Како ги замислувате пеколот и рајот (ако воопшто постојат)?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Shorty, не знам за кои хард коре верници зборуваш, можеби мислиш на атеистите, а можеби на некои други, но тоа сигурно не важи за христијаните, бидејќи тие немаат ама баш никаков страв од Судниот Ден, затоа што тие се уверени дека Судијата што ќе им суди на Судниот Ден е оној истиот кој се жртвуваше на Голготскиот крст за нив :)
Замисли си дека имаш некој пријател кој те сака толку што би го жртвувал својот живот за тебе ако е тоа потребно. Дали ќе чувствуваш страв доколку утре те пратат кај него на суд? Дали ќе чувствуваш страв доколку знаеш дека самиот Судија платил кауција за твоите прекршоци?
Верувај ми, христијаните немаат никаков страв од Судниот Ден.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496

Кон болтуваното: Не можеш да го тврдиш тоа. Зашто еве само пример го земам МИКИ1 а мислам дека имаше уште еден таков "хардкор" верник. Да му ги прочиташ сите постови 70% од нив пишува за СУДНИОТ ДЕН, РАЈ, ПЕКОЛ, ПАТЕЊЕ, ПОКАЈУВАЊЕ, ВЕЧЕН ЖИВОТ, БОЖЈИ СУД што резултира во тоа дека само тоа им е врежано во главата односно дека им е страв за тоа што ќе прават во вишиот живот(ако го има нормално)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не можеш да го тврдиш тоа.
Можам, го тврдам тоа и стојам зад моето тврдење, притоа оградувајќи се од тврдењата на другите како и од твоите заклучоци за нивните тврдења.
Значи пак ќе повторам, христијаните немаат страв од Судниот Ден затоа што таму ќе ги пречека Оној кој најмногу ги љубел, ги љуби и ќе ги љуби во вечноста.

"Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се плаши, не дошол до совршенство во љубовта."
(1 Јованово 4:18)
 
Абе ок е све тоа со цитатите ама ти можеш да си збориш само за себе а не за другите. Тоа е мој став, тоа е твој став. А сосема друга работа е што пишува во библијата а што прават или како размислуваат луѓето.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Ова ме потсети на една анегдота која што ја прочитав скоро:

Постар чоек, цел живот заколнат атеист е у болница, пред умирање. Негов пријател, кој дошол да го посети, се шокирал кога го затекнал како ја листа библијата.
- Не ми се верува дека те гледам со бибилија во рака!
- Не бе, само барам дупки :)
А еве и еден скеч од К-15:
„Што чекате„ вели д-р Паника.
„Седмица!„ вели Цацко.
„На погрешно место чекате...„ вели д-р Паника.

Наравоучение: на ПОГРЕШНО место типот барал ДУПКИ!
Ја промаши поентата. Нели и најголемиот разбојник ако се покаеше пред смртта, одеше во рајот? Тоа го прави и човекот на умирање од мојата анегдота, со тоа што си ја задржува смислата за хумор до крај. Покајанието се прави не пред поп, туку пред себе и пред бога, затоа што тоа се единствените сведоци. Поповите и црквите се само.. бирократија.

Ако можеш да живееш како што сакаш, а на крај да се исплашиш од одење во пеколот и да се покаеш вистински и да одиш во рајот, нели е тоа некаква дупка? (Се извинувам, не сум го читала Данте па не знам како он го замислува пеколот, ама сум ја читала Библијата)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Покајанието се прави не пред поп, туку пред себе и пред бога, затоа што тоа се единствените сведоци. Поповите и црквите се само.. бирократија.
Со ова се сложувам.

Ако можеш да живееш како што сакаш, а на крај да се исплашиш од одење во пеколот и да се покаеш вистински и да одиш во рајот, нели е тоа некаква дупка? (Се извинувам, не сум го читала Данте па не знам како он го замислува пеколот, ама сум ја читала Библијата)
Покајанието заради страв од одење во пеколот не е вистинско покајание.

