Како го разбирате светото тројство?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, а од каде знаеме дека тие митарства се факт-настан како штп велиш, и од каде знаеме дека сите души, освен Мајката Божја и уште 2-3 личности ги имаат поминато?
Никогаш не ја гледав логиката во ова, како што напишав во претходниот пост.
Која е тогаш смислата на Исусовата откупна жртва ако мораме да минуваме низ сето тоа? Зли дуси да се грабаат за нашата душа?
Кон болтуваното, по редослед:
- сети се на приказната за сиромавиот и богатиот...кој каде отишол и што едниот му вели на другиот.
- постојат повеќе начини за тоа „од каде нешто знаеме„. На пример, Светите знаат, затоа што тоа знаење го добиваат директно од Бога а не од нивниот ум.
- верата не е логична, рационална, туку духовна категорија.
- Исусовата жртва е спасоносна. Исус сите не повика на спасение и објективно не откупи од нашите гревови, превземајчи ги истите тие наши гревови на Свој грб.
- да, злите дуси се грабаат за секоја душа поединечно, оти откако лукавиот беше истеран од Небесата, сега тој удира по родот човечки, по врвното Божјо творение, со цел што повеѓе души да „лизне„ во пеколот.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
„... зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината на овој век, против поднебесните духови на злобата...„ (Послание до Ефесјаните, 6.12)

Еве каде се споменати митарствата...
Е ај сеа?
Незнам што да кажам...од ова пак сега гледам како сепак и да ги има тие митарства, уф:icon_neut
Во секој случај, вербата во Бога, од која произлегува и трудот да не се прекршат заповедите ќе ни помогне горе, било да ги има или да ги нема тие царини.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не е работата само во непрекршувањето на волјата Божја-тоа е чиста старозаветна пасивност. Новиот Завет е учење од акција, каде покрај нечинењето зло, се бара и чинење добро, итоа чинење добро во текот од целиот ден, а не онака како ќе нисе пружи прилика за чинење добро-„како ќе дојде„. А токму добрите и лошите дела се „тема„ која ќе ни биде мерена на митарствата, оти, нели, верата спасува, но делата се тие кои откупуваат-покриваат се што сме чинеле како злодело во овој живот.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Aпсолутно, верата без дела е мртва вера. Вегетација.
Но дали некој ќе биде со нас за време на тоа “митање“, како да го наречам? Звучи страотно да минува човек сам низ сето тоа.Еве, Теодора ја застапувал преподобниот Василиј мислам, така беше во горниот текст.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
:pos2: И кој ми апелираше да прифатам негова вера.
Ако колешке, ако, ти само продолжи да се митариш.:pos2: Но, пред тоа дај расчисти со Тројството и кажи ми уште еднаш што ви значеше оваа финта со Тројството? цццццццццц....:helou:
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
:pos2: И кој ми апелираше да прифатам негова вера.
Ако колешке, ако, ти само продолжи да се митариш.:pos2: Но, пред тоа дај расчисти со Тројството и кажи ми уште еднаш што ви значеше оваа финта со Тројството? цццццццццц....:helou:
Ти бе,ај продолжи да си ја гледаш твојата вера,а ние нашата,ОК?
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
:pos2: И кој ми апелираше да прифатам негова вера.
Ако колешке, ако, ти само продолжи да се митариш.:pos2: Но, пред тоа дај расчисти со Тројството и кажи ми уште еднаш што ви значеше оваа финта со Тројството? цццццццццц....:helou:
Со тројството сум на чисто, за разлика од митарствата кои не ми беа јасни.
А ти? Мислам, начисто ли си со тоа на каков човек “му е диктиран“Куранот“? Звучи како да е пишуван за лична употреба...пошто само на Муамед му биле дозволени и извесни отстапки. А да не збориме за педофилијата и куранот, ќе заглавите на митарството за блуд:pos2:
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
И тоа..:pos2:...и тоа...за противприроден болуд, т.е. секс со малолетници.:vozbud:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Со тројството сум на чисто, за разлика од митарствата кои не ми беа јасни.
А ти? Мислам, начисто ли си со тоа на каков човек “му е диктиран“Куранот“? Звучи како да е пишуван за лична употреба...пошто само на Муамед му биле дозволени и извесни отстапки. А да не збориме за педофилијата и куранот, ќе заглавите на митарството за блуд:pos2:
Без непотребна параноја!:wink:
И не мешај ја твојата Библија со Кур,анот.Се изгуби дејче, очигледно твојата омраза кон Исламот не ти дава здраво да мислиш и пишуваш,ама нејсе,така оди тоа.

А сега да се вратиме на темата:

Како го разбираш Светото Тројство? :nesum:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Ne e Isus Bog ( u smisla stvoritel ) , Bog e Isus gledas razlika ?

Bog e i Pikaso , i petko i stanko ...

trgni od toa deka Bog e se i e vo sekogo i ke ti stane pojasno

u hristijasnka varijanta e vaka u nekoja druga onaka ama praosnovata e ista...

kako sto e vo mikrokosmosot taka e vo makrokosmosot i obratno

Otec ( tvorec )

Sin ( site nie )

sveti duh ( spojkata megu niv energijata )
Ajde omere ili bilo koj pobijte deka trojstvoto ne e vaka ko sto vikam jas ?

povelete ke vi objasnam sto ne vi e jasno i ne provocirajte ...aj da ne kazam diletantski:smir:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
„... зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината на овој век, против поднебесните духови на злобата...„ (Послание до Ефесјаните, 6.12)

Еве каде се спомнати митарствата...
Е каде се спомнати овде митарствата? :)
Овде апостолот вели дека нашата борба е (меѓу другото) и против "поднебесните дуови на злобата", ама тука апостолот зборува за СЕГАШНО време, во времето додека тој бил жив, за борбата со луѓето кои водени од овие духови му се противат на Христијанството, а не за евентуалната борба со нив "по смртта" :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мики, а од каде знаеме дека тие митарства се факт-настан како штп велиш, и од каде знаеме дека сите души, освен Мајката Божја и уште 2-3 личности ги имаат поминато?
Никогаш не ја гледав логиката во ова, како што напишав во претходниот пост.
Која е тогаш смислата на Исусовата откупна жртва ако мораме да минуваме низ сето тоа? Зли дуси да се грабаат за нашата душа?
Не надевај се дека ќе ти каже "Во Библијата пишува за тоа" :)
Неговите догми се вон-библиски, надвор од Божјиот Збор.
Ти убаво рече: Никакви митарства не се спомнати ни во Стариот, ни во Новиот Завет. Во Библијата нема ни "М" од "Митарства".
Исус јасно кажа дека...

"Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака."
(Јован 10:28)

Имајќи го ова предвид, смешно е да се тврди дека некои демончиња ќе ги грабнат верниците на нивниот пат до небото :)

Но, кога на некој Божјиот Збор не му е авторитет, логично е да си измислува митарства, чистилишта и слични пагански догми.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е каде се спомнати овде митарствата? :)
Овде апостолот вели дека нашата борба е (меѓу другото) и против "поднебесните дуови на злобата", ама тука апостолот зборува за СЕГАШНО време, во времето додека тој бил жив, за борбата со луѓето кои водени од овие духови му се противат на Христијанството, а не за евентуалната борба со нив "по смртта" :)
Па Чорбаџи, логично и повеќе е од јасно дека поимот „митарство„ не стои никаде во Писмото. Со тоа сме на чисто.
Понатаму.
Православните богослови го наведуваат споменатиот стих од посланието, за да покажат дека учењето за митарствата не е измислица, туку дека има своја заснованост на/во Писмото. Така, не се работи за мое, туку за богословско толкување на нештата од Писмото. Учењето за митарствата е дел од Светото предание (кое, тeбе, секако не ти значи ништо) а е засновано на реални сознанија, кои потекнуваат од искуствата кои душите од поединци ги имаат стекнато, минувајќни низ споменатите митарства/царини, а не на нечија фантазија. Во православието, најпознати се искуствата од митарствата од преподобната Теодора, но и од преподобниот Антоните и многу други. Токму нивните сознанија, кои доаѓаат и во нашиов, материјалнив свет, се опомена до сите нас за тоа што ја чека душата од секој поединец после телесната смрт, за да не биде одпосле работата во стилот „...па нам никој не ни кажа дека такво нешто постои...„ . Затоа, во мојот пост/одговор и ја споменав приказната со сиромавиот Лазар и богатиот, а притоа мислев на делот кога сиромавиот му напоменува за богатиот на она на кое пророците веќе имаат укажано а на кое укажување браќата од богатиот (живеејќи во материајлно изобиле и безгрижно) не би обрнале внимание. Тука е паралелата: како што пророците укажуваат на одредена работа, така учењето за митарствата навремено (сега, дури сме живи) ни укажува на она кое допрва го чека секој поединец, речиси без исклучок.
Патем кажано, она кое е запишано во Писмото, треба да се живее, а живеењето според Писмото носи и одредени искуствени сознанија, кои е пожелно да се споделат со другите браќа и сестри во Христа. А она кое апостолот Павле го напоменува во неговото послание, апсолутно не се однесува само на неговото време, туке безвременски коментар од апостолот: се оденсува на било кое време па и на ова нашево, оти лукавиот не е човекомразец само во (пред)апостолско време, туку и денес, кога нападите од лукавиот се уште појаки и поперфидни, имајќи ја во предвид неговата способност.
Да скратам: цитираниот стих е напомена за постоењето до митарствата. Напуштајќи го телото, душата човекова неизбежно минува низ тие митарства на свјот пат од материјалниов кон духовниот свет. Богословите неслучајно ги лоцираат митарсватата во воздухот, а тоа значи токму на патот од душата кон духовниот свет. Самиот поим „поднебесие„ се однесува на вкупниот простор помеѓу Земјата (материјанов свет) и Небесата (духовниот свет). А каде беше истеран лукавиот? Па јасно е-во поднебесието, во просторот помеѓу Земјата и Небото, токму таму каде се лоцирани и митарствата. Во православието, никој нема кажано каде точно престојуваат лукавите во денешно време, но современите богослови точно го лоцираат местото од кое лукавите веќе полујавно делуваат.

П.С. Сметам дека е залудно суровото и рационално проучување на Писмтото без притоа истото и да се живее. Од времето кога Писмото е заокружено како целина (раниот втор век) па до денес, многу работи се случија во светот и многу искуства се наталожија во минатите 2000 г.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Aпсолутно, верата без дела е мртва вера. Вегетација.
Но дали некој ќе биде со нас за време на тоа “митање“, како да го наречам? Звучи страотно да минува човек сам низ сето тоа.Еве, Теодора ја застапувал преподобниот Василиј мислам, така беше во горниот текст.

На митарствата, заедно со душата на која ќе и се мерат добрите и лошите дела. ќе биде белиот ангел-чувар. Како поддршка од овој свет, тука се и молитвите кои Црквата ги упатува до Творецот за Негова милост и простување на гревовите кои душата ги сторила во овој свет. А тука е и духовникот, чии молитви исто така, треба да бидат упатени за упокоената душа.
Значи, на митарствата , душата не е сама иако сама треба да ги помине тие страотии. Оние души кои се упокоиле а притоа живееле богобојажлив и честит живот, практично и нема да бидат судени, како што е случајот со преподобниот Антоние, чија душа едноставно поминала низ митарствата без судење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom