Како да го именуваме Градски?

Kako treba da go imenuvame Gradski

  • So PATRIOTSKO ime (pr. Filip, Aleksandar...)

    Гласови: 58 63,0%
  • So ime na nekoj Fudbaler ( Djina, Pancev...)

    Гласови: 20 21,7%
  • Treto ( predlozete kako komentar )

    Гласови: 14 15,2%

  • Вкупно гласачи
    92
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Кое име за нашиот Градски стадион? Џина, а не Филип Втори!

Атанас Костовски
Искрено, очекував деновиве некој со реакција да се јави околу идното име на нашиот Градски стадион во Скопје. Слушнав, а и прочитав, фудбал во иднина ќе се игра на теренот на Арената на Филип Втори Македонски...

Очекував, пред се', да се јави некој од Фудбалската федерација на Македонија. Тие таму мудро молчат, ова е за нив изборна година, си имаат луѓето сосем други проблеми, кој ли сега да мисли како ќе се вика националниот стадион?

Никој не реагира дури и таму каде што има одделенија за историјата на спортот. Во Академијата, Македонскиот олимписки комитет, Факултетот за физичка култура, меѓу интелектаулците, во печатот.

Молчењето е, бездруго, согласност!

Искрено, предлогот не ми легна на срце! Прво, во времето на Филип Втори не се играло фудбал, од историјата што сум ја учел во федералната држава (припаѓам на првата македонска генерација од учебната 1944/45 година) ми останало во сеќавање дека Хераклеја (денешна Битола) ја создал Филип Втори...

Не знам во кој систем на владеење прв пат е речено - спортот на спортистите, сега можеби е и време за дополнување - спортските објекти по имињата на нашите прославени спортски херои!

Новиот наш фудбалски храм кој со помош на Владата на Република Македонија ќе добие европски изглед, заслужува да го носи името на Кирил Симоновски-Џина. Еве зошто:

Во својата генерација беше најуспешен фудбалер. Најубавите фудбалски години ги помина во виорот на Втората светска војна. Го бараа и врбуваа најбогатите југословенски фудбалски клубови (од Белград и Загреб), но тој остана да игра за скопски Граѓански, а потоа во екипата на ФК Македонија, на неговите мајстории му аплаудираа и навивачите на софиските силни екипи Левски и Славија. Во тие тешки окупаторски години тој ги разгалуваше срцата на скопјани, а во почетокот на 1944 година, фудбалскиот дрес го замени со униформата на Народноослободителната војска на Македонија. Кариерата ја продолжи во белградски ФК Партизан, на наша голема радост стана првиот капитен на фудбалската репрезентација на Федерална Југославија! Во својата најголема фудбалска љубов - ФК Вардар секогаш беше кога е најпотребно - како фудбалер или тренер. Со своите ученици Кокиновски, Цинциевски, Дацевски, Геров, Тоде Георгиевски, Миланов, Драган Георгиевски, Новаков, Арсовски, Балевски започна да ја испишува успешната историја на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Џина беше вонсериски играч, зборуваше за него Стјепан Бобек. Беше фудбалска машина, до крајни граници рационална и прецизна. Тој не умееше да згреши, а кога ќе му се случеше тоа, во миг на најдобар можен начин ќе ја исправеше својата грешка!

Овој глас, овој предлог за новото име на нашиот Градски стадион, всушност, е потсетување на уште еден наш македонски великан кој во областа во која го помина сиот свој животен пат беше гордост на сите Македонци, овде, на Балканот и насекаде во светот.

Очекувам еден ден пред влезот на Градскиот стадион да ја видат извонредната скулптура на почитуваниот академик Томе Серафимовски: Кирил Симоновски-Џина со покорената топка, сеедно под која нога, подеднакво беше извонреден и по десната и по левата страна!


Izvor utrinski...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Треба дда го именуваме...ХАРАЛАМПИЕ :vozbud:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Џина одговара.... нема што тука да го мешаме филипот....
За филип се резервирани имиња на училишта ,музеи , воени академии...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Трло... уште овци фалат во него да ја пасат тревата.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.556
Поени од реакции
278
Е ај нека кажи тој што ја отворил анкетава што му фали со моменталното име?Ќе ги вратат фудбалерите кога ќе дојдат да играат ако не биде Филип 2 или?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Е ај нека кажи тој што ја отворил анкетава што му фали со моменталното име?Ќе ги вратат фудбалерите кога ќе дојдат да играат ако не биде Филип 2 или?

A zosto toj sto ja otvoril temata da kaze?
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.229
Поени од реакции
21.499
По некој спонзор, на пример Скопско Арена или слично.
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Најдобро би било Дарко Панчев според мене се разбира:helou::helou::helou::helou::wink::wink:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
По некој спонзор, на пример Скопско Арена или слично.
тој спонзор требит да платит големи пари за да се именуват по него, тој требит да го градит стадионот,
а инаку шо му фалит на Филип Втори???
а овие фудбалериве не се толкави легенди за да бидит по нив крстен стадионот
 

iLMelone

тк-ск
Член од
10 јули 2007
Мислења
59
Поени од реакции
1
А што му фали на името на Градот... Скопски Фудбалски Стадион/Skopje Football Stadium. Фудбалски Стадион Скопје/Football Stadium Skopje. :helou:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Стадион Панчев :pipi:
Абе не зафркавајте :pos:
Ќе се убијам :pos:

По некој спонзор, на пример Скопско Арена или слично.
боже боже што не ќе слушнам во животов


Инаку мислам дека џабе дискутираме зашто ќе се вика
- Национална арена Филип II-Градски стадион Скопје
веројатно е и веќе решено зашто пишува на неколку места за ова ново име на нашиот стадион.
Јас одвај чекам да се изгради северна трибина, па потоа запад и исток. И најбитно да се среди тревата оти вака е како едно големо пасиште.
И после ќе имаме стадион за мераци. Добро ќе почекаме за краен резултат уште неколку години, но оптимист сум.
Само не сум оптимист за македонскиот фудбал, посебно македонскава лига.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom