Кавадарци и Штип ќе бараат работници од другите градови

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Кавадарци и Штип ќе бараат работници од другите градови

Дејан Азески


Штип и Кавадарци немаат доволно стручен кадар за да ги задоволат потребите на новите производни капацитети. Затоа се очекува фабриките да бараат работници од другите градови од Македонија

Кавадарци и Штип очекуваат до 20% раст на бројот на жители во наредните 10 години, а истото се најавува и за Охрид доколку се остварат сите најавени инвестиции. Малкуте нови инвестиции во земјава го отворија проблемот со немање доволно стручен кадар, особено во помалите градови. Затоа се очекува фабриките да бараат работници од другите градови од Македонија. Според надлежните институции, ова се реални проблеми бидејќи најавените производствени капацитети ќе вработуваат и по неколку илјади висококвалификувани кадри.
Овој тренд, според познавачите, дополнително ќе ги доиспразни малите градови во земјава за населението да се сконцентрира само во неколку регионални центри. Тоа значи повторување на трендот од 70-тите години од минатиот век кога за потребите на индустријата во Штип и во Скопје беа градени цели населби, наменети за потребите на Македонка и на Железарница.
Владо Поповски, директор на Агенцијата за вработување, смета дека неможноста фабриките да најдат доволно соодветен кадар всушност е доказ дека бројот на невработени е многу нереален. И затоа многу е веројатно дека ќе имаме поголеми внатрешни миграции во наредниот период.

„Или ние сме светско чудо и на 30% луѓе кои бараат работа не можеме да обезбедиме кадри или тие кои бараат работа во Штип и во Кавадарци всушност бегаат од работата. Поинаку не може да се објасни зошто Џонсон контролс и Дрекселмајер мора да носат работници и инженери од цела Македонија. Веројатно истото ќе се случува и со Охрид доколку се остварат сите инвестициски најави“, вели Поповски.
Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, го потврдува проблемот и на локално ниво и тврди дека една третина од вработените во Џонсон контролс ќе бидат од околните места, кои дневно или трајно ќе мигрираат во Штип.
„Јас лично имам најголем притисок за вработување во администрацијата. А доколку некој од тие луѓе се обидам да го упатам во текстилната индустрија, веднаш се соочуваме со отпор. Затоа дневно во Штип доаѓаат илјадници луѓе од Радовиш, Свети Николе, Пробиштип..., а голем дел од нив и планираат да останат постојано во Штип. Конкретно, во Џонсон контролс, како најголем капацитет со 1.500 вработени, барем 500 нема да бидат штипјани“, вели Алексов.
Кавадарци е град кој веќе се соочува со доселување на население. Во градот живеат инженери од Западна Македонија и повардарието, кои работат во Тиквеш и во ИГМ. Новата фабрика на Дрекслермајер, која би требало да вработи повеќе од 4.000 луѓе, се очекува да привлече нови доселеници. Градоначалникот Александар Панов очекува до 10.000 нови жители.
„Не само поради Дрекслермајер, тука луѓе се доселуваат и поради ИГМ, Синалко, Кожувчанка. Имаме преговори и за нова пиварница. Доколку се реализира сево ова, сиот квалитетен кадар од Неготино, Демир Капија, Гевгелија, дури и пошироко, очекуваме да се насели во Кавадарци“, тврди Панов.

Кадар има, стручноста е проблем
Иако малите градови за стопанството нудат многу предности, како евтина работна сила, евтин деловен простор и слично, стопанствениците се жалат дека сè потешко наоѓаат квалификувани работници, а уште потешко инженери. Според нив, големиот квантитет на кадар не мора да значи и квалитет и дека инженерите над 55 години многу тешко се вклопуваат во новите работни систематизации и во техничкиот напредок.
Данило Николовски од компанијата Ролопласт, кој повеќе од 20 години поседува своја фабрика во Неготино, вели дека секоја година е сè потешко да се најдат луѓе за работа во градот.
„Во малите места остануваат само старите и нестручните, кои не можат да се снајдат и затоа јас мора дури од Скопје да носам инженери и висококвалификувани работници“, вели Николовски.
http://kapital.mk/mk/makedonija/87627/kavadarci_i_shtip_kje_baraat_rabotnici_od_drugite_gradovi.aspx#.UE80Cs5_xW8.facebook
 
P

Princ

Гостин
ова се реални проблеми бидејќи најавените производствени капацитети ќе вработуваат и по неколку илјади висококвалификувани кадри.
Само нека вработуваат, ама ич не е проблем.
 
B

Black Guard

Гостин
Па нема стручен кадар-во странство е ова сите го знаеме уште пред 3-4 години се актуелизираше т.н Brain Drain на Македонија кој никако да сопре.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Тие бараат кадар трениран у НАСА. Како да најдат у мали места од каде веќе се отселија илјадници жители и у држава каде се фураат само факултети, а не и занатски школи со пракса? Нека донесат американци, британци или германци со такви квалификации да им работат за тие пари. Сертификат за безбедност, за англиски и германски, за ваква таква машина/процес, за исо милион и двесте...абе ајде. Кој тие усовршувања ќе ги плате?
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Шо ќе има стручен кадар коа пола Штипјани се у странство , а другата поливина се екперти у јадење гомна и дремење на кафе у Скверо и Ејнџелс ..
Чим не си у странство, тогај си у Штип, ондак си експерт :D
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Тие бараат кадар трениран у НАСА. Како да најдат у мали места од каде веќе се отселија илјадници жители и у држава каде се фураат само факултети, а не и занатски школи со пракса? Нека донесат американци, британци или германци со такви квалификации да им работат за тие пари. Сертификат за безбедност, за англиски и германски, за ваква таква машина/процес, за исо милион и двесте...абе ајде. Кој тие усовршувања ќе ги плате?
Епа тоа е еден пд проблемите поради кој доста фирми избегнуваат да инвестираат во Македонија. Не е само до ниската работна сила. Овие компании ќе си донесат кадар за обучувајне и ќе си ги обучат работниците тоа мислам и на почеток им беше јасно.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
А какви се тие инвестиции во Охрид? :pos:
 

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Се нешто ќе треба, ќе вработува, ќе има инвестиции, ќе ова, ќе она, ај да почекаме и да видиме што ќе :D
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ај нека почнат да работат гореспомнатите капацитети, па нека имаат слатки маки да си најдат кадар.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Расте неликвидноста на домашните компании. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека дури половина од активните компании во земјава, односно над 37 илјади фирми имаат блокирани сметки. Ова е логична последица на постојаниот апел на бизнис заедницата дека нема пари за враќање на кредитите и за плаќање на давачките кон државата.

- Имајќи ја во предвид загрижувачката неликвидност и вантрешната задолженост на македонското стопанство, треба да има соработка на Владата и НБРМ заедно со бизнис секторот, да се наоѓаат предлот решенија за излез од неликвидноста, да се применат мерки за заштита на домашното производство. Да се обезбедуваат потрошувачки кредити со субвенционирани камати за набавка на стока за широка потрошувачка од домашно производство. Гарантниот фонд како модел постои во цел регион, тоа е гаранција на компаниите да земаат кредити од европските фондови, институции. И зошто македонското стопанство се соочува со неликвидност, тој ќе биде гаранција дека парите што ги бараат и проектите што ги нудат, ќе бидат реализарани, вели Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

Како инструмент за подобрување на наплатата Владата воведе задолница. Но, УЈП блокира и поради долговите на фирмите кон државата. Од другастрана компаниите постојано алармираат и за долгот што кон нив го имаат државните институции. Задолжницата, како помошна мерка, не важи во ваков случај.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=54859
 

Kajgana Shop

На врв Bottom