Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

Член од
20 јануари 2021
Мислења
401
Поени од реакции
4.411
Термините се надоградуваат во тек со времето, во секој случај не е исто, а ако има потреба може и да се образложи зошто е тоа така.
Хамбургер е едно, Бургер е друго, Сендвич е трето.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.558
Термините се надоградуваат во тек со времето, во секој случај не е исто, а ако има потреба може и да се образложи зошто е тоа така.
Хамбургер е едно, Бургер е друго, Сендвич е трето.
А сендвичот со што ти е внатре?:D
Убаво рече Бјонс или ако сакаш со тек на времето се вика и исти ку*ац
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.623
Поени од реакции
34.809
Термините се надоградуваат во тек со времето, во секој случај не е исто, а ако има потреба може и да се образложи зошто е тоа така.
Хамбургер е едно, Бургер е друго, Сендвич е трето.
Не биле тоа бургери. Плескавици у лепиња.
...е ајде штом не е исто, да видиме зошто е различно? зборот беше за плескавица и бургер :toe:



ice_screenshot_20210406-212201.jpeg

...итн,
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.558
...е ајде штом не е исто, да видиме зошто е различно? зборот беше за плескавица и бургер :toe:
,Разликата е во мелењето на месото, на пример, за бургер треба покрупно мелење, а за хамбургер или плескавица е поситно сомелено месото.
Има финти и во печење, но све у свему е сепак слично.
 
Член од
20 јануари 2021
Мислења
401
Поени од реакции
4.411
Како прво формата на пупчето/лебчето не е иста на бургер и хамбургер, а за сендвич да не правиме муабет затоа што седнвич може да биде и со крајче од леб, а внатре посебна салама, краставица и мајонез.

Тоа може да биде опфатено под терминот сендвич ама не може под термините хамбургер и бургер.

Зад поимот "сендвич" најчесто се поистоветуваат оние ладните, со пршути, кулени, разни салати и едноставен сос, а лебчето е багет, бриож и слично.
Значи разграничивме разлики помеѓу сендвичот со бургерот и хамбургерот.

Хамбургерот за разлика од бургерот е нешто по "сиромашен", месото не мора да е чисто и може да содржи соја и слично.
Помфритот може да се служи внатре во пупчето, кое за разлика од бургерот е пошироко, а потенко.

Тоа оди најчесто со зелена салата, плескавица, која за разлика од бургер плескавицата покрај составот, се разликува и по формата.
Останати состојки се кечап и мајонез, а во 7ца случај некој апгрејтиран мајонез со кари... Помфритот да повториме, за тие што го јадат, најчесто оди внатре со плескавицата.
Да дефинираме конкретно со пример, 7ца е хамбургер, а не е бургер.
Друго такво место што ми текнува е Тетекс, а ги има еден куп.

Бургер, за пример ќе го земам Baking Bread, за мене најкомерцијално место, но не и со најдобар бургер.
Овие места може да се поделат исто на категории, оние повеќе ориентирани кон delivery како Киоск, Food Hood, M'S и други. Вторите по ресторантски како BKW, Barbakan, Маџо и други.
Е сеа... разликата, во бургер никогаш помфритот нема да биде внатре, сосот најчесто е по екслузивен и вклучува нешто повеќе од мајонез и кари. Плескавицата е подебела и со најчесто според критериуми чисто мелено месо, критериум плус е, говедско.
Бургери има еден куп врсти, со похован кромид, со секакви кашкавали, сланини, чили и слично. Во главно се се сведува на креативноста и комбинациите на тој што го измислува/прави бургерот.
Rustikana имаа некој и со виски.

Хамбургерот сестри...Тој е ...Плеска, помфрит, кечапмајонез...

Ова е мое мислење и можеби не е до детал точно, но според моето скромно познавање така гледам јас на ова.
Се надевам ме разбирате, ако не, ќе продолжам со објаснување.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.623
Поени од реакции
34.809
... јас ќе ти кажам дека најлоша работа е кога помеѓу лепињето со вруќо месо сакал било бургер, сакало било плескавица се става све тоа што не треба да биде вруќо како мајонез и салатата- домат, краставица, посебно зелена салата, помфрит како вруќ може до вруќо месо ....било бургер ако излеземе со каро до сторо или ако идеме пешки за плескавица, помодарство со примена на „нисам одавде“ не го прави месото поквалитетно ниту повкусно, тоа е мое мислење! :)

и кога веќе се зборува за бургер толку е мало мевцето едно 4 см пречник, за разлика од плескавица наааа наааа очи да наполни човек и да се прејаде слатко...плескавица Лесковачка њамиии! :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.623
Поени од реакции
34.809
океј експерту
не бе мое мислење реков, дури ти се насмеав, поштујем и твое, ама јас би седнала на една лесковачка чисто месо со помфрит, отколку да го барам бургерот меѓу секаква трева во лепчето! :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Мислев на сите сендвичари кои се отвараа во мое време, никнува полека, од маало во маало, но го паметам сеуште оној мирис оддалеку на плескавица од кои лиги ти потекуваа, чисто месо без соја, компир сладок тазе исечен и испржен...се имаше вкус...додека сега незнаеме веќе што јадеме, се живо и диво бутаат во плескавиците, компирите смрзнати и увезени од кој знае каде...Ете, на тоа мислев.
Кога ќе ми текне и на ќебапите кај Дестан, колку беа вкусни, а сега се гипс.
Тогаш имало чисто месо, а сеа не знаеме што јадеме. Ахам, да :icon_lol:
За 50 денари хамбургер чисто било месото ко она во Кам пред некој ден.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.346
Поени од реакции
4.983
Во живот 4 пати се трујам со храна и 4 пати е хамбургер/бургер....

Како еднаш не се затрув од пица, фурнаринка, топено сирење, грав, телешка чорба, цезар салата, џигери во сос, шницла со бешамели и остали курци палци што ги конзумирам од ресторани до биртии

Кој е тој хазарден систем на припрема на брза храна каде салмонелата вирее баш во величеството Хамбургер а не и во една селска кафана каде ти даваат вилушка со засушни остатоци од храна онака да си ги копаш со нокти пред да почнеш да ја служиш.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.324
Поени од реакции
22.625
Дистрикт во Мериот го прави по пропис како што треба. Само толку е скап што човек ќе се размисли дали да нарача бифтек или бургер.
Никад не сум им го пробал бургерот баш од тие причини... За мене бургер е за носење, ако веќе седнам тогаш воопшто не ни го гледам како опција, мада верувам пошто се што сум јадел во дисктркт било добро.
Автоматски споено мислење:

Па прашајте некој турист, пример французин, дали ќе му биде солена цената во Дистрик или нема ни да ја погледне сметката, а на крај може и да рече абе многу ефтино.
Чудно е само како го потценувате или да речам се фаќате за менталитетот.
Знае секој бато што е квалитетно и добро, ама дали со мизерната плата може да си дозволи па затоа гледа само да се јаде нешто, по можност да е што по обемно и по ефтино.
Кога ќе отиде некој странство, кога ќе пркне малце, ќе види свет, како одма станува експерт за квалитет.
До вчера јадел 7ца ама сега со европска плата малку му се отвориле чакрите и знае се шо каде како е добро...
Се знае кој јаде и престојува во Мериот. Квалитетот и цените се направени според потребите на нивните муштерии. Мериот си има систем и стандард низ цел свет од кој нема бегање.
Автоматски споено мислење:

не бе мое мислење реков, дури ти се насмеав, поштујем и твое, ама јас би седнала на една лесковачка чисто месо со помфрит, отколку да го барам бургерот меѓу секаква трева во лепчето! :)
Во МКД чисто месо во лесковачка? Дај не заебавај, спореди квалитет МКД со СРБ за плеска па прави
муабет...

@KEEF убаво ти објасни ама џабе изгледа ти си сакаш квантитет а не квалитет. ОК, тоа си е твое мислење ама темава не е баш тоа...

Разликата меѓу бургер и хамбургер ти е пред се МЕСОТО. Заеби, лепче, сосови, додатоци, помфрит, тоа се е 10% од крајната цена и се додатоци без кој секако се може. Фокусот е МЕСОТО. Ако ти мислиш дека плеска е ОК и дека мешавина на свинско, годевско, телешко, јагнешо, соја и што ти не е исто со чисто говедско тогаш ОК, терај и не читај понатака.

Прво имаш милјарда врсти на говеда. Не, не е исто дали е Ангус (дури има разлика и меѓу црвен и црн Ангус), Херфорд, Аубрак, Брафорд, Таурус, Таџима итн... Додај ги на тоа и лудите јапонци со нивните инбриди и хајбриди од кој денес имаме Вагју што важи за второ најквалитетно месо и веќе има и те како голема разлика... Не воопшто не исто дали јадеш Кобе биф кое е меко и содржи неколку кратно поголем процент на мрсност па кога се спрема се става сосема минимално масло, практично јадеш стрикно месо.

Второ говедсково има изразита разлика во вкусот зависно од тоа како е одгледувано. Не е ист вкусот кога е на пример хрането со трева (grass fed) или амерички стил, пченица (grain fed) или луди јапанци со маслинки или оризова репа... Колку да имаш престава едно говедо од лудиве јапанци се продава за повеќе од една нова тојота... или нашки кажано 3 крави еден трособен стан во Скопје. Разлика во вкусот има и те каква... Најлесно и највоочливо што и во МКД може да пробате е она меѓу грас и грејн фед, разгледајте има и од двете во поголемите супермаркети.

Трето има ОГРОМНА разлика од кој дел на добитокот е месото. Не не исто дали јадеш прајм кат или некој друг дел. Колку да имаш престават до скоро во МКД воопшто не се продаваа прајм катс. Све што произведувавме одма идеше за извоз во Грција или месарите го чуваа за ресторани. Бифтекот кој кај нас важи за вау месо е релативно нова работа, немаше такви ствари пред 2000тата... Порано прајм кат во МКД беше кременадла. Во МК најчесто е бразилски (затоа и често се слуша бразилското име филет мињон, место да речеме филет (францускиот назив), ај филет (британскиот), тендерлоин (амерички) кој е и најнеквалитетен. Исто е и со бургерите. Зависи од какво месо е правен сендвичот. Има разлика дали е тоа чак или сирлоин. Има разлика и како е блендирано месото, колкав % на мрсност сакаш.

Четврто начинот на подготовка. Скара на ќумур и на плин не е исто така? Цела наука е кој каков пит користи, види некој од американ питмастер видеата. Настрана професионалците ама еве и аматерски да го гледаме, не е исто дали имаш Beko или Miele а да не збориме за америчките Viking или јапонските Hibachi.
 
Последно уредено:

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112

Kajgana Shop

На врв Bottom