Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.859
Поени од реакции
10.702
Ме нервираат луѓе кои се преценуваат и се однесуваат како де се подобри од сите други, луѓе кои се прават многу паметни а имаат IQ колку температурата во зима, луѓе кои се газолизци и безкичмењаци, лигави луѓе на кои се нешто не им е погодено и сите треба да им одат по газот, тврдоглави, себични итн.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Ме нервираат неразбрани луѓе
ооо и то како , баш преска се расправав со една , и не можиш да му објасниш како било , ај да била таја сама со тебе , ама имаше уште двајца , и сега кај јас и плус уште две и објаснуваме дека не беше така и таја не бре брате , не беше така...и му рекоф џабе и објаснувате неможи да се разбери чоек со незе ко че се запни во нешто нема шанси да остапи , го гледа небото дека е плаво и другиве и вела дека е плаво а таја упорно тврди дека е цвено , го држи коњо за мадина и вели дека е кобила....
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
ооо и то како , баш преска се расправав со една , и не можиш да му објасниш како било , ај да била таја сама со тебе , ама имаше уште двајца , и сега кај јас и плус уште две и објаснуваме дека не беше така и таја не бре брате , не беше така...и му рекоф џабе и објаснувате неможи да се разбери чоек со незе ко че се запни во нешто нема шанси да остапи , го гледа небото дека е плаво и другиве и вела дека е плаво а таја упорно тврди дека е цвено , го држи коњо за мадина и вели дека е кобила....
Ја имам другар што до ден денешен не можам да му ја објаснам разликата помегу планета и звезда .... и дечкото покрај тоа што 10 души му ја викаат истата работа уште е убеден дека венера е звезда а не планета :)

А на работа секој ден си имам идиоти .... книга можам со бисери од муштерии да напишам ... еве баш во моментов еден ми вика му бликирал компјутерот .... дечкото 100 табој со порничи отворено , на скајп се гледа , игра покер и кузнај уште што чуда има изотворено и му сецкало .....и ја крив , е ај сеа :confused:
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ја имам другар што до ден денешен не можам да му ја објаснам разликата помегу планета и звезда .... и дечкото покрај тоа што 10 души му ја викаат истата работа уште е убеден дека венера е звезда а не планета :)

А на работа секој ден си имам идиоти .... книга можам со бисери од муштерии да напишам ... еве баш во моментов еден ми вика му бликирал компјутерот .... дечкото 100 табој со порничи отворено , на скајп се гледа , игра покер и кузнај уште што чуда има изотворено и му сецкало .....и ја крив , е ај сеа :confused:
овакви не ме нервираат, глупи се и ми служат за подсмев
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
На офф-нет го има текстов, а оригиналниот линк е ова - http://www.6yka.com/novost/40210/slobodan-jovanovic-o-poluintelektualcu

Околу темава - Е ВАКВИ ЛУЃЕ МЕ НЕРВИРААТ! И не само што ме нервираат, туку буквално ми го загрозуваат просторот и времето во кое живеам....

За духовниот саморазвој
ШТО Е ТОА „ПОЛУИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ“?


Искрено, за Слободан Јовановиќ немавме чуено. Роден 1869, тој бил правник, историчар, писател и политичар на некогашното Кралство Југославија. Преземаме негов текст, од книгата „Прилог за проучување на српскиот национален карактер“, за еден специфичен вид интелект, кој одлично му легнува и на Македонецот.


Земајќи го во неговиот најпотполн и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо. Дали заради неговата вродена неспособност, или заради маните на школскиот систем, тој не добил поттик за духовно саморазвивање. Духовните вредности воопшто не ги разбира и не ги цени. Тој сè цени според тоа колку придонесува кон успех во животот, а успехот го разбира во „чаршиска" смисла, значи сосема материјалистички. Со останатите духовни вредности ја отфрла и моралната дисциплина, но не сосема, затоа што прекршувањето на таа дисциплина повлекува кривична одговорност. Сепак и во морален, како и во културен поглед, тој во основа останал примитивец. Неомекнат од културата, а со олабавена морална кочница, тој има сирова снага на претек. Школската диплома, како влез во кругот на интелигенцијата, му дала претерано високо мислење за самиот себе.
Во општествениот натпревар тој дипломиран примитивец се бори без скрупули, но со целосно убедување дека само го бара своето право, кое училиштето му го признало. Тој ги потиснува соперниците немилосрдно, како да не се живи суштества туку материјални пречки. Тој е добар „лакташ" - израз кој премина во општа употреба истовремено со појавата на полуинтелектуалците. Да претпоставиме дека во него се разбудила политичка амбиција, и дека успеал да стане министер. Таа позиција можел да ја зграпчи само преку силно буткање и стрмоглаво јуришање, и затоа смета дека таа сега е нешто „негово".

Од тоа свое достигнување, или подобро кажано плен, ќе гледа да извлече што е можно повеќе личен ќар. Ќе биде корумпиран, но нема да биде сосема свесен за тој факт: толку тоа ќе му изгледа природно и на свое место. Еден полуинтелектуалец, кога чул дека се зборува за негова оставка, рекол: „Кој е луд, да се откажува од полна чинија?!" Нему му изгледало непојмливо човек да не ја користи министерската позиција, како што било непојмливо човек крај полна чинија да остане гладен. Политичката амбиција на еден полуинтелектуалец всушност и не е политичка. Таа се состои само во тоа човек преку политика да се збогати, и на високи функции да си мине господски. Тој не ни знае за некакви повисоки и поопшти цели. Дури кога полуинтелектуалецот ќе избие на врв на политичкиот успех, се гледа колку тој морално закржлавел. Покрај полуинтелектуалецот кој успеал, постои и полуинтелектуалец кој не успеал. Како веќе вистински интелектуалец, невработен или запоставен, тој е готов опозиционер. Полуинтелектуалецот во таква ситуација е уште поопасен, бидејќи тој не знае за никакви морални обѕири кои би ја ублажиле неговата огорченост. Оттаму не беше случајно што голем број разочарани полуинтелектуалци заминаа во комунисти (авторот е починат 1954 - заб.прев.).
Полуинтелектуалецот е болна општествена појава, која обелоденува две работи:
- дека културната матрица е потребна за дополнување на националниот и политички образец, што особено се чувствува тогаш кога тие два обрасци ќе почнат да слабеат;
- дека школата која се ограничува на давање знаење, без истовремено воспитување на карактерот, не е во состојба да спречи појава на таков општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.
 
Член од
2 јуни 2013
Мислења
83
Поени од реакции
42
Ме нервираат луѓе кои се дволични,се фалат,лажговци,од оние кои мислат дека се знаат и се прават како се да знаат,и тие што се преправаат или си мислат којзнае кој се ;)
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Ова е веќе за кај господинот Иван случај.
Мачорот му е таков каков он го има направено и точка! Кого со стапче во досадни денови ќе чешка (таму кај не треба да го чешка) ако не мачорот?
Имајте малку милост, одма лекови барате...

п.с. На темата, освен последните две другите сите ме нервираат.
 
C

Creating.

Гостин
Најмногу што мразам е некој човек преполн кој е со негативна енергија и се наоѓа во моја близина.
Едноставно, неможам таквите да ги поднесам ни 1 минута да ми се во близина. Со нивните песимистички разговори,жалења пробуваат нивната негативна енергија да ја наметнат, но на друг начин се справувам со нив и едноставно не сакам да ги видам.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.638
Поени од реакции
31.857
Луѓе кои ме прашуваат кога доаѓа време за колоквиуми, до кај сум со читање :tapp:
Демек се мериме ти текнува, или трка е ова. А јас можи планирам да паднам да речиме.
Истиве обично се досадни, па освен еднаш во денот се случува да постават исто прашање и по два пати во денот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
skopjani dojdeni od selo pred nekoja godina koi nejkat seljaci da im go trujat skopjeto nivno milo
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Нај неподносливи луѓе се некои влезени у тежок филм , тие си мислат се кои знае што се дуваат , претежно тинејџери па тоа кога гледам на фб тоа е све удрено со мокра чорапа , изнасликани у вециња по кафичи ,дискотеки девојчиња од 15 год , а машките сите станаа развиени стаиле слики таму рекламација на стомачни тој сирот 20 кг со се кревет и тоа од арматура (војнички ) па уште кога ќе видам доле коментари и лајкови :facepalm:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Луѓе на кои што мислите не им се поклопуваат со зборовите и делата.
 
Член од
2 јуни 2013
Мислења
83
Поени од реакции
42
Најмногу што мразам е некој човек преполн кој е со негативна енергија и се наоѓа во моја близина.
Едноставно, неможам таквите да ги поднесам ни 1 минута да ми се во близина. Со нивните песимистички разговори,жалења пробуваат нивната негативна енергија да ја наметнат, но на друг начин се справувам со нив и едноставно не сакам да ги видам.
И луге кој ти ги кажуваат своите проблеми :facepalm: :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom