Ванс платнените патичиња им се штосни, ама воопшто не се удобни, тврда е подлогата доле. Зборам за типот на модели како
овие. Е сега сум имал едни Ванс многу одамна, купени во Беверли во Меднес продавница, што одамна не работи, тие не беа платнени ниски вакви, туку беа височки, тие воопшто немаа тврда подлога и ми беа топ патики. Не можам да ги најдам на интернет, веројатно правеле поквалитетни порано, сега кога се во мода и секој втор носи, ги ставаат на продажба исклучиво овие неудобните.
Друга работа, Адидас тие Стен Смит или како и да се викаа белите со зелено СЕ НАЈУЖАС патики на планетата земја. Најпрво јас не знам како може да се носи нешто што секој друг човек го има, и машки и женски гледам вакви носат, како ве исполнува да носите нешто што сите околу тебе го имаат, немате ли потреба да сте поразлични. Не ја сфаќам модата, а патиките ми се тотално ништо посебно, исто како едно време блага ретардација што беше сите женски бели стартки. Е сега за квалитетот, едно другарче ми ги даде на едно излегување дека ист број носиме, патиките се премногу неодубни, на прстите се претесни, и прстите дур ги носев ми беа еден преку друг и си правев рани од што ми беа набиени. Значи патикиве немаат доволно место за сите прсти напред на ногата, кој к....
Air Max се топ патики, особено осетив колку се добри, кога играв кошарка и моментот кога се призејмуваш после скок, со многу патики ми бил како стрес неудобност, со максиците ми беше како на душек да си рипкам со боси нозе.