КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
Мистеријата за гробот 170
Скопје изобилува со низа мистерии. Во недостаток на историски пишани документи или артефакти, разните преданиа за познати личности, настани или необични случки, прераснаа во урбани легенди. Една од нив е тајната која е поврзана со местото во скопската чаршија каде се наоѓа гробот на освојувачот на Скопје Меддах – баба, а каде до неодамна имало извори на лековита и света вода.
За ова место се поврзуваат и Игат паша и Гази Евренос.
Но она што го привлекува нашето внимание е легендата во која се раскажува дека на ова место е погребан Џалинос, арапски превод на прочуениот лекар Гален (Галениус). Иако официјалната историја смета дека Гален починал во Рим, некои податоци кои историјата ги забележала говорат дека овој прочуен светски лекар засекогаш исчезнал токму на патот помеѓу Рим и Цариград.
Официјалните биографски податоци за Гален (Aelius Galenus или Claudius Galenus) ни откриваат дека е роден во 129 година од н.е. во Пергам, деннешна Турција, а умрел во 199 / 217 година од нашата ера. Како син на богат патрициј, архитект и градител Aelius Nicon, Гален се здобил со сеопфатно образование од областа на анатомијата, физиологијата, патологијата, фармакологија, неврологија, филозофија и логика, што во понатамошниот живот ќе му овозможат успешна кариера на лекар, хирург и филозоф. Образованието го стекнал во Пергам, Смирна, Коринт и Александрија. По неговото враќање во родниот град станал главен доктор на гладијаторите во 157 година од н.е. За Рим заминал во 162 година и останал до 166 година кога се вратил во Пергам. По три години повторно се вратил во главниот град на Римската империја каде што останал да живее до крајот на својот живот. Подоцна во Рим се спријателил со императорот Марко Аврелиј.
Помеѓу клучните придонеси за медицината се и откритија на Гален поврзани со кардиоваскуларниот систем. Тој е првиот кој забележал дека има разлика во боите на Венската и крвниот крв. Гален бил брилијантен хирург и правел многу операции на живи луѓе. Како познат лекар работел кај истакнати членови на римското општество а крајот станал и личен лекар на неколку римски цареви. Напишал околу 300 дела од кои 150 останале. Како што биле преведувани, неговото влијание се ширело во Византиската империја, Арабија и потоа низ Западна Европа.
Податоците кои говорат за годината и местото на смрта на Гален се различни. Според верзијата од лексиконот Суда, Гален починал на возраст од 70 години, па затоа за година на смрта се зема 199 г. од н.е., но според арапските извори Гален живеел 87 години и тие за година на смрта ја земаат 217 г. од н.е.. Еден дел од западните автори се согласуваат со арапската теорија дека Гален подолго живеел, но 216 ја земаат за година на неговата смрт.
Различните податоци кои се сретнуваат во историјата најчесто се резултат на погрешното или тенденциозно препишување и преведување на оргиналните текстови од латински на грчки јазик во времето на Византиската империја, најчесто со децении или векови покасно од настанот. Сето тоа допринело денес да имаме искривена слика за многу настани кои се случиле во историјата.
Од овие причини, легендата дека Џалинос (Гален) можеби починал и е погребан во Скопје, не треба туку така едноставно да се отфрли, ниту пак да се земе здраво за готово. Дека постои таква можност ни говорат и истражувањата на професорот Иван Микулчиќ кои ги објавува во публикацијата „Старо Скопје со околните тврдини“ објавена во 1982 година. Микулчиќ правејќи историски осврт на развојот на градот Скупи, ќе ја отвори и „мистеријата на гробот 170“.
Во делот каде професорот Микулчиќ ги опишува некрополите и погребните наоди тој ќе запише: „Во гробот 170 бил закопан еден учен лекар, со своите хируршки инструменти и лекови во метални кутии. Тајните ги понел со себе на оној свет. Ова е засега трет ваков случај во цела Европа. Скупскиот хирург умрел во II половина од II век и несомнено бил ученик на големиот Гален, татко на модерната хирургија и медицина. Покрај гробот на хирургот, во мал мермерен саркофаг заштитен со три слоја капаци, најдовме скелет од мало девојче, дарувано со многу сребро, со златен накит и 75 златни ламини и апликации. Левата потколеница му недостигаше. Можеби се работи за безуспешен обид на таткото хирург, со ампутација да го спаси? Крај саркофагот на девојчето истовремено било закопано мало робинче, без дарови, стуткано како куче во обична дупка и покриено со искршени ќерамиди.“
Од заклучокот на професорот Микулчиќ може да се види дека времето во кое е извршено погребувањето во гробот 170, втората половина од II век, приближно се поклопува со времето на смртта на Гален (199 – 217). Меѓутоа професорот Микулчиќ во недостаток на конкретни докази само претпоставува дека хирушките инструменти и лекови му припаѓаат на ученик на Гален и дека тој е татко на малото девојче со ампутирана нога погребано до него. Сепак тоа не ја исклучува можноста дека во гробот 170 можеби е погребан самиот татко на модерната хирургија, Гален.
Дозволувајќи си да ги поврземе наодите во некрополата во Скупи со легендата за Џалинос, не наведува на една друга претпоставка за можниот развој на настаните во тоа време. „На поминување низ Скупи, познатиот хирург бил замолен од некој висок преставник на локалната цивилна или воена власт да ја излекува неговата ќерка, која била негувана во близина на тврдината на скопско „Кале“, денешната Чаршија, на местото каде постоела лековита и света вода. Неуспешниот обид на хирургот да го спаси животот на девојчето, го платил со сопствениот живот. Бил закопан покрај девојчето како што било закопано и малото робинче“.
Во недостаток на пишани или други материјални докази, ваквите реконструкции на настани од историјата, остануваат само на претпоставки, а неразјаснетата мистерија на гробот 170 и легендата на Џалинос (Гален) како урбани легенди уште долго време ќе го привлекуваат вниманието на јавноста.
Каде е закопан Ѓорѓи Карев?
Братот на Никола Карев, Ѓорги, по Втората светска војна е осуден и затворен во Идризово, од каде што никогаш не излегол. Така семејството Кареви се соочило со една необјаснива игра на судбината: цел живот се бореле за македонската државност, но токму таа Македонија го ликвидирала братот на претседателот на Крушевската Република. Каде се закопани коските на Ѓорги е мистерија што до денешен ден не е решена.
Има повеќе теории, еве неколку
Плиток гроб
Еден затвореник, Албанец, Емин Роши, многу години подоцна му кажувал дека Ѓорги бил погребен набрзина во некакви тајни затворски гробишта, но гробот бил плиток, па му се гледале рацете и нозете над земјата. Некој од надзорниците им наредил на двајца затвореници да му ги искршат рацете и нозете за да пропаднат под земјата, да се покријат.
Инаку, Ѓорги, како шеснаесетгодишно момче учествувал во Илинденското востание во борбата кај месноста Слива, а постариот брат на Никола, Петруш, бил член на Штабот на крушевските востаници. Со тоа, Ѓорги бил учесник и сведок на битката што за многумина е поепска, но и посурова и од таа на Мечкин Камен, а Петруш, меѓу другото, бил сведок и на последната расправа помеѓу Никола Карев и Питу Гули, пред вториот да тргне кон својата последна битка. Семејството Кареви во борбите за ослободување на Македонија има дадено седум жртви, војводи и обични борци. И покрај тоа, чудната омраза кон Кареви, според Мише, траела со години, па затоа дури и коските на Никола Карев завршија поттурнати под скалите на споменикот „Македониум“ на Гумења.
Кога по војната во Крушево се славело Илинденското востание и Крушевската Република, централната власт, а пред сé локалните послушници, речиси редовно се погрижувале семејството Кареви да биде понастрана од прославата, особено од главната бина. Според сеќавањата на Мише, на првата прослава на Илинден по ослободувањето, постариот брат на Никола Карев, Петруш, бил поканет на свеченоста.
