Како да го именуваме Градски?

Kako treba da go imenuvame Gradski

  • So PATRIOTSKO ime (pr. Filip, Aleksandar...)

    Гласови: 58 63,0%
  • So ime na nekoj Fudbaler ( Djina, Pancev...)

    Гласови: 20 21,7%
  • Treto ( predlozete kako komentar )

    Гласови: 14 15,2%

  • Вкупно гласачи
    92

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
јас попрво би ги земал германците за пример од кој би учел отколку атињаните

ич не ме боли што атињаните прават, што и како крстат, нивни проблем
 
Д

Демијан

Гостин
Најреално според мене би било Џина.Незнам дали сте слушнале за овој играч,ама е еден од најголемите играчи на Вардар.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
јас попрво би ги земал германците за пример од кој би учел отколку атињаните

ич не ме боли што атињаните прават, што и како крстат, нивни проблем

Германците на време си го оформиле идентитетот, и навреме створиле нација , тие биле освојувачи а не освојувани затоа споредбата не ти држи вода...
Абе после векови ропство ни се пружи шанса да се издишеме а ние внатрешно се гушиме....

А од Германците да може да учиме многу , но многу работи што таму функционират кај нас би биле утопија барем сега за сега...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.387
Поени од реакции
58.205
јас попрво би ги земал германците за пример од кој би учел отколку атињаните

ич не ме боли што атињаните прават, што и како крстат, нивни проблем
Не ти го пишав тоа за да земеш пример од нив, туку да сватиш дека се работи за борба за идентитет, односно негово оспорување. Да си бевме раат ние како што се Германците и се разбира многу други народи на светов, ништо немаше да преименуваме, нити пак сега ќе се замаравме на форумов со овие прашања.

Се работи и за две различни политики на нашите:

Активна политика на оваа влада (колку и некој да не ја сака), која на преименувањата на Грците (аеродромот во Солун, министерството...), одговори со слични мерки, не дозволувајќи притоа она што е дел од Македонската историја и нација некој да ни го присвои и да прогласи монопол врз него.

И втората политика во минатото, политика на тртење г'з, во која на сите овие дејства на Грците не се одговараше со ништо, надевајќи се дека кај и да е, ќе им пројде...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Абе уште нешто сакам да кажам многу споро се гради стадионот до сега веќе помина 1 година а уште не изградена северна трибина. А ние сега за име расправаме а ќе биде готов може кој знае кога.


п.с. зашто волку споро се гради кај нас ја не знам
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
јас попрво би ги земал германците за пример од кој би учел отколку атињаните

ич не ме боли што атињаните прават, што и како крстат, нивни проблем
Германците кога ви одговара само а? Јас инаку па им се воодушевувам на патриотизмот (сега и они се луѓе знаат да забеагаат понекогаш, и тоа добро :)) ама барем си ја сакаат татковината. Земи прво тоа научи го па врати се за втора лекција.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
добро де во ред, ајде прифаќам.
јас со мојот идентитет немам проблем па затоа сакам да учам од германците.
сепак пошто сме нација во адолесценција изгледа, ќе мора да се бавиме со вакви дискусии
 

Kajgana Shop

На врв Bottom