Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Ако одиш на Палма де Мајорка,барај хотел што е во областа Ел аренал.Најдобро место за ова што бараш ти,плажата е Платја де Палма и е долга 5.5км од страна само кафичи,барови и доста брендирани продавници.На 10мин со Автобус од центарот на Палма,и на 10 мин пешки од еден од најголемите аквариуми у Европа.
Гледај да резервираш хотел поблиску до плажа зашто местото е на брдо па ке мора да одиш нагоре надоле нонстоп.Најдобар хотел таму е со 4 ѕвезди така да слободно оди у хотел од 3 ѕв.
Мој предлог да не зимаш алл ин зашто многу се шета и треба да се врзеш за хотелот или да пропушташ оброци што не се баш ефтини. И нормално ако одиш преку наша агенција,немој да прифаќаш понуди од нив за тури или прошетки зашто се 50% поскапи отколку што можеш да ги најдеш у некоја агенција у градот.Нас ни нудеа 35 евра карта за аквариумот,а од агенција е 22-24
Има премногу места што можат да се видат така да Палма за мене е надобар избор у Шпанија.
--- надополнето: 10 март 2013 во 02:31 ---

Каде беше сместена у Мајорка?
Ти благодарам. Доколку одам планирам тоа да биде сопствена режија со Визз од Скопје до Бергамо или Тревисо и од таму со Рајан до Мајорка. Немав идеја каде би барала смештај (во кој дел од Мајорка) затоа прашав, фала ти ќе го имам во предвид. Обиколката на островот секако е планирана, во сопствена режија со рент а кар ;)
Ќе видиме што ќе биде до лето бидејќи ми излегоја непредвидени работи, но ако некако успеам да издејствувам одмор, секако Мајорка ќе ја имам на ум. (y)
 
M

macgowan

Гостин
Macgowan, NAXOS ti e familijaren ostrov. Zurki ima ali pretezno vikend i ne e toa toa kako sto e na primer na drugive 'ostrovi za zurki'.
Затоа и одам на Наксос (y), фамилијарно одам, а Миконос ми е `уз пат` од Рафина(со колата одам) па ќе видам, комбинирам а се зависи од буџетот...Ферито за 4 лица+колата ме фаќа 400 евра(одење од Рафина преку Миконос до Наксос а враќање преку Парос до Пиреј) со air seats на враќање, а само со дек карта истото е 360 евра. Друга варијанта ми е на спорадите, некој ден Скопелос+Алонисос или Скирос, иншала, ќе видиме зависи од буџетот.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Јас ова година му ја прскам грчка со девојката. Уште другиот месец се надевам да уплатам ... Па ке видиме боже здравје
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Интересно. Можност за одличен помин за ефтини пари. Каде поточно?
да, се надевам дека ќе биде интересно;) - а за ефтино- неверувам -тоа е релативно- зависи кој како сака да го мине одморот-толку и ќе потроши.Ако некој сака да е сместен по хостели и да се храни самостојно и од сендвичари , да лежи по цел ден на плажа, да не мрдне подалеку од местото- сигурно ќе помине ефтино
Но, јас не сум човек кој сака целиот одмор да го преседи на плажа и да се пржи на сонце....сакам што е можно повеќе да прошетам, да видам се’ што се нуди од таа држава .....па ако остани време за плажа од некои 3-4 дена - ОК
така да- ќе видиме
здравје само:)
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.591
Поени од реакции
3.608
Здраво луѓенца! Сакам да ве прашам дали има некој одено на одмор по швајцарските села ??? Гледав репортажа ... абе местава се фантазија ... планина , зеленила , езерца , жичари :love: Правев некој пресметки не испаѓа многу скапо ... ако бил некој нека сподели искуства.
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612

Сум бил јас во Цирих, успат посетив некои околни села и помали градчина, и секако Алпите, али тоа беше зимно време, а на околу 1 час возење со кола од Цирих се наоѓа едно мало германско градче, Констанц, кое е на Боденско езеро (Bodensee), тоа можеш во лето да го посетиш. Јас коа бев беше под мраз, и луѓето се лизгаа на езерото. За смештај незнам, бев кај роднини сместен, а храната не е нешто што може да се каже дека е ефтина.. а и кафе да седнеш да пиеш некаде, тешко да најдеш под 2 еура. Се на се, вреди да се посети Швајцарија.
 
• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Ова лето ќе се оди за Македонија, поточно во Азот.

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Здраво луѓенца! Сакам да ве прашам дали има некој одено на одмор по швајцарските села ??? Гледав репортажа ... абе местава се фантазија ... планина , зеленила , езерца , жичари :love: Правев некој пресметки не испаѓа многу скапо ... ако бил некој нека сподели искуства.
Од утре до недела ќе бидам во Луцерн, па ќе споделам впечатоци.

За наши прилики, Швајцарија е изгор скапа. Во секој случај треба да се снајдеш некако. На тема ефтин претстој би ти препорачал или couch surfing или http://www.reka.ch.

Во врска со тоа каде е најубаво по планините, можеш да пробаш во http://en.wikipedia.org/wiki/Bernese_Oberland, http://en.wikipedia.org/wiki/Central_Switzerland или http://en.wikipedia.org/wiki/Valais.

Ако повеќе те привлекува комбинација езеро + планина, тогаш би го отфрлил Valais, но би го додал кантон Vaud, конкретно Лозана и околината - лозјата Lavaux и погледот од Vevey..

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.008
Поени од реакции
2.043
Во кој дел од Мајорка ти би препорачал да се бара смештај?
Ако веќе идеш за Шпанија, јас би ти препорачал да ја ја посетиш Марбеља во Малага. На подобро место, никогаш не сум бил. Веруј нема да зажалиш. Цените ти се отприлика како во Мајорка, али све друго во Марбеља ти е in another level:D.

Инаку, Турција се надевам.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.591
Поени од реакции
3.608
Од утре до недела ќе бидам во Луцерн, па ќе споделам впечатоци.

За наши прилики, Швајцарија е изгор скапа. Во секој случај треба да се снајдеш некако. На тема ефтин претстој би ти препорачал или couch surfing или http://www.reka.ch.

Во врска со тоа каде е најубаво по планините, можеш да пробаш во http://en.wikipedia.org/wiki/Bernese_Oberland, http://en.wikipedia.org/wiki/Central_Switzerland или http://en.wikipedia.org/wiki/Valais.

Ако повеќе те привлекува комбинација езеро + планина, тогаш би го отфрлил Valais, но би го додал кантон Vaud, конкретно Лозана и околината - лозјата Lavaux и погледот од Vevey..

Поточно му го врлив меракот на селото Венген. За превоз евтино ке си поминам ... за престој гледав има хостели со пристојни цени. Единствено храната им е скапа. Ајде убаво мини си , па кажи како си поминал :D
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Поточно му го врлив меракот на селото Венген. За превоз евтино ке си поминам ... за престој гледав има хостели со пристојни цени. Единствено храната им е скапа. Ајде убаво мини си , па кажи како си поминал :D

Е па баш Венген е топ :cool:

Токму поради тој дел ти ја препорачав Bernese Oberland, Интерлакен и околните планини. Толкин таму се инспирирал за планините опишани во Господарот на прстените - инспирација му биле Јунгфрау, Ајгер и Монш. Вовчето до Јунгфраујох е чинам највисокото во Европа на 3450 м. Препорачувам од се срце.

Kajgana Shop

На врв Bottom