Казна од 50 евра за правење ајвар пред зграда

N

n/a

Гостин
Бабево моментално е државен непријател број 1.Забележана е на неколку локации низ државава како рамзмешува црвеникава материја во голем сад.Ако некој ја види веднаш да пријави на надлежните органи.Бидете крајно претпазливи затоа што како што може да забележите овој криминалец е тешко наоружан.
Уууу....каков престапник...
На фаца и се гледа дека е апсолутно непоправлива и подла.
Сместа да се осуди и доживотно да се затвори,пошто оваа дур е жива ќе прави ајвари !!!
Незнам дали приметувате драги советници...
дека овој сериски престапник има метална дршка на нејзината кутлача, што укажува на тоа дека се работи за професионалец.
Ова е опасен сериски производител на ајвар,и таквите примери оваа влада нема да ги толерира.
Да живее ДПМНЕ !!!
Зиг хајл !!!
Зиг хајл !!!
Зиг хајл !!!
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Prekrasen e zakonot , na sto licese ova dosega, vo centarot na skopje izvadile kumbinja i pecat. Ako sakas da pravis ajvar idi si na selo negde , ako nemas kuka na selo kupi si ajvar vo prodavnica , 100 denari e tegla . Fajront
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Зависи кој што подразбира под европеизација.

Едно од главните нешта е да бидеш тоа што си, да знаеш на другите да им го продадеш она што единствено ти го имаш и никој друг. Бербата на виното во Прованса - без никаква механизација, цедењето на винскиот сок со нозе, финесите во правење вино - традиции кои љубоморно се чуваат.

Да мислиш дека ќе бидеш дел од големото друштво со тоа што ќе постапуваш обратно од нив, ќе си го мениш името на државата, јазикот, ќе се срамиш од селото од кое потекнуваш - е одење во спротивната насока и попусто трошење енергија.

Хигиената и чистотата е нешто сосема друго. Кучињата, смогот, чадот - треба и мора да се расчистат. Но, никој досега не го постигнал тоа со заплашување со казни.
Ако нешто е непотребно и штетно, тоа е неоправдано (читај малициозно...вака прават енглези, ќе правам и ја онда) оддалечување од традицијата. Затоа што истото, несомнено, води до оттуѓување од својот народ и земја. Па, добиваме македонци согласни да си го менуваат името, јазикот и слични девијации.

Да, подготвувањето на ајвар е дел од фолклорот. Но, колку е "фолклорно" да извадиш ќумбе во урбана средина?
Верувам и дека подготвувањето на вино не се изведува на Елисејските полиња.

Имаме сериозен проблем со алкохолизмот. Имаме и сериозен проблем со хигиената. А, тие можеби се вкоренети во нас, но не се исто што и традиција.
Ако гледаме така, тогаш и тепањето жени е македонска традиција.

А за рестрикциите...За жал, мора да постојат за да се створи свесност кај човекот.
И Скандинавецот пред еден век фрлал смет на улица. Но, откако фино го поткачиле по џебот, прво силом прекинал, за веќе денес, сосема спонтано и без присила да дојде до сознанието дека смет не треба да фрла.

Чисто како информација...Годинава првпат ќе се организира фестивал на зимница. Можеби ќе прерасне и во редовна манифестација.
 
Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360

А имаш видено ти некој да прај ајвар на плоштад? Како правењето ајвар ја загадува околината? За ова сигурен сум дека ќе најдеш нешто така да откако ќе го напишеш тоа одма спореди го со загадувањето од ...охис на пример.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А имаш видено ти некој да прај ајвар на плоштад? Како правењето ајвар ја загадува околината? За ова сигурен сум дека ќе најдеш нешто така да откако ќе го напишеш тоа одма спореди го со загадувањето од ...охис на пример.

:uvo:

Употребуваш иронија или сериозно прашуваш?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
А имаш видено ти некој да прај ајвар на плоштад? Како правењето ајвар ја загадува околината? За ова сигурен сум дека ќе најдеш нешто така да откако ќе го напишеш тоа одма спореди го со загадувањето од ...охис на пример.
Не реков дека го загадува воздухот никаде.
Туку дека пиперките кои ги печеш пред зграда го впиваат околниот смог и олово кои после фино си ги изедуваш.
Исто, го правиш на тревникот на кој предмалку некоја џукела мочала.
И на крај оставаш смет од излупени пиперки. А бактериите од таа органска материја во распад подоцна доаѓаат у допир со децата кои си играат на истот тревник.

И не, не прават на плоштад ајвар. Ама прават кај мене пред зграда, на пример, а живеам во Карпош 3.
 
Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
У тревник да не се прави ради децата? Па нема ваљда лушпите од пиперките да си останат таму.Џукелата нека моча кај сака шо има везе тоа со ајварот? А ако е до смогот и олово тогаш уопште не треба да се праи ајвар пошо не ни е баш на завидно ниво воздухот.
Дај боже д прават кај мене пред зграда. Па да се симнам после со еден леб надоле,да ги прашам како иде.:)
 
DarkWalker

Think globaly , Act Localy!!!
Член од
4 февруари 2006
Мислења
1.209
Поени од реакции
70
Абре се изнајадов цела вечер топол ајвар , пукнете сите ... :baeh:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
У тревник да не се прави ради децата? Па нема ваљда лушпите од пиперките да си останат таму.Џукелата нека моча кај сака шо има везе тоа со ајварот? А ако е до смогот и олово тогаш уопште не треба да се праи ајвар пошо не ни е баш на завидно ниво воздухот.
Дај боже д прават кај мене пред зграда. Па да се симнам после со еден леб надоле,да ги прашам како иде.:)
Кај мене пред зграда си остануваат лушпите.
А џукелата има везе затоа што теглите и ќесите со пиперки ги оставаат на тревникот и така доаѓаат у допир со бактериите од изметот.
Смогот пак, има врска затоа што неговата концентрација е низмерно висока на градските улици (поради фреквентноста на возилата). Као споредба, баш вчера слушав една жена која продавала книги на улица и на која докторот и рекол да најми барем киоск за да се зашитити од директното изложување на загадениот воздух. Т.е и таа тенка бариера како што е ѕид, на пример, прави разлика.

Сакате да јадете таков ајвар. Јадете. Али не убедувајте дека е хигиенски ниту ок да го правиш у град.
 
BJK

\m/ Master of Puppets \m/
Член од
21 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
23
gruevski i negovite sorabotnici znaat da se hranat so pastrmki, bifteci a na obicniot narod ke mu ja skratat i osnovnata zimnica. kakva ironija.
 
DarkWalker

Think globaly , Act Localy!!!
Член од
4 февруари 2006
Мислења
1.209
Поени од реакции
70
Ајвар а? :nerv:
Кај живееш ти дечко?
Ти да не си од циа :? :) Или сакаш Груевски да ми пушти послем дома рекетари да ми ги соберат сите тегли ааа неможе. ..:pos2::pos2::pos2:
 
Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Кај мене пред зграда си остануваат лушпите.
А џукелата има везе затоа што теглите и ќесите со пиперки ги оставаат на тревникот и така доаѓаат у допир со бактериите од изметот.
Смогот пак, има врска затоа што неговата концентрација е низмерно висока на градските улици (поради фреквентноста на возилата). Као споредба, баш вчера слушав една жена која продавала книги на улица и на која докторот и рекол да најми барем киоск за да се зашитити од директното изложување на загадениот воздух. Т.е и таа тенка бариера како што е ѕид, на пример, прави разлика.

Сакате да јадете таков ајвар. Јадете. Али не убедувајте дека е хигиенски ниту ок да го правиш у град.
Aко комшиите имаат култура на тоа ниво тогаш тоа со нив на куќен совет.Бактерите неможат преку стаклото да му влезат на ајварот.А за градскиве улици...кој е будала на тротар на партизанска да прај ајвар??? Не реков јас нигде такво нешто дека е ок покрај улици да се прај.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
А шо ако ми дојде полицијата на мене и ми рече: спуштај долу дечко лажицата, изгаси го огинот, затвори го капакот од лонецот?!?! - А јас така млад и љубезен и невин, само сакам да кажам не праам ајвар него лутенка?

Ќе има истрага/(цси стил) за тоа, такозвана дегустација дали е навистина лутенка или веднаш ќе бидам слободен да мешам да не ми загори смесата. Хм?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom