Е каде се спомнати овде митарствата?
Овде апостолот вели дека нашата борба е (меѓу другото) и против "поднебесните дуови на злобата", ама тука апостолот зборува за
СЕГАШНО време, во времето додека тој бил жив, за борбата со луѓето кои водени од овие духови му се противат на Христијанството, а не за евентуалната борба со нив "по смртта"
Па Чорбаџи, логично и повеќе е од јасно дека поимот „митарство„ не стои никаде во Писмото. Со тоа сме на чисто.
Понатаму.
Православните богослови го наведуваат споменатиот стих од посланието, за да покажат дека учењето за митарствата не е измислица, туку дека има своја заснованост на/во Писмото. Така, не се работи за мое, туку за богословско толкување на нештата од Писмото. Учењето за митарствата е дел од Светото предание (кое, тeбе, секако не ти значи ништо) а е засновано на реални сознанија, кои потекнуваат од искуствата кои душите од поединци ги имаат стекнато, минувајќни низ споменатите митарства/царини, а не на нечија фантазија. Во православието, најпознати се искуствата од митарствата од преподобната Теодора, но и од преподобниот Антоните и многу други. Токму нивните сознанија, кои доаѓаат и во нашиов, материјалнив свет, се опомена до сите нас за тоа што ја чека душата од секој поединец после телесната смрт, за да не биде одпосле работата во стилот „...па нам никој не ни кажа дека такво нешто постои...„ . Затоа, во мојот пост/одговор и ја споменав приказната со сиромавиот Лазар и богатиот, а притоа мислев на делот кога сиромавиот му напоменува за богатиот на она на кое пророците веќе имаат укажано а на кое укажување браќата од богатиот (живеејќи во материајлно изобиле и безгрижно) не би обрнале внимание. Тука е паралелата: како што пророците укажуваат на одредена работа, така учењето за митарствата навремено (сега, дури сме живи) ни укажува на она кое допрва го чека секој поединец, речиси без исклучок.
Патем кажано, она кое е запишано во Писмото, треба да се живее, а живеењето според Писмото носи и одредени искуствени сознанија, кои е пожелно да се споделат со другите браќа и сестри во Христа. А она кое апостолот Павле го напоменува во неговото послание, апсолутно не се однесува само на неговото време, туке безвременски коментар од апостолот: се оденсува на било кое време па и на ова нашево, оти лукавиот не е човекомразец само во (пред)апостолско време, туку и денес, кога нападите од лукавиот се уште појаки и поперфидни, имајќи ја во предвид неговата способност.
Да скратам: цитираниот стих е напомена за постоењето до митарствата. Напуштајќи го телото, душата човекова неизбежно минува низ тие митарства на свјот пат од материјалниов кон духовниот свет. Богословите неслучајно ги лоцираат митарсватата во воздухот, а тоа значи токму на патот од душата кон духовниот свет. Самиот поим „поднебесие„ се однесува на вкупниот простор помеѓу Земјата (материјанов свет) и Небесата (духовниот свет). А каде беше истеран лукавиот? Па јасно е-во поднебесието, во просторот помеѓу Земјата и Небото, токму таму каде се лоцирани и митарствата. Во православието, никој нема кажано каде точно престојуваат лукавите во денешно време, но современите богослови точно го лоцираат местото од кое лукавите веќе полујавно делуваат.
П.С. Сметам дека е залудно суровото и рационално проучување на Писмтото без притоа истото и да се живее. Од времето кога Писмото е заокружено како целина (раниот втор век) па до денес, многу работи се случија во светот и многу искуства се наталожија во минатите 2000 г.