- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Ме нервираат неразбрани луѓе
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ме нервираат неразбрани луѓе
ооо и то како , баш преска се расправав со една , и не можиш да му објасниш како било , ај да била таја сама со тебе , ама имаше уште двајца , и сега кај јас и плус уште две и објаснуваме дека не беше така и таја не бре брате , не беше така...и му рекоф џабе и објаснувате неможи да се разбери чоек со незе ко че се запни во нешто нема шанси да остапи , го гледа небото дека е плаво и другиве и вела дека е плаво а таја упорно тврди дека е цвено , го држи коњо за мадина и вели дека е кобила....
овакви не ме нервираат, глупи се и ми служат за подсмевЈа имам другар што до ден денешен не можам да му ја објаснам разликата помегу планета и звезда .... и дечкото покрај тоа што 10 души му ја викаат истата работа уште е убеден дека венера е звезда а не планета
А на работа секој ден си имам идиоти .... книга можам со бисери од муштерии да напишам ... еве баш во моментов еден ми вика му бликирал компјутерот .... дечкото 100 табој со порничи отворено , на скајп се гледа , игра покер и кузнај уште што чуда има изотворено и му сецкало .....и ја крив , е ај сеа![]()
За духовниот саморазвој
ШТО Е ТОА „ПОЛУИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ“?
Искрено, за Слободан Јовановиќ немавме чуено. Роден 1869, тој бил правник, историчар, писател и политичар на некогашното Кралство Југославија. Преземаме негов текст, од книгата „Прилог за проучување на српскиот национален карактер“, за еден специфичен вид интелект, кој одлично му легнува и на Македонецот.
Земајќи го во неговиот најпотполн и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо. Дали заради неговата вродена неспособност, или заради маните на школскиот систем, тој не добил поттик за духовно саморазвивање. Духовните вредности воопшто не ги разбира и не ги цени. Тој сè цени според тоа колку придонесува кон успех во животот, а успехот го разбира во „чаршиска" смисла, значи сосема материјалистички. Со останатите духовни вредности ја отфрла и моралната дисциплина, но не сосема, затоа што прекршувањето на таа дисциплина повлекува кривична одговорност. Сепак и во морален, како и во културен поглед, тој во основа останал примитивец. Неомекнат од културата, а со олабавена морална кочница, тој има сирова снага на претек. Школската диплома, како влез во кругот на интелигенцијата, му дала претерано високо мислење за самиот себе.
Во општествениот натпревар тој дипломиран примитивец се бори без скрупули, но со целосно убедување дека само го бара своето право, кое училиштето му го признало. Тој ги потиснува соперниците немилосрдно, како да не се живи суштества туку материјални пречки. Тој е добар „лакташ" - израз кој премина во општа употреба истовремено со појавата на полуинтелектуалците. Да претпоставиме дека во него се разбудила политичка амбиција, и дека успеал да стане министер. Таа позиција можел да ја зграпчи само преку силно буткање и стрмоглаво јуришање, и затоа смета дека таа сега е нешто „негово".
Од тоа свое достигнување, или подобро кажано плен, ќе гледа да извлече што е можно повеќе личен ќар. Ќе биде корумпиран, но нема да биде сосема свесен за тој факт: толку тоа ќе му изгледа природно и на свое место. Еден полуинтелектуалец, кога чул дека се зборува за негова оставка, рекол: „Кој е луд, да се откажува од полна чинија?!" Нему му изгледало непојмливо човек да не ја користи министерската позиција, како што било непојмливо човек крај полна чинија да остане гладен. Политичката амбиција на еден полуинтелектуалец всушност и не е политичка. Таа се состои само во тоа човек преку политика да се збогати, и на високи функции да си мине господски. Тој не ни знае за некакви повисоки и поопшти цели. Дури кога полуинтелектуалецот ќе избие на врв на политичкиот успех, се гледа колку тој морално закржлавел. Покрај полуинтелектуалецот кој успеал, постои и полуинтелектуалец кој не успеал. Како веќе вистински интелектуалец, невработен или запоставен, тој е готов опозиционер. Полуинтелектуалецот во таква ситуација е уште поопасен, бидејќи тој не знае за никакви морални обѕири кои би ја ублажиле неговата огорченост. Оттаму не беше случајно што голем број разочарани полуинтелектуалци заминаа во комунисти (авторот е починат 1954 - заб.прев.).
Полуинтелектуалецот е болна општествена појава, која обелоденува две работи:
- дека културната матрица е потребна за дополнување на националниот и политички образец, што особено се чувствува тогаш кога тие два обрасци ќе почнат да слабеат;
- дека школата која се ограничува на давање знаење, без истовремено воспитување на карактерот, не е во состојба да спречи појава на таков општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.
Ова е веќе за кај господинот Иван случај.
Најмногу што мразам е некој човек преполн кој е со негативна енергија и се наоѓа во моја близина.
Едноставно, неможам таквите да ги поднесам ни 1 минута да ми се во близина. Со нивните песимистички разговори,жалења пробуваат нивната негативна енергија да ја наметнат, но на друг начин се справувам со нив и едноставно не сакам да ги видам.