Може и да има, не викам не, едноставно се‘ е можно!Но, реалноста е една а тоа е дека и да постојат тие случаи се многу ретки и дека не се од некаква голема важност, зошто они во овој случај, во оваа област не се движечката сила, и кога-тогаш ќе станат и они жртви на мнозинството што претставуваат движечката сила во оваа област, нема вечито да им трае таа среќа и кога-тогаш и они ќе бидат жртви; тука се пишува за еден проблем којшто е присутен во секојдневието на релацијата помеѓу мажите и жените, и е раширен како рак нажалост.
Не негирам дека постои тој проблем. Правото прашање е - што го предизвикува?
Инаку добро, барем ти за разлика од некои не живееш под стаклено ѕвоно, и препознаваш дека има такви случаи. Инаку барем што се однесува до жените, да беа толку ретки, немаше да напоменам претходно дека можам лесно да фатам таква (не сум некој шармер, нити некој со некоја јака харизма, секако дека нема да и се допаднам на секоја, ама чим ми успевало доста пати, очигледно ги има во доволно голем број за сите). Тоа ми беше зборот.
А да те прашам сега тебе нешто, дали ти си се запрашал што Сусаро го натерало да пишува вака за жените?И зошто повеќето мажи се согласуваат со него на темава?Дали воопшто се имате запрашано малку за тоа?
Некоја кучка го пецнала јако, повеќе пати (или биле различни девојки кои тоа го сториле). Јас сум имал исто така лоши искуства. Зар ми дава право на мене тоа да почнам да генерализирам? Ако се водам исклучиво по личното искуство и тоа на пријатели, ќе го правев истиот муабет како Сус. Дали за жени или за мажи (кои се позасегната тема кога се работи за мене). Не би сакал да бидеш генерализиран, нели? Без разлика кој те генерализира и за што.
Да ти одговорам и во кратка верзија на прашањето - Ако сакате солидна девојка, истата нема да ја најдете да се вртка постојано по кафани, елитни кафичи, и дискотеки / клубови. Грото изгорени машки, се изгориле зошто зеле таков тип девојка под рака.
There are always other venues to find what you are looking for
. А суштински е и да се
знае што се бара. Под ризик да звучам предавнички за мојов пол, ама доста често ние мажите и не знаеме точно што сакаме.
Знаеме само што точно сакаме во одреден период од времето. Затоа и голем број мажи шантраат на страна иако имаат девојка "за стално". Колку порано раскрстите сами со себе што сакате и очекувате од некоја девојка, подобро. Се после тоа е лесно, ова е најтешкиот дел.