Ти тоа го кажуваш од машка гледна точка. А од женска гледна точка, фините и мирните девојчиња, си седат, си чекаат нормален некој да се појави, додека сите трчаат по девојки кои изгледаат бомбастично, ама не ги рецкаат два посто. И додека упорно трчаат и се вртат по девојки кои потоа ги нарекуваат кучки, девојчињата што сакаат да најдат некој не можат затоа што немаат совршени пропорции на телото. Во меѓувреме, мажите разочарани заради првата група девојчиња, плукаат по се женско, дека сите се исти, вакви-такви, додека продолжуваат упорно да ги игнорираат мирните девојчиња затоа што едноставно им се досадни.
Тоа е тој магичен круг.
Како и да е, не можеш да генерализираш по пол.
Различни луѓе, различни карактери, за секој има некој.