Во секоја тема што е поврзана со власта пишувам дека на Македонија и треба многу силна и многу конструктивна опозиција, и повторно ќе го кажам истото.
СДСМ во овој момент се најслабата опозиција што може да ја има Македонија, а тоа реално на Груевски му оди во прилог. И тоа е многу лошо.
И во една тема претходно кажав, Шекеринска и нејзиниот тим имаат одбрано погрешна тактика за играње во опозиција. Мислам дека додека Шекеринска раководи со СДСМ и особено додека вака раководи од нив нема да можеме да очекуваме ништо друго, освен некое чудно однесување и некои чудни критики кои искрено ме изненадуваат.
Ме изненадува и Макрадули, човекот е потпретседател на најголемата опозициона партија во Македонија, човек на кој никој не му верува, човек кои нема рејтинг, а истовремено секојдневно излегува на пресови и брифинзи. Со луѓе во кои народот нема доверба, и со нивни тврдења, СДСМ не може да си го билда рејтингот. За тоа треба да избере јаки луѓе.
СДСМ мислеше дека со поднесените 4000 амадмани ќе си го зголеми рејтингот, тоа напротив имаше негативно влијание. Вакво однесување една опозициона партија не може да си дозволи. Тие точно треба да знаат и да имаат стратегија со која ќе се обидат да ја вратат довербата кај електоратот, нешто што зесега много тешко им иде.
А за ЛДП, па зарем уште постои таа партија?