Србија остана без Косово 1999 по интервенцијата на НАТО. Сега останува само да се види што со српското малцинство и што со големото културно наследство. Како што веќе реков, 2 милиони луѓе кои не ја сакаат државата Србија е премногу, Србија не може со тоа да се избори и не и` е во интерес. Враќање на старото не е возможно, а дури и да е можно, тоа не би донело ништо добро ни за Србија ни за Албанците. Независноста на Косово е готова работа, иако најверојатно ќе биде некако условена, а и се сомневам дека странските трупи ќе се повлечат во скоро време. Кога Косово ќе биде независно и кога на Албанците ќе им помине национално-романтичарскиот занес, ќе можеме да бидеме и добри комшии, тоа е сигурно. А независноста на Косово според мене мора да биде пратена со гаранције, за никогаш со сила да не се менуваат границите никаде на Балканот.
Го сфаќам интересот на Македонците во врска со Косово и можните последици за Македонија, но мислам дека нема место за страв. Исклучувам употреба на сила. Македонија како повеќенационална држава според мене треба да извлече корист од фактот што е таква, а не на тоа да се гледа како некој проблем. Ситуацијата по тоа прашање не е како во Србија, поинаква е, подобра е во Македонија. И мислам дека не е невозможно поголемиот број Албанци да ја сметаат Македонија за своја татковина.
Мислам дека Црна Гора и Македонија се во предност со тоа што имаат подобри услови да изградат вистински граѓански држави. Верата и етничката припадност едноставно не се за политика и ништо добро од тоа не може да биде.