Еве го моето мислење од пред две години на слично прашање:
On topic:
Знам дека има секакви типови, затоа ти кажав да побараш.
Има и вакви, не е специјално тркало па да не може да се најде.
Дури и низ дома ми се моташе едно паднато од сушара за алишта (најверојатно помало од тоа што ти треба).
Полесно ви е од Алиекспрес да чекате ситници со месеци отколку да мрднете и да побарате во вашата блиска околина ...
Полесно и поевтино... ми требаа онакви тагови за вратата во зграда, кај клучар ги купив по 150мкд и тоа со попуст инаку биле 200мкд (пошто сум бил доктор тој клучарот дава попуст што е кај клинички), од али нарачав за 0.92$/парче.
Сијалици за дома GU10 со лед кај нас прво не ни можев да најдам, од електрометал земав по 150-200мкд исто така... еве ги скоро сите прегорени се, од али вакви сијалици и тоа баш со лед за 1.32$/парче, и ене ги сеуште работат.
За колата air intake sensor кај нас на некоја од ова страниве за делови од 30e нагоре, од али го нарачав за 11$ и тој работи без никаков проблем ( во Грција го најдов исто за 17е ама немав во тој период никој што ќе оди до Солун а не ми се исплатеше да палам кола баш за тоа).
Сензор за температура за LG машина за алишта, кога рикна греачот се јавив на бројот што го имам во гаранцијата за нов греач со термостат, ми викаат да им пратам маил со модел на машина и сериски број па они да контактирале во Кореа за да нарачаат дел...(видеодата мислам се викаше сервисот што е за овие машини)...греачи се продаваат кај нас инаку по обични продавници кај што има такви работи ама без термостат, термостатот го искористив некако на среќа од стариот греач инаку за секој случај затоа што кај и да е пак ке рикне (од водата што фаќа каменац) нарачав од али термостат за 1.31$
Адаптер ми требаше од праисториски HDD да можам да извадам работи, кај нас само во Нексио најдов и ми побараа 2000-2500мкд, од али за 2.94$ нарачав и секако заврши работа.
Безброј Ugreen кабли за полначи и HDMI, bricks за полнење итн итн што работата без проблем и без никакви секирации (не се овие Ugreen да речам поевтини од изборот тука, мислам дека со исти цени, ама по мене со многу подобар квалитет.)
И да не редам сега све што сум купувал... поентата на целава порака е дека не е дека секогаш нарачуваат луѓе од алиекспресс затоа што ги мрзи да побараат тука, туку затоа што во некои случаи е поевтино а во некои покрај поевтино дури и поквалитетно.
За тркалцава на пример на али најдов силиконски ко од ролерки (што мислам дека баш ќе бидат топ) ама затоа што не можам да ја користам без 1 тркалце столицата побарав тука да најдам бар привремено решение.
Мој совет до тебе кога и тебе ќе ти затревба нешто да видиш затоа што можеби ќе најдеш и ти нешто добро на тој али, впрочем и тука грото од робата е од таму, затоа малку и поевтино ни се фаќа али