Песочно островче
„Дојдоа некои луѓе и го поканија да отиде на прославата. Го викнаа дури и да се качи на бината. Таму беа сите тогашни врвни раководители. Меѓутоа, кога некој од нив забележал дека на бината е и Петруш, братот на Никола Карев, веднаш наредил да го симнат долу. И го симнаа среде прослава. Кога заврши прославата, повторно преку посредници беше поканет да оди на свечен ручек. Ми кажа дека го канат, а јас му реков да не оди, оти повторно ќе си играат со него, ќе го омаловажуваат и потценуваат. Тој се согласи со мене, но по извесно време повторно дојдоа гласниците, и чичко Петруш мораше да тргне со нив. Само што стигнал, ја кренал чашата за да наздрави, некој од политичарите наредил да го отстранат од масата. Чичко ми си дојде посрамен и со солзи во очите. И никогаш веќе не отиде на прослава на Илинденското востание“, сведочеше Мише Карев, кој, како што стои во неговото полициско досие, уште од 1951 година бил следен од ОЗНА односно УДБА, а подоцна одлежал и 18 месеци затвор за идејата за самостојна и независна Македонија.
Најстариот брат на претседателот на Крушевската Република, Петруш Карев, успеал да ги надживее двајцата свои браќа и покрај сите малтретирања и голготи што ги поминал во животот. Умрел во 1968 година. Според внукот Мише Карев, старецот си заминал од овој свет со голема болка во душата поради недостоинствениот и понижувачки однос на македонската власт кон брат му Никола, но и поради судбината на Ѓорги, кој беше убиен од властите на македонската држава, за која целото семејство со децении се борело.
Некои тврдења упатуваат на тоа дека во времето кога Ѓорги е ликвидиран, на средината на реката Вардар која минува близу затворот Идризово, се наоѓал мал песочен остров и дека е можно таму да биле закопани убиените затвореници за кои властите сакале да им се изгуби трагот. Подоцна реката го однела малото островче и со тоа оневозможила да се открие дали, меѓу другите, таму се и коските на Ѓорги Карев.
Атентатот врз Глигоров
Можеби ова не претставува некоја мистерија, но сепак ќе ја напишам
Разнесеното ами бомба, уништениот мерцедес на претседателот Глигоров и се уште неоткриените атентатори полека 15 години по експлозијата кај Бристол стануваат мит.
Атентаторите биле прецизни како хирурзи и не сакале да предизвикаат големи жртви меѓу граѓаните. Искуство за вакви атентати немало во балканските тајни служби, а многу од инволвираните во истрагата починале-сметаат експертите.
-Балканските тајни служби и групациите кои условно се занимаваат со ваква работа кај нас немаат искуство со тој тип на правење експлозивни направи. Ами -8 како возило е многу интересно бидејќи е единствено возило во свет составено од делови сите поврзани со шрафови и всушност целото по експлозија се претвора во шрапнел. Со игра на случај или не почина истражниот судија, многу инволвирани во истрагата, некогашниот раководител на управата за државна безбедност.- изјави Зоран Доревски, тогашен заменик раководител на Службата за државна безбедност.
Се помалку интерес на надлежните за расветлување, па младите криминолози и воените ветерани побараа да се решава атентатот. Актуелни владини претставници и клучни функционери од времето на атентатот не беа заинтересирани за нивната дебата и не дојдоа. По атентатот, беше сменет Милошевиќ, беше убиен Ѓинѓиќ и се случија серија убиства на Балканот.
- Ова отвора прашање дали сите убиства и атентати се поврзани и некој се обидува да ја замајува јавноста со нерешевање на случајот со атентатот врз претседателот Глигоров. –вели генералот во пензија Илија Николовски и претседател на Здружение на воени ветерани.
За експертите мотив за атентат врз претседател е менување на политички прилики. Атентатот се случува во време кога е потпишана Времената спогодба со Грција и кога претседателот на Македонија има реална власт за разлика од наследниците на Глигоров.
-Се пишуваше и одредени интелектуалци предлагаа да има рекомпонирање на власта и коалицијата , па да му се одземат ингеренции на претседателот и да се дадат на владата. Никој не испита дали тоа рекомпонирање е поврзано со атентатот- изјави на трибината, пратеникот Стојан Андов кој во време на атентатот (03-ти октомври 1995-та) беше претседател на Собранието.
Остануваат и приказните за лошо водена истрага, 15 години подоцна атентаторите се на слобода, а атентатот се уште е мистерија.