Како да бидам кул?

Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Облека:
Majца у V израз, златно ланче со голем златен крст, зелени/плави/црвени фармерки, набилдан, не природно туку со протенини, шпиц кондури, саат на раката секако, и се разбира четка фризура, ама не го "панкериштата" туку настрана издигана...

Однесување:
Однесувај се арогантно, ако некој те погледне прашај го дали сака да се тепате.

Излегување:
У најпосраните клубови у градот, кај шо се движат "пичките".

Друго:
Црна кола/џип со затемнети џамови, по можност БМВ или Мерцедес, плус звучници, и што можеш појако екни турбофолк на центарот на градот.
samo u6te da dodade6e deka treba da pi6uva6 vaka



Тибам застарениот хумор, ако воопшто може да се нарече така. Помина времето на мирцот бе луѓе, ново време е сега :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
До кога со вакви ограничени ставови, молам?

Кул била личност која има прочитано многу книги, и ќе те фати на клише романтика и Бон Џови. Аии!
Да, кул личност, наспроти популарните убедувања е ПИСМЕН човек, што знае да направи посериозен муабет, а не да ми зборува и тресе глупости и се во животот да му се врти околу зезанција и забава. Кул личност е човек што е фин и има манири, што се однесува како вистинско машко, а не wannabe Јебо Факиќ, на кој најголемо достигнување во животот му е тоа што успеал да направи просто-проширена реченица.
Мене машко ќе ме фати на искрен и паметен муабет, без тоа, џабе му е изгледот.
Ограничени ставови...:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
Заради ваквите горенаведени постови, полни со снобизам, ароганција, преместен е светот наопаку... Се што не се поклопува со твоето мислење е ограничено? Бог да чува и да брани.

Исти се и женските.

Трчаат по машки кои се трескаат од земја и се прават фраеришта, додека тие другите не им одговараат, а потоа со фразите " ЛЕЛЕ, СИТЕ МАШКИ СЕ ИСТИ "
Ма немој да ме јебеш бре !
Па не реков дека не е така, ај молим ти се убаво препрочитај ми ги мислењата на темава, како и оние кои ги цитирав. Тие напишаа од машка гледна точка, јас пишав од женска гледна точка.
Не ги читате мислењата како што треба и после Цацко е крив.

Како и да е, јас стојам на мојот факт.
Помалце скршени срце ќе имаше, ако не постоеше таа љубов...
Ова е оф-топик коментар, и ќе реплицирам на кратко, ама нема да ја раздолжуваме дебатата.
Да се разбереме, љубовта не крши срца, љубовта не разочарува, љубовта не повредува. Луѓето се тие кои што повредуваат, а ние самите сме си виновни за нашите лоши избори во животот. Не може за се што ти се случило да ја обвинуваш љубовта. И јас сум била повредена, впрочем, како и сите, но не може за тоа љубовта да се обвини. Нашите погрешни избори не повредуваат, ни ги кршат срцата и не' разочаруваат, а не љубовта. Кога ќе си дојде правиот маж/жена, нема да има ништо од горенаведените негативности, ама за тоа треба труд и вистинска желба. Љубовта доаѓа ненајавено, ама потоа мора да се вложува труд за истата да успее.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Да, кул личност, наспроти популарните убедувања е ПИСМЕН човек, што знае да направи посериозен муабет, а не да ми зборува и тресе глупости и се во животот да му се врти околу зезанција и забава. Кул личност е човек што е фин и има манири, што се однесува како вистинско машко, а не wannabe Јебо Факиќ, на кој најголемо достигнување во животот му е тоа што успеал да направи просто-проширена реченица.
Мене машко ќе ме фати на искрен и паметен муабет, без тоа, џабе му е изгледот.
Ограничени ставови...:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
Заради ваквите горенаведени постови, полни со снобизам, ароганција, преместен е светот наопаку... Се што не се поклопува со твоето мислење е ограничено? Бог да чува и да брани.
Ако имаш прочитано многу книги си паметен и можеш да направиш сериозен муабет и све тоа? Ама ако немаш прочитано книги тогаш а-у, греотка, ќе гледаш некој како цело време зборува, а ти си молчиш. Не сум знаел.
Човек со ставови и мислења кои знае да ги одбрани е изграден човек. Не е до бројот на книги. Некој просто си е интелигентен сам по себе. :)

И не, не е ароганција, само нејќам ограничени ставови ко твојот.

П.С. Еве јас неам прочитано многу книги у животот. Уствари, у последниве 3-4 ама скоро ништо не читам. И сеа се носиме и дискусија? Се носиме. Не гледам некоја предност. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако имаш прочитано многу книги си паметен и можеш да направиш сериозен муабет и све тоа? Ама ако немаш прочитано книги тогаш а-у, греотка, ќе гледаш некој како цело време зборува, а ти си молчиш. Не сум знаел.
Човек со ставови и мислења кои знае да ги одбрани е изграден човек. Не е до бројот на книги. Некој просто си е интелигентен сам по себе. :)

И не, не е ароганција, само нејќам ограничени ставови ко твојот.

П.С. Еве јас неам прочитано многу книги у животот. Уствари, у последниве 3-4 ама скоро ништо не читам. И сеа се носиме и дискусија? Се носиме. Не гледам некоја предност. :)
Па добро де, јас не барам момчето да ми го цитира Достоевски или Шекспир, поентата е што кога ќе седнам да правам муабет, сакам да можам да разговарам на различни теми. Може некој нема прочитано многу книги, ама има оформено размислувања, се информирал за многу работи, стабилен е и сериозен. Во денешно време е многу лесно да дознаеш информации и преку интернет.

Моите биле ограничени ставови, а ти успеа од километарски пост да се фатиш за читањето книги, односно да му пристапиш на мојот пост тотално буквалистички...:unsure: Јас кога излагам со момче, не му барам CV и референца со сите книги кои ги има прочитано... туку гледам како тече муабетот. Ако муабетот е добар, ако тече природно, ако се има разновидност на теми, каде што притоа не изиграва глупи Август цело време и се однесува фино и воспитано, ќе ми се допадне во секој случај... Јас не можам цело време да се зафркавам и да се смеам и да се реметам, не сум таков тип и не сакам некој кој е постојано несериозен, ми ја црпи енергијата.

Читањето книги е само уште еден плус.
Ептен си буквалист значи, што не го прави мојот пост ограничен, туку твојот начин на интерпретација на мојот пост е површен.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
870
Слушај го Џастин Бибер и автоматски си кул кај седмооделенките (y)
 
B

Black Guard

Гостин
Знам дека е необично од машко да прашува вакви прашања и ве молам не ме осудувајте за тоа ама искрено сакам да знам.
Забележав дека во друштвото (во било кое друштво и да сум) девојките ги класираат момците во неколку класи кои варираат од најлошо до најдобро... Најдоброто во моментов се класира како „Пич“ и искрено сакам да сум во таа класа на кул личности и ги имам сите услови само ми треба добитната комбинација на однесување и хит кул комбинации на гардероба за такви луѓе.
Многу ке ценам доколку ми помогнете
Благодарам однапред
Настрана фактот што кул персон е сепак индивидуална работа,треба да имаеш едно предвид-афинитетот кон маски9,очигледно ти е јасно дека сега по твои дефиниции не си кул и правциш Х работи и ете си кул,ама зад тоа Кул има маска,исто и е и со другите-биди тоа што си и нормално надградувајсе но не со цел да бидеш пич.

Кај им текна на проклетиот филм ране...цццц
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Ima li nekoj pojma od angliski na temava? :D
Mng me zamarate izvestuvanja glupi mi doagjaat pa gledam kul bile gradskite mangupi :D

Zborot "cool" znaci ni ladno ni toplo.
Pa sea vie videte :D
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Дали ти беше сериозен кога ја направи оваа група и мислеше дека навистина ке ти помогне тоа што ке ги читаш овие работи од форумов???
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.211
They once told me I'm not cool.
I must be too hot.
Ima li nekoj pojma od angliski na temava? :D
Mng me zamarate izvestuvanja glupi mi doagjaat pa gledam kul bile gradskite mangupi :D

Zborot "cool" znaci ni ladno ni toplo.
Pa sea vie videte :D
Definition of COOL

1​
: moderately cold : lacking in warmth
 
H

HoT IcE

Гостин
Првин прецизирај какви женски ќе маваш, после гледај колку и каков 'кул' треба да си, затоа што за секој човек различни работи се кул, на некого му е кул да се дрогира, на некој да чита книги и така натака, најбитно е ти да прецизираш во каков кош сакаш да поентираш, после само треба да вежбаш шут(да се образуваш околу тоа што сакаат, бараат и им е кул).
Толку од мене, поздрав. А ако сакаш да си кул за рајата цела, второто или третото мислење со најмногу лајкови на прва страна.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom