Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.379
Поени од реакции
20.005
Јадев во Спејс Бургер, лепчето беше бајато, се распаѓаше во рака, нешто што најмногу мразам е токму ова. Океј беа месото, сосовите итн но веројатно не би јадел повторно таму. Можеби баш мене ми се погодило така и се океј, но нема втор прв впечаток.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.695
Има една новоотворена сендвичара кај Рампа (пицерија имаше предходно), Жаба се вика и мислам дека срби ја држат... Помфритот им е слаба страна, ама Хамбургерот им е чиста 10ка, вреди секој фрлен денар на тоа место.

Ова им е логото
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559

Не ги бива...јадев хамбургер но плескавицата жива.
Немаат персонал, цело време бараат скараџии и продавачи.
Останува 7мица со највкусен хамбургер иако после желудец боли.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
790
Поени од реакции
1.581
Јадев во Спејс Бургер, лепчето беше бајато, се распаѓаше во рака, нешто што најмногу мразам е токму ова. Океј беа месото, сосовите итн но веројатно не би јадел повторно таму. Можеби баш мене ми се погодило така и се океј, но нема втор прв впечаток.
Првиот пат кога јадев од таму лепчето беше меко- душа, ама затоа вториот пат исто како тебе што ти се погодило. Си реков и трет пат да пробам, ама и третиот исто так суво, па и јас скип ќе правам иско првиот пат бургерот беше 10/10.

Инаку дури сме кај најсувото лепче ever, два пати од Fat Kitchen Bistro добив камен ладен бургер и лепче што делуваше како да е старо 3 дена :(
На почеткот ептен ми се бендисуваше храната пд таму, ама сега не планирам да нарачувам…
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.873
Пак ќе го спомнам покојно " Мајами" карши Драгстор Бети на Ленинова, пионирите на бургерот во Скопје и воедно многу добри дечки што пропаднаа, претпоставувам ради лоша организација.
Ако читате, браќа, дајте си уште една шанса.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Чичко Стоилко на која локација ќе отвора?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.119
Поени од реакции
4.623
Не ги бива...јадев хамбургер но плескавицата жива.
Немаат персонал, цело време бараат скараџии и продавачи.
Останува 7мица со највкусен хамбургер иако после желудец боли.
Седмица е невиден отпад а останатите се и така и така. Единствено кај Тото и ДМ а во последен период УБАЦ кај порта Влае е квалитетна скарата а ако сакаш да каснеш права плескавица ќе се прошеташ до Врање кај легендарниот Мркела и ќе сватиш што јадеме ние тука во Скопје.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Седмица е невиден отпад а останатите се и така и така. Единствено кај Тото и ДМ а во последен период УБАЦ кај порта Влае е квалитетна скарата а ако сакаш да каснеш права плескавица ќе се прошеташ до Врање кај легендарниот Мркела и ќе сватиш што јадеме ние тука во Скопје.
Знам, но ете признавам дека навистина ми е вкусен додека го јадам тој никаков сендвич, посебно кога јадам одма, во сендвичара...чудна работа:toe:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.119
Поени од реакции
4.623
Знам, но ете признавам дека навистина ми е вкусен додека го јадам тој никаков сендвич, посебно кога јадам одма, во сендвичара...чудна работа:toe:
На само 100 метри од Седмица е гостилница ТОТО каде таму понекогаш ја посетува и докторот ЖАН МИТРЕВ изјавувајки еднаш на ТВ кога го прашаа дали некогаш оди во кафана и во која.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
На само 100 метри од Седмица е гостилница ТОТО каде таму понекогаш ја посетува и докторот ЖАН МИТРЕВ изјавувајки еднаш на ТВ кога го прашаа дали некогаш оди во кафана и во која.
Знам душо за ТОТО.....лично ги знам цела фамилија.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.008
Поени од реакции
4.177
Гостилница Тото и Тото Daily на исти човек е? Во првото не сум јадел, а второво имам јадено и супер е.

Иначе за Спејс и Фет кичен и јас го имам приметено истото. Во Спејс лепчето е катастрофа, ни животно би рекло не на тоа лепче. А во Фет еднаш нарачав и беше камен ладно, како директно од фрижидер да ми го даде.

Burger slut океј ми било. Таму има преголем избор и секогаш сум нарачувал нешто различно. Некогаш ќе ми се погоди, некогаш не. Ама не е до нив што јас експементирам секој пат.
Baking Bread ми е најдобро од сите тие места иако секогаш би ги ставил лесковачка позади капитол на прво место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom