Ретко кој знае што навистина бара. За нешто што си мислел дека никогаш нема да те привлече, во моментот ќе ти се најде толку интересно.
Мислам дека се во животот е многу поврзано со детството, се влече корени од таму, и тоа какво воспитување си имал. Жените што не добиле љубов и афект од таткото, на секој можен начин и во секој еден го бараат тоа. Затоа се спремни да бидат со мажи што ќе ги третираат како ѓубриња, спремни да трпат се и сешто и да викаат да, да на секој муабет, оти се научени дека се треба да се истрпи зашто не можат и не знаат за подобро. Нажалост.
Даваат секс за да добијат љубов, а не обратно. Најголемите фрустрации потекнуваат од себичноста на луѓето имам пишувано веќе за ова, што сакаат да бидат со некој што сакаат они, без разлика дали се комплементарни дали си одговараат и идат со главата у зид, се зимаат па држ недај прават деца па се разведуваат и после децата патат.
Ако мене ме прашате каков-ме привлекува некој што го привлекувам и јас.Треба да сме свесни дека совршенство не постои и не може да го бараме.
И не се сите исти, ако после многу љубовни разочарувања патиме, криви сме си самите што бараме секогаш еден ист тип на луѓе, иако во голем број од случаи не зависи од нас, тоа е подсвесно ко горе што спомнав.