сакал да имам било што со девојка која има дечко.
Сум "превземал", во едниот случај затоа што девојката сама сакаше, без ниту 1% мое убедување да раскине или пак било каква желба да им ја расипам врската. Вториот - ми беше објаснето дека врската како таква постои само формално и дека нема ништо повеќе во нејзе.
Признавам дека ми се има вратено дупло негативно тоа што го имам направено, меѓутоа сметам дека е тоа само резултат на сплет на околности, отколку некаква карма која ги стига луѓето. Чист сум пред себе и не чувствуам никаква вина, бидејќи знам дека никогаш со умисла не би сакал да уништам нечија среќа.