Онака како што се поставени прашањата, можам да прифатам дел и од првата опција... Тоа е оној дел дека ’внимателно ги следи чекорите на владата и оправдано реагира’... Сум забележал дека кога во Македонија опозицијата упати критика за власта, многу често тоа се сфаќа како ’деструктивност’ и ’болна желба за враќање на власт’... Според мене тоа е логично дејствување на опозицијата и истото се случува со секоја опозиција во светот. Меѓутоа, јас сепак гласав за втората опција... Причината е во тоа што за да биде опозицијата конструктивна не е доволно да ја контролира владата и да укажува на грешки, туку и да понуди подобри решенија. На пример, последниве денови слушам и читам критики дека владата изготвила многу лош ’Предлог изборен закон’ и поради тоа што тој Предлог закон не бил составен заедно со опозицијата, СДСМ ќе го бојкотирале парламентот... Овде гледам дупла деструктивност... Прво, ако е законот лош, дајте вие понудете подобар... Па да може јавноста да ги спореди... Второ, се работи за Предлог закон кој што во парламентот ќе биде предмет на дискусија и анализа и кој што може да трпи измени и дополнувања... Доколку власта не прифати ниту една од забелешките за време на собраниските седници и се однесува арогантно кон секој амандман, дури тогаш СДСМ има право да ја обвини владата за отсуство на дијалог... А усогласувањата по разни ’клубови на пратеници’ се за мене глупост!
p.s. Него, замислете да одговарав во стил на дел од симпатизерите на ДПМНЕ... Како ќе изгледаше мојот пост?
“Што бе... ДПМНЕ да не беа поарни кога беа опозиција? Што се глупирате со вакви прашања, сељачишта едни... Преку такво сте ми више.“