Кои книги си ги прочитала од Библијата?
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Покајанието заради страв од одење во пеколот не е вистинско покајание.
Што е вистинско покајание?

Кои книги си ги прочитала од Библијата?
Па сите ваљда, пошто ја читав цела, и Стариот и Новиот Завет. И дефинитивно е погрешно да се толкува истата буквалистички.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Факт е дека овие што се ептен хардкор верници живеат во СТРАВ од Судниот Ден. Кажете ми како живот е тоа. Постојано да се плашиш од нешто да направиш. Лошите души одат во пеколото бла бла бла и сеа овие лошиве души ќе се покајат и одат во рајот. Кога еднаш ќе одиш во рајот нема враќање назад во пеколот. Значи ако секој човек е паметен, ќе си биде добар во пеколот само за да добие покајение и потоа оди во рајот и му чуе ку*от за понатаму. Кажете ми дали има логика сево ова? НЕ, нормално нема логика. Затоа е религијата. Да те држи во страв за да си може полесно да управува со тебе. Нормално дека има и добри страни но за тоа во друга тема
Кон болтуваното:
- стравот Божји е почеток на секое добро дело, кој со тек од време, преминува во љубов кон Бога.
- тоа е праведен и благочестив живот, со многу смисла и цел:
- еден од Светите вели вака: „Не е владетел оној кој владее со другите, туку оној кој владеее со сам себе„. Ај сеа кажи од каде ти е помислата дека некој некого го владее?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Епа сега реши се, кој е во право? Христос или православието?
Во право е Христос, без дискусија. А во право е и православието , оти го исповеда она кое Сам Христос го кажува за вистинито. „..вистина, вистина ви велам...„ вели и нагласува Христос многу пати.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Кон болтуваното:
- стравот Божји е почеток на секое добро дело, кој со тек од време, преминува во љубов кон Бога.
- тоа е праведен и благочестив живот, со многу смисла и цел:
- еден од Светите вели вака: „Не е владетел оној кој владее со другите, туку оној кој владеее со сам себе„. Ај сеа кажи од каде ти е помислата дека некој некого го владее?
Само ми ја докажуваш поентата дека поради страв правите добри дела.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Само ми ја докажуваш поентата дека поради страв правите добри дела.

Читај ја реченицта до крај: стравот е почеток на секое добро дело, но не се останува на стравот, оти тогаш Бог би испаднал тиранин. А се завршува со љубов кон Бога, оти Сам Бог е љубов.
Затоа, во православието постои изразот стравопочит: страв од Бога оти Бог и телото и душата може да ги турне во пеколот, а почит кон Бога, оти Он, од љубов не создаде од ништо, но и Го испрати Својот Единороден Син за да не спаси од злото.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Само ми ја докажуваш поентата дека поради страв правите добри дела.
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.Но тоа незначи дека добрите дела ќе не спасат..Напротив..избрани сме по милост не по делата...
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.Но тоа незначи дека добрите дела ќе не спасат..Напротив..избрани сме по милост не по делата...
Значи уствари не е битно кој колку добри дела ке направи?
Ако му е мило на Господ да го одбере арно,ако не,ке гори во пеколот?
Ја така го сватив воа,извини....
Многу чуден и субјективен критериум имал Бог,не знаев...:pos2:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.Но тоа незначи дека добрите дела ќе не спасат..Напротив..избрани сме по милост не по делата...
Јасно е што вели Апостолот Павле за делата и верата, ако се едни без други...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи уствари не е битно кој колку добри дела ке направи?
Ако му е мило на Господ да го одбере арно,ако не,ке гори во пеколот?
Ја така го сватив воа,извини....
..:pos2:[/quot Многу чуден и субјективен критериум имал Бог,не знаев.e]

- Не е битен квантитетот, туку квалитетот од добрите дела, придружени со вера.
- Да, Бог е „субјективен„ но и праведен. Својата волја ја изрази преку 10-те Божји заповеди, па кој сака-нека повели, нека ги прифати или неприфати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom