Причата со мудрецот не е воопшто лоша, само Црноризец погрешно ја интерпретира.
Причата покажува една вистина за човековата психа, а тоа е дека луѓето се навикнуваат на нивото на болка и задоволство што го имаат во моментот и секогаш сакаат повеќе задоволство. Некој којшто има основни егзистенцијални проблеми, мисли на тоа како да се прехрани и кај да спие, воопшто не е засегнат од проблеми како на пример, што зборуваат за него пријателите и зошто не успеал да ја ќари типката у дискотека. Кога некој ќе ги реши основните проблеми, се чувствува подобро и наоѓа нови проблеми со кои ќе биде засегнат. Ако некој инстантно дознае дека има рак, наеднаш ќе му исчезнат сите поранешни грижи и се' што ќе сака, е да оздрави, а проблемите кои ги имал, ќе му изгледаат тривијални. Хипотетички, ако се излечи, ќе почувствува олеснување и огромен налив на среќа, а после некое време, пак ќе почне да се оптеретува со поранешните проблеми.
Со тоа, приказната можеби кажува дека човек треба да го извлече најдоброто од тоа што го има или ако се иде со будистичкиот пристап, да биде индиферентен кон било што и да не очекува нешто за да не се разочара, но тоа не го повлекува заклучокот дека ако на некој му се дешава некое срање, тоа е најдобро за него. Секогаш може да има подобро и полошо, а човек треба да биде реалистичен за состојбата во која се наоѓа и да не се залажува, со што, треба да направи све што е во негова моќ за да ја подобри.
Иако постои причина за све што се дешава, тоа не значи дека тоа што се дешава е некој план на судбината скроен како најдобар за одредена личност.