Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Шоферските ми се некако... нехифиенски...
Продолжи 500 метри понатаму и пред бензинската Макпетрол сврти десно. Флорида сендвичарата кај КОЦЕ средното е мое омилено место за фаст фуд. Завршив пред 10 години а сеуште немам најдено повкусен сендвич од тие таму.
Ауу мој човек :))))
 
Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.513
Поени од реакции
4.395
Сојата е неподнослива, проблеми со желудникот прави. Плус квалитетот е каде каде опаднат, неспоредливо е со тоа што беше до пред 2-3 години.
У право си дека е променет за разлика од пред 4 5 години.Но мене сеуште ми е онака вкусен а дека прави проблеми на желудникот сеа ме загрижи најискрено:(.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
У право си дека е променет за разлика од пред 4 5 години.Но мене сеуште ми е онака вкусен а дека прави проблеми на желудникот сеа ме загрижи најискрено:(.
Па ако патиш од проблеми со желудникот тешко ќе ти е, не дека може да ти направи проблеми, извини, погрешно се изразив. Јас имам чир и ако каснам од сојата во седмица, после саат време плачам од болки за да ми е полесно :) А соја вака зготвена дома немам проблем да јадам :) тоа ми е беше поентата.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
и Вили го баталив више, поготово немојте да сте земале од Вили од Водњанска, дали дека послабо промет имаат, еднаш коа се враќав од лекар си купив, лебот се делеше од што беше веќе стар.
Пред некој месец другар фати труење од тартар сосот во „Вили“, така што веќе не им влегувам таму. А не дека ми беа нешто посебно.

Си јадел од седмица у последно време?
Летово хамбургеров навистина ми стана лош и тогаш решив да направам пауза од „Седмица“. Сега пробав пред некоја недела, и минатиот викенд повторно, и пријатно се изненадив. :)

Инаку за најдобар хамбургер мислам дека дефинитивно имам пробано во Бургер Кинг, заедно со „Седмица“ од кај нас.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
У Вили ме нервира што со иста рака што ти го прави сендвичот и пари фаќа. Абе ајдееее, хепатит како може да се пренесе така....си има штипка фино лепо или па од двајца вработени еден нека наплаќа друг нека спрема...
 
Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.513
Поени од реакции
4.395
Па ако патиш од проблеми со желудникот тешко ќе ти е, не дека може да ти направи проблеми, извини, погрешно се изразив. Јас имам чир и ако каснам од сојата во седмица, после саат време плачам од болки за да ми е полесно :) А соја вака зготвена дома немам проблем да јадам :) тоа ми е беше поентата.
Разбирам:)

Иначе лично според тебе каде прават најдобри хамбургери?Ме интересира твоето мислење:).
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Разбирам:)

Иначе лично според тебе каде прават најдобри хамбургери?Ме интересира твоето мислење:).
Тука кај мене во Ѓорче кај автобуската спроти Дома Мебем има една сендвичара многу добри прави но ќе одам во Сити Грил во Ramstore да пробам од Др.Чејс што го препорача па да видам каков е :) Јадев во 7 до негде 2009-10 година, после тоа лебот сув, мајонезот се дели на нешто жуто и вода :Р, кечап една ронка, малце компири, поскапеа... Ааа не вака :) После од Вили ми беше убаво ама почнаа многу случаи со труење да искачаат + видов дека со рацете што ми го фаќа сендвичот и пари си фаќа и така више не :D
 
Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.513
Поени од реакции
4.395
Тука кај мене во Ѓорче кај автобуската спроти Дома Мебем има една сендвичара многу добри прави но ќе одам во Сити Грил во Ramstore да пробам од Др.Чејс што го препорача па да видам каков е :) Јадев во 7 до негде 2009-10 година, после тоа лебот сув, мајонезот се дели на нешто жуто и вода :Р, кечап една ронка, малце компири, поскапеа... Ааа не вака :) После од Вили ми беше убаво ама почнаа многу случаи со труење да искачаат + видов дека со рацете што ми го фаќа сендвичот и пари си фаќа и така више не :D
City Grill проверено одлични хамбургери имаат.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Јасно е дека секој што ќе каже во денешно време "Седмица брат, најбоље, тоа си е закон устав", го прави тоа само ради традиција. Исто ко да кажеш денес "Нокиииааа, најбоље се, класа".

Во последно време од никаде немам јадено добар хамбургер (или чикенбургер итн итн), Седмица срање (пардон, скупо срање), во Вили има голема неконстантност (еднаш месото е тиње, еднаш лепчето е тиње, еднаш малце сос, еднаш штедат на салати), па затоа просек хамбургер си јадам во Нина, тука кај мене во белите згради спроти Педагошки.

Не е најубав на свет, ама затоа е 70 денари, сосе помфрит и селско лепче. Голем колку оние на Вили. За мене искрено и така ниеден хамбургер не вреди над 70-80 денари, треба навистина да си татин/мамин син и да не заработуваш сам, за да фрлаш по 130 денари во Седмица секој ден и толку да не си ги цениш парите.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Definitivno vo 7 - ca :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Немав јадено многу време хамбургер, притоа не го калкулирам хамбургерот во Мекдоналд и Бургер Кинг што го јадев во екстремни ситуации.
Пред една недела јадев во Прилеп во Мамли и навистина ме бендиса, и е еден од најдобрите што ги имам јадено плус цената беше смешна само 80 денари хамбургер во порција.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дечки, ако веќе фрлате 130 денари за хамбургер, идете во Жу-Жу Бургер (кај Триумфална, бившо Фреш).

Мајонез ист како од седмица, помфрит каков што им беше пред 4 години, месото уште подобро, плус си бираш сосови и салата по желба, ала Лесковачка.

Нема да зажалите. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom