Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата MSV
  • Време на започнување
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Луѓе ова малку е многу надвор од целта на темава ама сепак е поврзано па ке прашам селото Конопиште дали има некаква врска со Коноп па што со стотици години така му е името ? :)
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Луѓе ова малку е многу надвор од целта на темава ама сепак е поврзано па ке прашам селото Конопиште дали има некаква врска со Коноп па што со стотици години така му е името ? :)
Дефинитивно од таму е името, ама од Cannabis ruderalis, што би му дошло нешто како „див коноп“ меѓу народот.
Поради ниската содржина на THC во компарација со sativa и indica, не се користи ruderalis за рекреативни цели, ама имам читано за употреба во руска и монголска медицина, особено за лечење на депресија.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Дефинитивно од таму е името, ама од Cannabis ruderalis, што би му дошло нешто како „див коноп“ меѓу народот.
Поради ниската содржина на THC во компарација со sativa и indica, не се користи ruderalis за рекреативни цели, ама имам читано за употреба во руска и монголска медицина, особено за лечење на депресија.
Cannabis ruderalis се користи за калемење со сатива или индика и добивање на хибридни растенија со висок ТХЦ во нив, познати како autoflowering на кои не им треба точна доза на светлост и темнина при цветањето.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Cannabis ruderalis се користи за калемење со сатива или индика и добивање на хибридни растенија со висок ТХЦ во нив, познати како autoflowering на кои не им треба точна доза на светлост и темнина при цветањето.
и се одлични за одгледување дома ;)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/323542-debata-za-primenata-na-indiskiot-konop-i-kanabinoidite-vo-medicinski-celi

Дебатата е организирана од Министерство за здравство и агениција за лекови :nesumjas: :несвест:

Не ми е верно ова за во МКД . Николче зар е можно и ти да направиш нешто корисно за твојот сограѓанин :bravobe:
Ќе дое и ова, за некоја година. Штом Хрватите ја легализираа за медицинска употреба, на ред е Србија, па тука некаде и ние.

Али кој кур, ако ја легализираат само за медицинска употреба ( пак ќе ги грбачат рекреативците со драконски казни ма да и ова е напредок, не велам не ).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
МЗ: Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија
Следете не на:
Follow @zdravstvo24.mk

Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија. Министерството за здравство ја почна постапката за легализација. Веќе е изготвен предлог закон кој деновиве ќе се најде на владина седница. Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот. Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис. Крајниот призвод ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише а кој да го прима маслото. Предвиден е за болни од рак, ХИВ и други дијагнози кои ќе ги пропишува специјалист од болница и со рецепт ќе го подигнува од аптека.

Проценките на здравствените власти е дека целата постапка треба да заврши до март. За недела најавија јавна дебата на која очекуваат да ги слушнат и мислењата на јавноста.


http://zdravstvo24.mk/2015/12/16/mz-kanabisot-za-medicinski-celi-ke-bide-legalen-i-vo-makedonija/
 
B

Bafra

Гостин
Откако ќе почне легално да се користи во медицината и кај нас ме интересира мислењето на Членовите што постираа "официјални" истражувања,примери дека Конопот е штетен .

И која иронија , за медицински потреби ќе дозволат а индустриски коноп да се сади од кој што можат да се добија 20.000 производи, вклучително и храна ќе остане ЗАБРАНЕТ :tapp: .
Па подобро индустрискиот да го дозволеа него ова тињава .
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ќе дое и ова, за некоја година. Штом Хрватите ја легализираа за медицинска употреба, на ред е Србија, па тука некаде и ние.

Али кој кур, ако ја легализираат само за медицинска употреба ( пак ќе ги грбачат рекреативците со драконски казни ма да и ова е напредок, не велам не ).
Тоа нажалост да, периодов ќе остане. Да падне малку стигмата со медицинска марихуана, па ќе може и за тоа мислам дека да се дискутира, следниве 3 години се надевам плодни ќе се на тоа поле.
Само, се ми се чини дека од „контролирано растење“ ќе стигнат поразноврсни канабиси на црн пазар, и мислам дека веќе од фебруар улје ќе може и кај локалните дилери да се најде.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.940
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ЛУЃЕ УМРЕА ОД ПРЕДОЗИРАНОСТ СО МАРИХУАНА
Откако марихуаната се легализираше во 23 американски сојузни држави, редно е да се види бројката на Американци кои годинава умреа од предозираност со таа страшна билка. Бројката е сигнификантна.




Точно нула. Апсолутна нула, број што и годинава не е променет исто како и лани, вели последниот извештај на американскиот Центар за контрола на болести.

Американците не умираат од марихуана но затоа умираат од многу други, дозволени и недозволени супстанци.

Вкупно 17, 465 лица починале од преголеми дози на забранети дроги како хероин или кокаин, а уште повеќе од тоа, 25,760 луѓе, не се веќе живи заради злоупотреба на препишани лекови, главно аналгетици и тренквилајзери.

Последново добива размери на епидемија и лани имаше дури 14 % повеќе смртни случаи на рецепт отколку претходната година.





А најдостапниот меѓу сите, алкохолот, ги убива Американците со стапка која не е забележана последниве 35 години. Преку 30.700 Американци починале од нешто поврзано со конзумирање алкохол. Во бројката не се вклучени смртните случаи од пијано возење; во таков случај, завршната сметка би била 2,5 пати поголема.

10 спрема 1.000 е односот на ризиците. Пиењето алкохол 10 пати повеќе од нормалното во рок од 5 до 10 минути може да биде фатално. Пушењето марихуана исто така, ако (се успее да) се земе 1.000 пати поголема доза.



Иако односот на јавноста кон легализацијата е генерално променет, нејзини главни противници остануваат:
- фармацевтското лоби (кои ќе изгубат ужасно многу ако пациентите масовно се свртат кон медицинската марихуана за третман)
- полицијата (за да не изгубат добар дел од буџетот кој го добиваат на име на борба против наркотиците).

Дури и меѓу претседателските тркачи за 2016-та, Берни Сандерс е единствениот кандидат од двата блока кој бара целолсна легализација и остранување на марихуаната од федералната листа на која се наоѓаат супстанци како хероин и ЛСД.
 
B

Bafra

Гостин
"во словенечките аптеки, веќе некое време (ако имате валиден рецепт) може да се купат лекови на база на синтетички канабиноиди.” велат од љубљанската аптека Битенц"
Прашање:
Дали ова значи дека во аптеките се користат а и во иднина би се продавал коноп исклучиво на база на СИНТЕТИЧКИ канабиноиди или ???
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Еве една мала статија за тоа како марихуаната постанала таква Баба Рога како што е денес.
Зошто тоа се случило, со која цел, која е вистината и тн. (Иако 99% од луѓето на оваа тема мислам дека го знаат ова)

http://www.huffingtonpost.com/the-influence/real-reasons-marijuana-is-banned_b_9210248.html?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom