- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Кое име за нашиот Градски стадион? Џина, а не Филип Втори!
Атанас Костовски
Искрено, очекував деновиве некој со реакција да се јави околу идното име на нашиот Градски стадион во Скопје. Слушнав, а и прочитав, фудбал во иднина ќе се игра на теренот на Арената на Филип Втори Македонски...
Очекував, пред се', да се јави некој од Фудбалската федерација на Македонија. Тие таму мудро молчат, ова е за нив изборна година, си имаат луѓето сосем други проблеми, кој ли сега да мисли како ќе се вика националниот стадион?
Никој не реагира дури и таму каде што има одделенија за историјата на спортот. Во Академијата, Македонскиот олимписки комитет, Факултетот за физичка култура, меѓу интелектаулците, во печатот.
Молчењето е, бездруго, согласност!
Искрено, предлогот не ми легна на срце! Прво, во времето на Филип Втори не се играло фудбал, од историјата што сум ја учел во федералната држава (припаѓам на првата македонска генерација од учебната 1944/45 година) ми останало во сеќавање дека Хераклеја (денешна Битола) ја создал Филип Втори...
Не знам во кој систем на владеење прв пат е речено - спортот на спортистите, сега можеби е и време за дополнување - спортските објекти по имињата на нашите прославени спортски херои!
Новиот наш фудбалски храм кој со помош на Владата на Република Македонија ќе добие европски изглед, заслужува да го носи името на Кирил Симоновски-Џина. Еве зошто:
Во својата генерација беше најуспешен фудбалер. Најубавите фудбалски години ги помина во виорот на Втората светска војна. Го бараа и врбуваа најбогатите југословенски фудбалски клубови (од Белград и Загреб), но тој остана да игра за скопски Граѓански, а потоа во екипата на ФК Македонија, на неговите мајстории му аплаудираа и навивачите на софиските силни екипи Левски и Славија. Во тие тешки окупаторски години тој ги разгалуваше срцата на скопјани, а во почетокот на 1944 година, фудбалскиот дрес го замени со униформата на Народноослободителната војска на Македонија. Кариерата ја продолжи во белградски ФК Партизан, на наша голема радост стана првиот капитен на фудбалската репрезентација на Федерална Југославија! Во својата најголема фудбалска љубов - ФК Вардар секогаш беше кога е најпотребно - како фудбалер или тренер. Со своите ученици Кокиновски, Цинциевски, Дацевски, Геров, Тоде Георгиевски, Миланов, Драган Георгиевски, Новаков, Арсовски, Балевски започна да ја испишува успешната историја на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Џина беше вонсериски играч, зборуваше за него Стјепан Бобек. Беше фудбалска машина, до крајни граници рационална и прецизна. Тој не умееше да згреши, а кога ќе му се случеше тоа, во миг на најдобар можен начин ќе ја исправеше својата грешка!
Овој глас, овој предлог за новото име на нашиот Градски стадион, всушност, е потсетување на уште еден наш македонски великан кој во областа во која го помина сиот свој животен пат беше гордост на сите Македонци, овде, на Балканот и насекаде во светот.
Очекувам еден ден пред влезот на Градскиот стадион да ја видат извонредната скулптура на почитуваниот академик Томе Серафимовски: Кирил Симоновски-Џина со покорената топка, сеедно под која нога, подеднакво беше извонреден и по десната и по левата страна!
Izvor utrinski...