Незапирливи 1903/87
Изгорен за Вардар
- Член од
- 20 јули 2011
- Мислења
- 3.494
- Поени од реакции
- 9.984
Зависи и од карактерот на кучето/ мачката.. Чувам и сум чувал и многу кучиња и мачиња, според мене и не може баш да се прави споредба помеѓу кучето и мачката затоа што како прво сите кучиња не се исти и кучињата од сите раси се разликуваат помеѓу себе, имаат различни карактеристики, сепак мачката и кучето се две различни животни, без разлика што се најчести домашни миленици..Некој кажа погоре дека поврзаноста на миленикот со газдата влијае и фактот дека мчката не е постојано во домот како кучето што најчесто е заградено во бокс или пак шета само низ дворот..Многумина чуваат мачки чисто од досада, ги хранат еднаш во денот, не им посветуваат внимание, а сакаат да бидат приврзани со нив..Ако се грижите за нив, како што треба не може некој да ме убеди дека мачките се злобни, од интерес, само колку да ги нахраниш не се сголасувам. За видеово погоре од каде да знаеме дека мчката не е собрана од улица? Можеби е некоја гладна мачка која бара некое сигурно место, каде што ќе се вдоми. Јас сите мачки што сум ги чувал и што ги чувам се соберени од улица, да факт е дека мачките си ја имаат таа карактеристика, ќе им дадеш нешто малку да јадат и ќе останат кај тебе, лесно е и од улица да ја собереш, што е нормално да гледа поубаво да се снајде (да се вдоми). Но, според мене се е до газдата како тој ќе се постави кон кучето/мачката, има многу примери каде што и помирните раси на кучиња знаат да бидат ѕверови и да немаат почит кон газдата, но и дека оние поагресивни раси на кучиња се одлични миленици. Еве мој пример конкретно за мачките, дека се е до тоа како вие ќе се поставите кон нив (но, има врска и карактерот на мачката, скеоја мачка не е иста). Јас кога бев дете, дете како дете, не знаев многу за нив што сакаат, како најдобро да се грижам за нив, не се посветував на нив како што тоа го правам сега..Моите чуваа една мачка, мачката си имаше слобода не беше како куче врзана, моите ќе ја најадеа убаво, она ќе си излезеше, не сакаше многу да си игра, не сакаше многу да се гали, таква и си беше, најади си шетај си.. Тоа беше единствената мачка која така се однесуваше, сега чувам многу мачиња, во глобала ги чувам внатре, редовно убаво ги хранам, си играм со нив, и заедно си играат, ги галам и тие постојано сакаат да се стуткаат кај мене, сакаат и во скут да седат, многу пати сум ги оставил и сами во гаражата каде шо има гранули никогаш не земале сами, без јас да им дадам, често влегувале и во кујна, немало никој не пипнале од храната, од други луѓе не јадат, некогаш мјаукаат, имаат храна а доаѓаат и се галат..Тоа дека не биле добри пријатели за мали деца не е точно, мојот мачор едно мало дете го има фатено за опаш и кренато во вис малку, мачоров не реагираше, барем моите мачки имаат осет спрема мали деца. Е сега мачките како мачки малку се и непредвидливи, може да играш со нив, а некои пак и ги гњават буквално, па може одеднаш и да те изгребе, ама сепак мачките се 2-3 кг, животно е, ни јас не би трпел некој да ме гњави пола саат..Еден мачор што имам, (имам ставено и слика од него во темата Кајгана миленичиња) посотјано иде по мене, пред некој ден излегов во маало, шеташе со мене 20 минути хаха си бара друштво и внимание, сака да седи до тебе, сака да го галиш, да си играш со него, не секогаш бара храна, ако мислите дека е само од интерес, тоа е затоа што вие така сте го научиле или пак мачката како мачка е таква, секакви ги има како што и сите кучиња не се исти. Да повторам чувам и кучиња да не излезе дека само мачките ги бранам секое животно си е посебно безвезе е да правиме споредби сите животни се супер