Каде се иселивте и како?

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.404
Поени од реакции
5.877
Другар, цитирај ме во некоја друга посоодветна тема и таму може да филозофираме за судбината. Поентата овде ите како е промашена со некои реплики.
Ти се избаци со судбината и кроење и што не, значи оф-топик. Не употребувај поими кои не ги разбираш (филозофирање), не е културно.

Иселувањето е голема трагедија за овој народ. Последиците се осеќаат и сега но за 10-15 години ќе биде многу полошо. Тоа е резултат на 33 годишна војна на сите власти против работниците во оваа земја.
Трагедијата е што најчесните и најстручните бегаат.

Јас работев во неколку западни земји но се вратив, најмногу ме уништуваше киријата (1200 евра) уште пред 15-20 години, значи пола од примања, настрана сметки и храна. Имам фобија од киријашење, за среќа никогаш повеќе нема да бидам киријаш.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.539
Поени од реакции
9.562

Ако не си ме читал на темата, па се избаци да ми реплицираш со мувата на капата - извини.

Сечиј пат во странство или во мкд е личен пат и лична судбина. Не можи да обопштуваме мене ми беше сакапа киријата и си се вратив па немам сега грижи од тој тип (си имам куќа/стан).

Ако сакам да ти спорам, само ќе ти кажам еден глуп пример на нашинец кој нема имот во мкд (не спечалил) ама се пресели во странство и си зеде стан на отплата. Тој, ќе го отплати во странство, ти во мкд имаш веќе отплатено. Кога ќе стигните и двата пензионери тој ќе го продаде или изнајмува и ќе оди Мајорка да ги лади мадињата, ти ќе одиш Претор. Разликата не мора да ти ја објаснувам.

Тоа што државата ни стана вукојебина сите го знаеме и затоа постојат вакви теми кои треба да имаат информативен карактер, а не да си ги вадиме очите и да си ги мериме на кој му е подолг.

Убо ќе беше од тебе да напишеш како, кога и зошто замина странство и што се снајде таму да правиш, така да утре кога ќе дојде некој ќе има ќар од тебе и од писанијата.

Доколку не, еве реплицирај ми пак или препукувај се со некој друг - пошто ниту сакам да посветам време, ниту енергија во бесцелни дискусии.
 
Тоа е дел од животот таму. Кирија или моргиџ (кој е чак и поскап од киријата) и така за некои 30 години ќе бидне власништво на стан или куќа.
Не препорачувам иселување по секоја цена, почнување од нула во средина каде се нема никој близок нит пријател и уште многу субјективни причини. Последната работа беше 56км во еден правец што значи 112км патување секој ден, тоа беше околу 45мин. во еден правец, секој ден 1,5 часа само за да физички биде присутен на работно место. Човек менува ставови со тек на време и со некои ситуации над кои нема контрола, па така и јас.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.539
Поени од реакции
9.562
Тоа е дел од животот таму. Кирија или моргиџ (кој е чак и поскап од киријата) и така за некои 30 години ќе бидне власништво на стан или куќа.
Не препорачувам иселување по секоја цена, почнување од нула во средина каде се нема никој близок нит пријател и уште многу субјективни причини. Човек менува ставови со тек на време и со некои ситуации над кои нема контрола, па така и јас.
Да, секако дека е така, но темата е како си замина, на кое место, што таму беше позитивно, што негативно... иако е многу години порано (како што викаш) сепак дава една слика и перспектива како било порано, како е сега.
Во преселувањата и тоа е битно, кога човек планира и ја следи ситуацијата во одредена држава подолго време.

Вакви дискусии, читање на туѓи искуства од земјите кои ни се во интерес се потребни за да се донеси таа одлука и да се пресечи „на здраво“ за да знаеш кон каде да се движиш.

Мојот став, кој го кажав и погоре, е дека не сме врзани некаде па да не може да се преместиме. Човек има една татковина (таму каде е роден) ама може да има 10 живеалишта т.е. во одреден дел од животот ќе живее таму каде за себе мисли дека најповеќе има шанси да просперира или едноставно да прокрастинира (да се укотви некаде каде му е океј).
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.375
Поени од реакции
7.477
Работите се релативни и во денешниот свет се менуваат побрзо од било кога. Секоја 5 години се дешаваат "финансиски кризи" динамичен пазар на труд.

Ковид, инфлација, станбен балон, смена на геополитика, вештачка интелигенција, "зелена политика".

Моргиџ за 30 години за станбен кредит во денешно време, каде само првите 10 години отплаќаш камати за посредникот и каматите е дискутабилно колку е тоа паметно. Друг е муабетот со регулативите кои државата ти ги налага со нивните политики и даноци за "зелена енергија" и со тоа моргиџот станува ,never ending story.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.697
Поени од реакции
2.575
Мене ми се пружи шанса да кинисам за АУС (првин треба да се аплицира, нели), ама сега на 30 години некако ми се мати паметот, ни ваму ни таму сум. Што кур ќе направам јас на 30 години сам во туѓа држава, а за да останам најверотајтно ќе треба да се женам ради реда и дали ќе се најди нешто асално е прашање.
Порано не мислев вака ама годините си го прават своето, ни моите не се веќе млади да ги оставам така сами. Да се серат кучињата на овај нужникот наречен северна.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.978
Поени од реакции
8.098

Не се проблем твоите 30 години, поголем проблем се многу други работи, не сакам да ти делам совет, ама ако си во можност да функционираш во мк без да мизеруваш таму, не тргнувај во непотребна авантура, иднината ни ваму не е розева за почетници посебно за луѓе кој не се во можност да вртат големи пари.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.784
Поени од реакции
9.707
Мене ми се пружи шанса да кинисам за АУС (првин треба да се аплицира, нели), ама сега на 30 години некако ми се мати паметот, ни ваму ни таму сум. Што кур ќе направам јас на 30 години сам во туѓа држава, а за да останам најверотајтно ќе треба да се женам ради реда и дали ќе се најди нешто асално е прашање.
Порано не мислев вака ама годините си го прават своето, ни моите не се веќе млади да ги оставам така сами. Да се серат кучињата на овај нужникот наречен северна.
Млад си, животот е пред тебе, имаш шанса која огромен дел од луѓето ја сонуваат, зошто не ја зграпчиш?

За секој родител подобро е детето да му биде среќно а далеку отколку блиску а мизерно.

Не разбирам зошто не би правел нешто што можеш сега а за 5 години реално нема да ја имаш таа можност.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.732
Поени од реакции
35.255
Џабе се расправате еден со друг, за жал, не е најсјајно (не дека некогаш било) ни во Македонија, а ни странство.

Има и луѓе надвор (имам вакви роднини и пријатели) кои едвај го минуваат месецот, да не правиме муабет за собирање пари за недвижности. Финтата е што голем дел ја искривуваат реалноста и се фалат. Секој втор го сака газдата, и секој втор е газда. Реалноста е некаде на средина, газдата "го сака" оти му ја ебава мајката од рмбање, а фирмите што ги кажуваат се отвораат за 2 минути, и најмногу што ги користат е за тезги наоколу (вклучувајќи и убер). Има и исклучоци, но за жал поголем дел се од тие првите, стегнете ги малку во муабет и ќе почнат да ви кажуваат по 5 варијанти за истата работа.

Скоро разговарав со школски што е во Германија, работи во Амазон, вика дека станува ноќе од болка во нозете, од цел ден на нога и од растрчување (во мкд работеше во канцеларија). На триесет и кусур небаре студент седи со цимери и едвај останувале нешто ситно за на страна (ни жена, ни деца). Е замислете како ќе гледа фамилија во иднина на вакви пари, да не правиме муабет за покрив над глава.

Вакви, и бетер, знам и тука во Австралија. Дојдени со студентски визи, немаат барани професии, и цела година тераат за 40-60к, кога ќе тргнеш даноци нема ми за да преживееш. Има и такви што заглавиле со студентски визи и само запишуваат еден по друг факултети, срамота е да си соберат парталите и да се вратат назад.

Во странство, уште една дупешка се бруто годишни плати, на хартија изгледаат многу, а во реалност пола се за државата.

