![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Најубаво си поминав!
Излегов со другарки, прво бев во Кеј, пиевме бело винце и м`цкавме пилешки прстиња. После во Картел, каде се покајав што отидов пошто ме угуши гужвата и спонзорушите, и отидовме накај Тренад. Ама во Тренад не можеше да се влезе од гужвата и баталивме, отидовме во Сектор. Таму-празнотија жива, ама интересно си поминавме. Кога излеговме не пречека снег и многу не израдува (повеќето, де). Ни се јадеше повторно :kesa: и отидовме на Рекорд, каде за големо разочарување, се` беше затворено. И ај, тргнавме за Тренд, и на пат натака другарка ми така фино се лизна и се плесна у снегот, што не можев да престанам да се смеам во наредните неколку саата. Во тренд веќе празно беше и набрзо затвори и отидовме накај домите, среќни, весели и наврнати како снежни кралици.
Среќна нова година! (А)