Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Член од
17 април 2013
Мислења
95
Поени од реакции
187
то пекол жешко е, тој марама има врзано :D
--- надополнето: 21 април 2013 во 13:47 ---
Каков тип на луѓе не поднесувате?
Зошто таков тип на луѓе не сакате?
Дали имате некои блиски што спаѓаат во групата на такви луѓе?
Наивни. Пошо жал ми е да ги реметам. Јас. :(
--- надополнето: 21 април 2013 во 13:51 ---
Каков тип на луѓе не поднесувате?
Зошто таков тип на луѓе не сакате?
Дали имате некои блиски што спаѓаат во групата на такви луѓе?
Намќори. Пошо у старт ми пропаѓа шалата. Да, и сакам да ги нема. :гомце:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
то пекол жешко е, тој марама има врзано :D
--- надополнето: 21 април 2013 во 13:47 ---

Наивни. Пошо жал ми е да ги реметам. Јас. :(
--- надополнето: 21 април 2013 во 13:51 ---

Намќори. Пошо у старт ми пропаѓа шалата. Да, и сакам да ги нема. :гомце:
zena i sala tie dve raboti ne mozam da gi spojam :/
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не сакам социопати и психопати, бездушници. Некако се намножија во последно време. Не сакам лица кај кои секој потег и контакт е пресметан за остварување некаква корист и кои се толку проѕирни што станува и смешно и одвратно кога си во нивна близина.
Бедно ми изгледаат оние што по секоја цена сакаат да се издвојат и глумат некаква недостижна уникатност, потсмевајќи се на се околу себе.
Ми пречат лица чиј животен успех според сите мерила е подпросечен, а тие мислат дека се некаква вертикала, па солат памет кај ќе стигнат и кому ќе стигнат, за работи за кои чуле некаде и од некого.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.790
Поени од реакции
1.174
Луѓе со негативна енегрија , дволични , себични , егоцентрични , преваранти .. и и и луѓе без ( Чаршиски факултет )
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Лажговци, себичњаци, оние што мислат дека се знаат, уфурани до бескрај, луѓе со негативна енергија и дволични луѓе. :)
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
286
Поени од реакции
332
Не дека ме нервираат,ама сепак не ги поднесувам :D ..
...дволичните
Маженцата кои разговараат поженствено од сите жени,...штрафцигерчето,камиончето,ноженцето :facepalm:
Аман ебаго,освен демунитив друго не постои?
Камионот попрво е камиониште отколку камионченцето :sick:
А истите тие демунитив батковци ми се уште повеке антипатични кога,се идеални татковци,сопрузи,мајстори,танчери,машинобравари,психолози,љубовници...ма мажи без маана ама некако само од нивен аспект оти светот не ги разбира никако.Баш чудно нели?:свиркам:
Иначе плус ме нервира на моменти и колегата на работа.Тој 18 години наводно бил чорбаџија оти држел кафе бар ама секогаш си прашува дали еспресото е со млеко или без млеко.:eek:
Ме нервираат неиживеани лица,кои се шлепаат на кредитните картички на родителите а наводно животот им е многу тежок и тие се успешни бизнисмени уште на свои 18.
Од пуста завидлива душа ме нервираат и дадички кои со висина на месечни примања купува брендирани парчиња од минимум 3 од по 4000денари.Од пуста завис ова,не од друго :LOL:
Ајде да не испаднам многу нервозен тип на човек,останатите 100 што ме нервираат,нема да ги напишам.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Бaвни, мрзливи луге..
Можеш дa зaмислеш мaж 2м со широки рaмењa, АРСЛАН БРЕ :icon_lol: место дa грми, тој си лепи срценцa у коментaри и и пишувa нa девојкaтa ,,и јaс те лофкaм цуци'' awwwwwwwwww :mad: Лофкaм??????? цуци??????
Не поднесувaм луге кои ми се обрaќaaт со ,,срце, маче, или бејби'' (нaјвеке познaнички, со кои сум седелa дaли и 3 пaти у мојот живот)
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.921
Поени од реакции
11.298
Многу од наведениве профили, али највеќе во последно време ме нервираат луѓе со партиско-испрани мозоци. Објаснуваш даваш факти, али тие си тераат со истиот муабет што им го наложил пастирот, како на лента да се снимиле и rec i play само иде.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Од сите наведени дефинитино најмногу луге со негативна енергија
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Многу од наведениве профили, али највеќе во последно време ме нервираат луѓе со партиско-испрани мозоци. Објаснуваш даваш факти, али тие си тераат со истиот муабет што им го наложил пастирот, како на лента да се снимиле и rec i play само иде.

Тие не те ни слушaaт aко не се совпaѓa твоето мислење со нивното :)
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Шмизли и дигнати грди и дебели девојки кои немаат што да понудат а бараат премногу.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Негативни мрчала, шо се’ нешто не им е како што треба, не прават ништо да сменат нешто, туку остануваат забодени во своите фрустрации и болки и трујат се’ околу себе.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
има повеќе типови на луѓе кои ми лазат по нерви, али у последно време е типот на луѓе кој секогаш се' знае, надмен е, секогаш е во право (иако пред 5 мин кажал сосема спротивно) ...... а уште и да ти е шеф, .... гррррррррррррррр
 

Kajgana Shop

На врв Bottom