Научете вештини додека сте во Македонија, без нив нема пари никаде. Дополнително, гледајте да имате план и за вас и за партнерите, на една плата сте заебани па макар биле и ИТ. Со две плати е веќе друга приказна, па макар биле и со деца и со кредити.

Лично верувам дека секој треба да собере храброст и да проба, поарно да се изгори и да научи лекција на млади години, отколку да се прави пишман на старост. Ако видите дека не бива надвор, барем ќе станете луѓе во Македонија и ќе си почитувате тоа што е ваше.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.539
Поени од реакции
9.562
Моргиџ за 30 години за станбен кредит во денешно време, каде само првите 10 години отплаќаш камати за посредникот и каматите е дискутабилно колку е тоа паметно. Друг е муабетот со регулативите кои државата ти ги налага со нивните политики и даноци за "зелена енергија" и со тоа моргиџот станува ,never ending story.
Ова е особено битно за Германија и си апсолутно во право, а битно е богами и за други држави. Универзално е.
Без добар финансиски план и како би се отплаќала таа куќа/стан е проблем и големи се шансите да се заглави во денешно време.

Треба да се има основен добар приход, добри пари за учество на почеток и секако покрај основниот приход да се има барем еден (а убаво е и повеќе приходи) од типот „ако не врне, ќе капне“ - за да може човек да се реши на ваков чекор.

Научете вештини додека сте во Македонија, без нив нема пари никаде. Дополнително, гледајте да имате план и за вас и за партнерите, на една плата сте заебани па макар биле и ИТ. Со две плати е веќе друга приказна, па макар биле и со деца и со кредити.

Лично верувам дека секој треба да собере храброст и да проба, поарно да се изгори и да научи лекција на млади години, отколку да се прави пишман на старост. Ако видите дека не бива надвор, барем ќе станете луѓе во Македонија и ќе си почитувате тоа што е ваше.
Токму овие две работи се Оче наш без разлика дали си МКД или странција.

Тоа што го збораш по темиве веќе години апсолутно е вистина и за истото сум застапник и јас. АКО не биваше и оваа држава немаше да ја раскурцаме, да не биваше дома ќе не биди и во странство.

Во превод, тој што немал услови тука и му фаќа билијата, желен е за работа, има искуство или знаење (подобро и двете) ќе го биди надвор. Останатите ќе стекнат убаво животно искуство кое потоа ќе треба да го искористат во МКД.

Како и да е и едните и другите ги чека тежок пат пошто ни парите се печалат со смеење, ниту пак е фино да одиш некаде од 0 и да не успееш па да се враќаш назад.
Живот и борба во него, секој според можностите и среќата која сами си ја правиме и дел ни е делена на трите вечери.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.571
Ова е особено битно за Германија и си апсолутно во право, а битно е богами и за други држави. Универзално е.
Без добар финансиски план и како би се отплаќала таа куќа/стан е проблем и големи се шансите да се заглави во денешно време.

Треба да се има основен добар приход, добри пари за учество на почеток и секако покрај основниот приход да се има барем еден (а убаво е и повеќе приходи) од типот „ако не врне, ќе капне“ - за да може човек да се реши на ваков чекор.
Добар дел од нашиве што отишле во Германија гледам не ни пробуваат да исплаќаат стан, едноставно живеат под кирија си ги трошат парите и единствен план им е кога ќе дојдат во пензија со Германска пензија да се вратат тука или преселат на место со пониски грошоци.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.539
Поени од реакции
9.562
Добар дел од нашиве што отишле во Германија гледам не ни пробуваат да исплаќаат стан, едноставно живеат под кирија си ги трошат парите и единствен план им е кога ќе дојдат во пензија со Германска пензија да се вратат тука или преселат на место со пониски грошоци.
Доста зборате обопштено брат, ги знаеш ти добар дел од нашите лично или статистика си вадел од некое истражување па да збораш со сигурност?

Има и такви и такви, а дури и да живеат Германија под кирија или било каде во ЕУ, до пензија ќе имаат поквалитетен живот отколку ти во МКД или било кој во МКД пошто сме на опашката од ЕУ во секој поглед (за жал на сите нас и тие што се иселивме - пошто имаме блиска фамилија долу и за жал на вие што не сте се иселиле воопшто).

Заебана е темата за да се делиме на ваши и на наши, на преселени и непреселени, на поголеми и помали Македонци.
Треба да биде само од информативен карактер на луѓе кои порано заминале некаде и имаат видено нешто различно од тука или некои кои моментално се надвор па зборуваат за тековните состојби.

Од дома (преку нет) ниту едните, ниту другите, имаат реална слика за состојбите кои се случуваат „дома“ или „странција“.

Споделувајте лични искуства, не сум чул, јас мислам, ти вака треба, ти така треба...
 
Пола од генерација ми е иселена надвор и скоро сите во Германија, исто така знам еден куп комшии познаници и сами си кажуваат дека живеат под кирија дека не исплаќаат недвижнина. И не ги критикувам дека живеат така, тука огромниот дел од нив мизеруваа нема основни услови за живот и во маркет со броени пари одеа - таму барем може да си дозволат храна без да гледаат цени, просечна кола

И јас да се иселам надвор исто би живеел, заштедата би ја инвестирал во бизнис/земја тука за да се вратам некогаш
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.692
Поени од реакции
18.207
Џабе се расправате еден со друг, за жал, не е најсјајно (не дека некогаш било) ни во Македонија, а ни странство.

Има и луѓе надвор (имам вакви роднини и пријатели) кои едвај го минуваат месецот, да не правиме муабет за собирање пари за недвижности. Финтата е што голем дел ја искривуваат реалноста и се фалат. Секој втор го сака газдата, и секој втор е газда. Реалноста е некаде на средина, газдата "го сака" оти му ја ебава мајката од рмбање, а фирмите што ги кажуваат се отвораат за 2 минути, и најмногу што ги користат е за тезги наоколу (вклучувајќи и убер). Има и исклучоци, но за жал поголем дел се од тие првите, стегнете ги малку во муабет и ќе почнат да ви кажуваат по 5 варијанти за истата работа.

Скоро разговарав со школски што е во Германија, работи во Амазон, вика дека станува ноќе од болка во нозете, од цел ден на нога и од растрчување (во мкд работеше во канцеларија). На триесет и кусур небаре студент седи со цимери и едвај останувале нешто ситно за на страна (ни жена, ни деца). Е замислете како ќе гледа фамилија во иднина на вакви пари, да не правиме муабет за покрив над глава.

Вакви, и бетер, знам и тука во Австралија. Дојдени со студентски визи, немаат барани професии, и цела година тераат за 40-60к, кога ќе тргнеш даноци нема ми за да преживееш. Има и такви што заглавиле со студентски визи и само запишуваат еден по друг факултети, срамота е да си соберат парталите и да се вратат назад.

Во странство, уште една дупешка се бруто годишни плати, на хартија изгледаат многу, а во реалност пола се за државата.

Научете вештини додека сте во Македонија, без нив нема пари никаде. Дополнително, гледајте да имате план и за вас и за партнерите, на една плата сте заебани па макар биле и ИТ. Со две плати е веќе друга приказна, па макар биле и со деца и со кредити.

Лично верувам дека секој треба да собере храброст и да проба, поарно да се изгори и да научи лекција на млади години, отколку да се прави пишман на старост. Ако видите дека не бива надвор, барем ќе станете луѓе во Македонија и ќе си почитувате тоа што е ваше.
Освен ако не си девелопер во Тексас и не праиш 120.000 - 200.000 годишно. Дури и со даноци, 30% максимум да ти отидат од парите.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.465
Мене ми се пружи шанса да кинисам за АУС (првин треба да се аплицира, нели), ама сега на 30 години некако ми се мати паметот, ни ваму ни таму сум. Што кур ќе направам јас на 30 години сам во туѓа држава, а за да останам најверотајтно ќе треба да се женам ради реда и дали ќе се најди нешто асално е прашање.
Порано не мислев вака ама годините си го прават своето, ни моите не се веќе млади да ги оставам така сами. Да се серат кучињата на овај нужникот наречен северна.
Јас мигрирав на 38 години, не гледам зошто и ти не би можел.
Побитно е дали си спремен да направиш жртва во првите неколку години дури да се вклопиш во системот и да дојдеш до перманентна виза.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom