Како ли да ми го освојат срцето? (и сега јас седната на некое ритче, под дрвце, ветерот ми ја вее косата, јас со погледот во далечина, пред мене мојот девојчински дневник и наостреното моливче и пишувам...)
Општо, ме освојуваат луѓе кои вака или така се поинакви...Кои не се многу екстровертни, или барем не повеќе од што бара секојдневното темпо на живот...Кои се посветуваат на врските меѓу луѓето (пријателски, љубовни), ги негуваат и имаат желба да ги одржуваат...кои сакаат да разговараат за своите чувства (т.е. не се премногу затворени) а во исто време знаат и да ислушаат...кои размислуваат за нешто повеќе од тоа како да се облечат утре за испаѓање или дека се здебелиле 2 килца
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
pos2
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
...кои имаат смисла за хумор и не им смета да се смеат како недугави секаде и во секое време (т.е. на кои не им дошло многу до пристојно однесување)...кои го сакаат светот, луѓето околу нив и сакаат да запознаат и научат што е можно повеќе...кои сакаат да се филмаат и simply don't care what everyone says...
Е ова се карактеристики на луѓе кои би ги одбрала за мои пријатели...а за ТОЈ -се ова горе наведено + сексуалност, сексипил и заводливост преточени во неговиот физикус :back:
П.С. а особено внимание обрнато на неговиот длабок поглед...мх, мх, мх...:smir: