Какви патики носите?

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Puma Terai Faas Hiker

2200 во аутлетот 3М фешн (западна страна на СЦ Борис Трајковски).
Вчера 12 км на Водно, ооооодличен избор :)
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
После некое време од Рибок се вратив пак на Адидас.

adidas-easy-vulc-2-0-noir-bc8a-600.jpg

Run_70s_Shoes_Black_B96558_01_standard.jpg
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Има некој искуство со vibram fivefingers?

не изгледаат убаво, ама мислам дека за во природа би биле прекрасни, а исто мислам дека би биле ок за луѓе со рамни стопала како мене.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Немам искуство но од медицинска гледна точка ваквите обувки се најдобри за стапалото бидејќи ја задржуваат неговата форма. Штиклите и чевлите за мажи го стегаат стапалото бидејќи се неправилна форма а патиките кои ги носиме секојдневно имаат дебел ѓон и што повеќе време поминуваме во нив, тоа повеќе стапалото ни станува "мрзливо" па се јавуваат проблеми со нервите и циркулацијата поради недостатокот на дразби. Не е ова далеку од вистината зошто примети како на се помлади им се јавува ова.

Ако те интересира проблематикава повеќе, заследи го на Инстаграм thefootcollective акаунтот и види на дечките какви им се стапалата - од медицинска гледна точка како што кажав, здраво стапало така треба и да изгледа, дебело и погрубо :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.627
Поени од реакции
34.814
Има некој искуство со vibram fivefingers?

не изгледаат убаво, ама мислам дека за во природа би биле прекрасни, а исто мислам дека би биле ок за луѓе со рамни стопала како мене.

...не само што не изгледаат добро туку анатомски не ти се така прстите на стапалата многу долги и раширени со меѓупростор, можеби имаш бенефит за твоето рамно стапало или како викаат турците „дус табан“ да не идеш боса, ама што ќе рече Ахиловата пета, кичмата на ваква никаква платформа па било милиметарско малку подигнато или директниот контакт со земјата ќе биде шок за коските !

...мислам дека има дури и клинички студии за штетноста за тркачите и општо за спортистите со слоган подобро трчај/иди бос!

Последно уредено:

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297

...не само што не изгледаат добро туку анатомски не ти се така прстите на стапалата многу долги и раширени со меѓупростор, можеби имаш бенефит за твоето рамно стапало или како викаат турците „дус табан“ да не идеш боса, ама што ќе рече Ахиловата пета, кичмата на ваква никаква платформа па било милиметарско малку подигнато или директниот контакт со земјата ќе биде шок за коските !

...мислам дека има дури и клинички студии за штетноста за тркачите и општо за спортистите со слоган подобро трчај/иди бос!
Зошто би било шок за коските ? Па би се раѓале со чевли или со некаква кора на нозете да не бесе добро или некако поинаку би еволуирале.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.627
Поени од реакции
34.814
Зошто би било шок за коските ? Па би се раѓале со чевли или со некаква кора на нозете да не бесе добро или некако поинаку би еволуирале.
... па да, може „на бебе“ да се примени, но на веќе оформени нозе кои се научени толку години на друга обувка, да се префрли преку ноќ на ваква обувка не само коските ќе претрпат шок при трчање туку и Ахиловата пета, зглобот ...спредбата не ти е на место, не се раѓаме ниту со облека, па ајде сега голи да одиме нели, природно е?
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
... па да, може „на бебе“ да се примени, но на веќе оформени нозе кои се научени толку години на друга обувка, да се префрли преку ноќ на ваква обувка не само коските ќе претрпат шок при трчање туку и Ахиловата пета, зглобот ...спредбата не ти е на место, не се раѓаме ниту со облека, па ајде сега голи да одиме нели, природно е?
Едно е обувка, друго е облека. Ама во секој случај и едното и другото треба да направат најприродно да се чуствуваш. Имаш право за тоа дека неможе туку така одеднаш да се префрли човек на вакви обувки, ама најверојатно со тек на време можеби можат да ми направат добро на нозете и телото.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.627
Поени од реакции
34.814
Едно е обувка, друго е облека. Ама во секој случај и едното и другото треба да направат најприродно да се чуствуваш. Имаш право за тоа дека неможе туку така одеднаш да се префрли човек на вакви обувки, ама најверојатно со тек на време можеби можат да ми направат добро на нозете и телото.
...како сакаш, ама после да не трчаш по физикална терапија ... ако ги применуваш дома или онака за штос може некако, ама да ги замени класичните патики мислам само беља ќе си донесеш!

Do Vibram Fivefingers Increase Risk of Foot Stress Fractures ! клик!
...пред неколку недели студијата под наслов „Едем на коскената срж на нозе од примена на -minimalist running shoes“...

,,..Триесет и шест искусни рекреативни тркачи подлегнаа на магнетна резонанца (МРИ) пред и по 10-wk период. Седумнаесет испитаници биле во контролната група (во традиционалните чевли одеа само 10 wk), додека другите 19 биле во експерименталната група (постепено се префрлале на чевли за Vibram FiveFinger за 10 wk). Тежината на едемот на коскената срцевина беше постигната во опсег од 0-4 (0 = не едем на коскената срж, 4 = едема во повеќе од 50% од должината на коската). Резултат од 4 претставува фрактура на стрес...,,

,,Runners interested in transitioning to minimalist running shoes, such as Vibram FiveFingers, should transition very slowly and gradually to avoid potential stress injury in the foot.,, клиничка студија, клик!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Едно е обувка, друго е облека. Ама во секој случај и едното и другото треба да направат најприродно да се чуствуваш. Имаш право за тоа дека неможе туку така одеднаш да се префрли човек на вакви обувки, ама најверојатно со тек на време можеби можат да ми направат добро на нозете и телото.
Има луѓе што завршиле маратони трчајќи боси. Не е важно со што трчаш, туку како трчаш ама не верувам дека ти трчаш маратони, така што по долго истражување на оваа сфера зошто и јас имам рамни стапала, ти ги препорачувам овие обувки.

А и тоа што првично го пишав е точно, никогаш во животов немам облечено папучи на нозе за по дома, навистина никогаш и немам никаков проблем со циркулација, никогаш не ми биле нозете ладни, за разлика од луѓево што нонстоп преку зима го држат стапалото во папуча и се увек смрзнати
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Има луѓе што завршиле маратони трчајќи боси. Не е важно со што трчаш, туку како трчаш ама не верувам дека ти трчаш маратони, така што по долго истражување на оваа сфера зошто и јас имам рамни стапала, ти ги препорачувам овие обувки.

А и тоа што првично го пишав е точно, никогаш во животов немам облечено папучи на нозе за по дома, навистина никогаш и немам никаков проблем со циркулација, никогаш не ми биле нозете ладни, за разлика од луѓево што нонстоп преку зима го држат стапалото во папуча и се увек смрзнати
Циркулацијава може и пресуден фактор да е. Јас сум цело време со смрзнати нозе, дури и во лето. Да не прајме муабет уствари колку преудобно и преслободно би се чуствувал човек само од помислата дека всушност бос се шета кај ќе му текне. Прај муабет со професор или шеф, бос.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Циркулацијава може и пресуден фактор да е. Јас сум цело време со смрзнати нозе, дури и во лето. Да не прајме муабет уствари колку преудобно и преслободно би се чуствувал човек само од помислата дека всушност бос се шета кај ќе му текне. Прај муабет со професор или шеф, бос.
Почни да шеташ боса што повеќе можеш во текот на годината, ќе се научат стапалата на дразби и ќе видиш подобрувања, еве од лично искуство зборам :) мене несфатливо ми е носењето папучи по дома
 
Kajgana Shop

На врв Bottom