Моментално сум у Малта , и можам да кажам дека се осеќам ко да сум у рај ... преубаво место , мада ептен жешко
Цените не се многу високи , најмногу се троше ан вода , пошто мора да ја купуваш , оваа од водовод не се пие. За стан се движат од 7 - 15 евра на ден , зависно од тоа каде е станот , и да ви кажам не постојат лоши станви , се е уредно средено со ТВ , Интернет , клима , WC .
Пивото , пример локалното Cisk од 500 ml во маркети е 1.00 евра , во кафич е 2.50 евра. Дискотеките им се поскапи , али се лудница, пример влез во дискотека е 10 евра и добиваш 2 пијачки гратис. Коњакот е 4 евра чаша.
За гледање и шетање има колку ви душа сака : Слиема , Валета , Ст.Џулиан , Паџевил ( тука се сконцетрирани сите дискотеки , кафичи и ноќниот живот ) , има секојдневни тури со брод околу островот и до околните острови Комино и Гозо, во тие тури е вклучено и нуркање , пливање на отворено море , и нуркање во пештери .
Храната им е одлична , ама ако сакаш да јадеш во ресторант ќе те кошта , пример една мала капричоза е 5.50 евра , една топка сладолед е 1.30 ,а две топки 2.50 евра , али многу е поефтино ако купеш од маркет и зготвиш дома
Културата им е мешавина од арабска и англиска , имат два официјални јазици англиски и малтешки ( нешо ко арабски јазик ) , зградите и куќите им се правени у арабски стил , без ќерамиди и кровови со жолти мазни блокови , и имат многу катедрали и цркви поште религијата им е католици ( благодарение на тоа шо до скоро биле англиска колонија ) и секој ден имаат празници и пукат огномети , дури и у сред бел ден ( ?! ) .
За младите има доста места за излавање , ко шо кажав Paceville е hotspot за такво нешто , плус по плажите има секоја вечер организации , кој праве скара , кој пие , кој седе у круг на огин и разговара , кој свире гитара итн . Негативност им е тоа шо немат песочни плажи , т.е. имат ама мали се и во мал број се , скоро сите плажи им се од камен настанат со калцификација на солта од морето.
Водата во морето е кристално чиста , ич не е загадена , нема многу животинки , риби и медузи на местата за пливање, едноставно перфекција.
Дефинитивно предлагам да поминете некој ден во Малта
Нема да зажалете.