Какви патики носите?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Ич не се грди.Баш се убави и удобни. :)
Дали се грди, е субјективна работа. Можеби мене тие што ми се убави, другому ќе му бидат грди.
Инаку, верувам дека се удобни.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489


Од вчера, ги земав за на работа, ваму таму.

Иначе пролетоска постирав за тие Аsics Gel Contend-от што ги купив, поексплоатирани патики ако има на светов еве на, дури сега почна внатрешноста да попушта и да се познава сунѓерот. Некаде ~700 км имам претрчано со нив од априлот навака, што по стаза, што по песок, што по бекатон и ѓонот, гелот поточно уште гајле си нема :D ако ви треба некоја средна класа патика за трчање, препорачувам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ептен се издржливи овие Најк. Жена ми ги имаше околу 2-3 години. Не се скинаа и така ги фрли од што веќе и здосадија.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.780
Поени од реакции
7.518
колку се грди овие најк ер максис
Aко мислиш на Air Max зaвиси кој е моделот и дизајнот, има различни модели и дизајни. Мене тие како за трчање спортските ич на изглед не ми се допаѓаат, ама ваков тип air max патика ми се допаѓа


Таквиот тип патики со перничиња се удобни за оние луѓе со рамни стапала тие што долго време стојат на нозе бидејќи се подигнати малку а сепак не се толку високи како топуцине женска кондура.

Поудобно од таква патика немам носено. Јас имам рамни стапала.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Ванс платнените патичиња им се штосни, ама воопшто не се удобни, тврда е подлогата доле. Зборам за типот на модели како овие. Е сега сум имал едни Ванс многу одамна, купени во Беверли во Меднес продавница, што одамна не работи, тие не беа платнени ниски вакви, туку беа височки, тие воопшто немаа тврда подлога и ми беа топ патики. Не можам да ги најдам на интернет, веројатно правеле поквалитетни порано, сега кога се во мода и секој втор носи, ги ставаат на продажба исклучиво овие неудобните.

Друга работа, Адидас тие Стен Смит или како и да се викаа белите со зелено СЕ НАЈУЖАС патики на планетата земја. Најпрво јас не знам како може да се носи нешто што секој друг човек го има, и машки и женски гледам вакви носат, како ве исполнува да носите нешто што сите околу тебе го имаат, немате ли потреба да сте поразлични. Не ја сфаќам модата, а патиките ми се тотално ништо посебно, исто како едно време блага ретардација што беше сите женски бели стартки. Е сега за квалитетот, едно другарче ми ги даде на едно излегување дека ист број носиме, патиките се премногу неодубни, на прстите се претесни, и прстите дур ги носев ми беа еден преку друг и си правев рани од што ми беа набиени. Значи патикиве немаат доволно место за сите прсти напред на ногата, кој к....

Air Max се топ патики, особено осетив колку се добри, кога играв кошарка и моментот кога се призејмуваш после скок, со многу патики ми бил како стрес неудобност, со максиците ми беше како на душек да си рипкам со боси нозе.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705
Adidas traserocker GTX vs.Nike Air Max?Koi se podobri ,mislam seojdnevno nosenje za pretstojniot period kraj na zima I pocetok na prolet?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom