На кое место си, на Агиос Георгиос каква е плажата убава ли е и широка? И како се цените за јадење излегување и лежалки .
Во Acharavi сум сместен, ама само еднаш бев на таа плажа. Секој ден, колата земам и одиме по плажите понастрана што се. Агиос Георгиос не сум бил и не планирам да одам, има многу поубави плажи... Сидари бев, плажата песочна, водата толку многу плитка, што 100 метри одев и едвај до половината ми стаса... ми се чинеше Албанија стасав со одење... и топла како од бојлер. Ама затоа тука ти е Canal D'Amour и на некој километар Cape Drastis, тие ти се things must see. Kassiopi бев, има преубави плажи од камчиња, водата и плажите се солза чисти, заливчиња има прекрасни. Исто така, има и една многу убава, мала плажичка исто каменеста е, на 2-3 километри пред Kassiopi, ко ќе идиш од страната на Sidari. Не се забележува многу лесно, на кривина е и има покрај патот за застанаување место и една кратка патека води до плажата. Никогаш нема повеќе од 10 туристи на неа
Иначе, островов е доста пуст. Незнам дали дека малце пред сезона е, дали поради кризава... и тие малку туристи што се, сето се Англичани, Руси, Германци, Романци, ретко некој наш или Србин се наоѓа. Ама затоа пак за одмор е идеално. Уживаш на плажа и на радиус од 50 метри од тебе има само двајца-тројца
Единствено во Corfu Town, главниот град на островот што е, има поприлично гужва од туристи, па и цените се за нијанса повисоки.
Цените, барем според мене се доста прифатливи, сепак релативно е за секој тоа според стандардот. Дека со кола сме ние, на идење застанавме во Лидл и испазаривме се’ што ни требаше и вчера докупивме исто така. Цените во Лидл се исти како кај нас, доста артикли се поевтини, некои се минимално поскапи. По ресторани, ако јадиш порции, морски храни, домашни јадења, знае и поскапо да те фати, ама па гиро имаш за 2 евра секаде. Ретко некаде да е 2,5 а се најдува и за 1,5 евро. Пиво на плажа (локално) 1,5 евро, некаде е 2. Исто и во ресторанчињата и кафичите околу 2 евра е. Коктелите 3 до 3,5 евра. Кафето 1,5 до 2,5 евра. Во Kassiopi на самиот кеј, една од најубавите локации, нескафе, фрапе, сок е 2 евра.
Лежалките во Sidari беа бесплатни, исто и на уште едно место мислам оти видов. Во Kassiopi беа 2 или 2,5 евра.
И една работа што ја приметив
Неверојатно се љубезни. Еден Грк не сретнав до сега да е нељубезен. Буквално те молат да седниш во ресторанот, или да влезиш да им купиш нешто. Ако те видат позаинтересиран дека си, ела откачи ги да те видам. Па и ко ќе им кажиш дека си од Македонија, одма „ааа Македонија поли кала“. Прв пат во Грција да видам да ценат турист што е од Македонија