Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Понуди по агенции немам гледано, но ако сакаш само превоз авионски од Солун е најблиска варијанта. Види со грчкиот превозник, Aegean имаат директна линија.
Останата опција е да одиш до Атина па со фери од Пиреј, види ги Blue Star Ferries
Фала другар
 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Дечки бил ли некој на одмор во Турција (Кушадаси) во втората половина од Септември, па да ми каже дали е тогаш добро времето за да се истера одмор.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Имам неколку дилеми и прашања и неискусен сум во поглед на туристичкиве дестинации во Грција. Се собравме друштво четворица другари и сакаме да одиме на одмор на море најверојатно во Грција перидот од 10 до 30 јули негде на 7 или 10 дена, никогаш не сум бил во Грција и ова ќе ми е првпат како одам. Планираме да потрошиме отприлика од 300 до максимум 400 евра и да бидеме сместени во апартман. На возраст сме од 19 до 22 години и сакаме да најдеме добро место кое ќе биде подеднакво убаво и да има добар ноќен живот. Од тоа што гледав и читав има три места кои се одвојуваат во оваа категорија тоа се Лефкада, Закинтос и Парга. Лефкада како што читав е можеби најубавото место во Грција со најубавите плажи и пејсажи. Плажите се споредувани со Мајами а има и пристоен ноќен живот кој и те како ги задоволува потребите. Од друга страна Закинтос кој според повеќето има најдобар ноќен живот во Грција заедно со Миконос но плажите и убавината не се на истото ниво со Лефкада и на крај Парга која е на ниво на Лефкада но со послаб ноќен живот. Прашањето е кое според вас најмногу би одговарало во однос со сумата што сакаме да ја потрошиме и условите кои ги бараме? Дали Лефкада, Закинтос, Парга или пак некое трето место кое не е споменато? Исто така читав дека Закинтос ептен знае да биде полно со неандерталци ко Британци и Срби и за глупости се само дојдени. Тоа не ми се допаѓа и затоа сакам место кое ќе биде убаво но ќе има и пристоен ноќен живот, целта е на одморот е да се одмориш а не да се вратиш поизморен од што си отишол. :) Мислења?
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Дечки бил ли некој на одмор во Турција (Кушадаси) во втората половина од Септември, па да ми каже дали е тогаш добро времето за да се истера одмор.
Пријателе јас бев тој период ич не му ја мисли пеколно време е особено тој период сакаш верувај сакаш не ама асфалтот се топеше во буквална смисла на зборот !!!!
 
Член од
29 август 2012
Мислења
85
Поени од реакции
18
Ај кажете ми нешто поопширно за Ханиоти ? Водата дали е бистра, има ли за шетање и нешто за рекреација ? И дали е вистина дека било доста длабоко откако ќе поминеш неколку метри ?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Автобуски превоз до Бугарија(морскиот дел) како Сончев Брег, Варна и останато да не знаете кои агенции нудат и по која цена? фала однапред!
Имаш и во Адриатик Маврово, позади Собрание. Јас пред 3 години патував со нив. 50 евра повратна карта.[DOUBLEPOST=1404471938][/DOUBLEPOST]Ме интересира кои агенции имаат добри понуди (поефтини) за грчките острови (Лефкада, Тасос...) и кажете ми кои агенции се најсигурни за патување?
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ме интересира... која туристичка агенција врши патување во Израел ?
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Добро вечер дечки... Да ве прашам да не знае некој да ми даде еден предлог... Сакам на 2-3 дена да идам на одмор, на пример од среда сега до кај петок... Со женска и да не фати до кај 3.000, 3.500 од едно лице... Независно каде е, ако знаете добро место дајте некој предлог или понуда од некоја агенција или вака па да си купам карта и таму приватно да најдам смештај кај би било добро, кај би понудеиле... Охрид, Преска, Дојран, или па кај соседиве негде мада не ми се верува за тие пари да најдам негде... Поздрав, и ви благодарам. :)
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Ај едно прашање, за со мало дете, подобро е Неа Потидеа или Неи Пори?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Колку пари е приватен смештај во Берово?:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom