И после Охриѓаните не чинеле:)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тропа на врата па ми вели: Дечки што правиш?
Следува мој одговор: Ами се туширам.
Следна нејзина реченица: Ај ако сакаш излези, одма па ќе влезиш :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
Најлошо е што сите јадете бурек а летово 90% од вас пак ке дојдат во Охрид и знаете што, ке си го добиете истиот пречек зошто очигледно подобар не заслужувате:baeh:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Најлошо е што сите јадете бурек а летово 90% од вас пак ке дојдат во Охрид и знаете што, ке си го добиете истиот пречек зошто очигледно подобар не заслужувате:baeh:
немаТ врска то, СЕКОЈА ГОДИНА се трудиме да бидеме што подобри за жал Македонче ко Македонче не има секакви
 
P

PewDiePie

Гостин
Ма не идам бре у Орида града па мајка Јана нека е!! (а не е) Да не бевме ние Скопјанишча К*Р што ќе ви дојдеше некој друг.Тоа понашање и тие ретардирани цени можете у ГЗ да си ги пикнете. :baeh:
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
ојте бе таму скопјанишча едни, идате во Охрид и масло за јајца да пржите купвите, ко да немаме најпрекрасни ресторани
уааааааааааааааааааааааа :baeh:
изгледа не си мрднал малку подалеку од тие пицериите шо кечапот го прает по подрумите со разредвење на конзервирано пире од патлиџан, кој ако ги отвориш ќе те удрит конзерванс во гла а не мирис на патлиџан.

сите пробват во та чорба да стает различни мирудии за нивниот „пица кечап„ да е пооргинален од конкуренција...и на крај ќе ти го бапнит и да си турвиш на пицата санкир ова е стек некој па ќе си турвиш сос.

Во сосот шо немат...орегано, пипер, сол, шеќер и еден куп вода и масло...па и киселина винска. На вкусот само едно му фалит а то е фкус на сладок и на сонце печен патлиџан.

Да не прајме муабет за помфритот, за кујната македонска шо ја имат секој ден во понуда по охридот.

Прашај ги постарите за добрата кујна шо ја имаше во летница па и во рибниот на времето...кај шо е сега тинекс. Секој ден имаше јадење за душа..

во Охрид како и за други работи немат никаква понуда за храна

Колумна: ПУШЕЊЕ


“Пуши пуши пушимееееееееееееее гајле си немамеееееееееееее, пуши цела нација со гаранцијааааааа....“. Ах леле кај ојде ова светов, кога македонциве пушеа и гајле си немаа. А сега...? Нема пушење кај ќе ти текнит. Има да пушиш кај шо ке ти речит Коле. И поубо да ти кажам. Порано во ова Македонијава кој кај стигвеше и на кого стигвеше му пушеше. Сегде. А овај непушач а овај влезиму и пушуму. Еве на пример кај мене во канцеларија кој да влезеше ми пушеше. За нигде. Некогаш никој не ќе влезит ама некош ко ќе се заредеа шо да ти кажвам.Тие ти пушат ти плачиш. Од чадот. Аџиба пак си расположен секогаш да ти пушат. И секој. Не така?

Абре незнам што да речам за овај новиот пушачки закон. Ал е арно вака ал не. Мада имат и позтивни и негативни страни. Е сега шо е негативното. Еве на пример сега дур пишам седнат сум на пристаниште на кругон за да можам да пушам. Дур пишам. Или пак седнат сум овде да можам да пишам дур пушам. Незнам пак, да пушам дур пишам, да пишам дур пушам.....Господ да чуват и да бранит...и голман да станит. Се шашардисав. Две букви се “у“ и “и“. А ги замена беља се прајт. Жими се. Можда овде не голема ама замисли да мениш една буква на зборот писта. Писта ти е она шо полетвет авионине. Е сега ај де заменија “с“ со “з“.А? Ќе мениш, ќе мениш ама ќе слеташ. Туку шо ми беше зборот? А за пушењево.
Порано со пушење појќе се дружевме. Ќе појш негде , во некоја кафана, ќе попушиш, ќе си попрајш муабет .... Мада види. Не беше примарна цел пушењето за да се се сретниш со некого. Тоа си идаше само посебе и си се подразбираше. Седвиш, пијачка, како си, шо прајш, ми ми ми ...и си пучите. Оф ..пушите. Виде шо напрај една буква? Све спонтано. Зжш глупо е некому да му речиш: “Ќе се најме мор ваму и ваму да попушиме?“. А? Кажи колку е глупо. И види не само шо се дружевме, ами дружењето ни беше в кафана. Си седиш, си пушиш, си гледаш момиња дотерани, во миничи, со деколтеа...и пушат. Убајна. А сега шо? Нишо. Сувилајна со праз. Не одам в кафана, а дома ми ми идат Шуле да пушиме, сејт ко куп во тренерки, ни минич имат , ни деколте...абе нишо. А како да клајт и минич и деколте ко дома ми се купосал не во кафана. И тој не е крив. Не така?

Послем сцени секакви. Ја глем една излегвит од продавница со 100 кеси, и да искористит, одма почна да се брцат во ташната, се мачит да ги извајт цигарите, ај едвај извај едно цигаре и таман да го клајт в уста и таман да го запалит и падна. Ај ојдов , и го вратив в уста и го запалив за да мојт да попушит дур не влезит негде. По улица. Глупо. Пак сега сите пупшат по улица. Охридов ко Велес се напрај. Чадојни. Друго пак шо ми сметат. Ела види кој ја возит колана. Чадој внатре думани. Па па па па. И ко ќе излезат од кола во очине подујани. Нааа ко кромид. Ко Латаса ко кажаа дека наводно бил шпиун. Јас пак невервам дека бил. Требит чоек да е ептем безкичмењак, вол, бескрупулозен, дајгаз, коњ, свиња, тинтрач, душа продаена, расипан, пенисо пушач...за да ја шпиунит својата држава. А Латас не е таков. Не вервам.

Е сега рака на нога имат и позитивни работи овај македонскиов пушачки закон. Најбитно ако не скроз, бар да намалиме со пушење. И некако е глупо море ем да плаќаш ем да пушуш. А? Не така? Бар да е обратно, да ти плаќет а ти да пушиш.....подруго е. Мада дал ти плаќет или си плаќал за пушење пак се трујаш. Како да се свртиш газот одпозади. Ама една работа бар ќе се средит. Сите се труевме. И оние шо пушат и оние шо им пушат се трујат. Аха. Пак за непушачите уште позезнато. Ем да не пушиш ем да го вовлеквиш. Чадот. Внатре. За нигде.

Ама искрено мораше да дојт до ваков закон, пушачки. Суми Коле, а можда и осети, дека македонците се големи пушачи, како народ, и сакат да напрајт малку ред. И плус то ваљда е непушач чоекот шо го донесе овај закон. И сега чим тој непушит, нејќет и македонциве да му пушат. Нормално. Мада мислам дека ко ќе е со овие големциве, од ЕУ, НАТО, Фуере, ако не друго бар протоколарно подпушвит по некоја. Онака колку да ги задоволит нив. Нормално ако се пушачи тие и ако му понудат да пушит. Абе ќе си дојт се на свое. Ваљда ова македончево ќе престанит еднаш да пушит. Не години , ами векој све некому му пушит. А шо доби? Бинек.


ЏИМИ
jimmy@t-home.mk



Хелоу Кољо, дијар казан


Кога ме ад на FB на мојата среќа и немаше крај. Незнаев каде побргу да ти ликам. Дал на сликите дал на песните, дали да прам џоин на групите шо ги имаш, дал те таквам...тагвам де или да ти комент на твојте статуси. Се тепав на тастатура. Ти ги наранав кокошките и ги измолзив кравите на фармвиле, фрлив една рака помош на јовиле и оправ неколку за тебе на мафиаворс. Да не заборам. На зингана ти пратив миљон долари чипој и напрајв акцепт на реквестот твој за она групана “ Да се собериме сите македонци за да се растуриме“.

Ееее брачед не е малку. Ни ал ни абер од тебе 7-8 години. Море господ здравје да му дајт на тој шо го измисли ова FB чудово. Си се изнајдовме. Се прашвев з`ш не ми пишиш ама ми текна дек си влав ама сега се надевам преку интернетов ќе сме во контакт. Слободно пиши и на FB, тагвиме ова она, преку имајл пиши зато шо не трошиш ни за мастило, ни за марки ни за нишо. Немат да те коштат ни за интернет з`ш ке ми пишиш од на работа. Ах та пуста Канада не оддели ептем. Ама ете сега ќе сме во контакт.

Шо да ти кажам за нас. Прво шо се сетив дека многу го гледавме цртанион филм “Атомската мравка“. На ова ме потсети министеркана за внатрешни работи. На телевизијана прва шо даознават и тресит зелени, ја видов кај шо е облечена за скијање. Џанам ко ќе ја видам ме потсетвит и на онаа комединаја „Бркати Спенсер“ , ама то е не е битно сега. Сигурно побитно е да дознајш нешто пред све за Охрид ама и за самостална, независна Република Македонија и за сите нас овде.
Конечно брачед зношти заврна. Имало Господ. Се надишивме прашиништа по патиштава наши. Знајш дека се како во Бејрут. Со дупки, песоци прашиништа и друго. Колку толку не освежи од ко заврна завчера...не..пред три дена...море дан беше пред една недела..или две...Неможам да се сетам а и не е битно важно капна колку толку. Е сега само не ми јасно зашо толку сколободи се кренаа околу дождојве. Народов се посра бадијала дека можит да ни се напрајт беља. Ама се кренаа паники за ништо. Штетите се мали засега. Пештани само пола е поплавено, само пола пат го немет, паднаа 7-8 камиони земја кај метропол, поплавени се само ј`но, сараишче, Лакочереј, уште малу езероно ќе стигнит до Ривиера, наместо коли за такси викаме гондоли, кај мене дома само во дневнана сејме во оние од лихнида кајчинана,во другине со чизми, патон Дебар – Маврово само две недели е затворен, ојде јабано цела есенска сеидба, пропадна патот за Ресен и други мали пиздарии небитни за функционирање на нашава самостална независна Република Македонија. Место за паника немат.

Мада нашиве власти и државни и локални се спремни, азар се да реагирет ако недај боже затребит. Кубурот им е на напојас за недај боже. Го смирвет народов и тоа со факти. Ко Панде. Им кажа на пештанци дека нормално е гомна да им шетет по подруми а тие му рекоа добро. Аце таткони градски кажвеже дека мојт да дојт до ова ама тие му рекоа дека е плачко. Тој им рече дека тие се мочко. Овие му рекоа дека е какачко а тој им напрај уалалала, а ти нему будала будала, тој нив скапани едниииии...... Ко сите возрасни. Дораснати. Ко шо гледаш све е кај нас на ниво и убо сорабвет ВМРО-вците, СДСМ –овците и другите овци да не ги бројам. Е сега и мое мислење е дека место за паника немат до моментот дур не нагрнет скопјанишчана. Во моментов немат кој да ни мочат и драстично да ни го креват нивоно.
Друго. Да не се секираш и за името. Ќе го мениме. Незнам сигурно ама мислам дека имаме две опции. Република Шехерзат или Република Али Кемал. Така немат да имаме никакви географски и територијални претензи и ќе немат кој да се бунит. Можда малу Онур да се бунит за една територија од Благица ама ако требит ќе потпишиме дека ќе ги скиниме нашите освојувачи на такви територии. Само мене јанза ме јајт друго. Која опција да се одберит? Ако сме РШ ќе испаднит дека се пучиме. Ако пак сме РАК испадвид дека секого пучиме ние. Незнам. Никаквата е.

Туку батали ова. Пиши како си ти. Како е сната? Децата? Ме интересират нешто. Ми рече дека ќе ми пратиш 28 долари за внукати ко одеше во градинка (сега е прва година средно) за да платам за пакетчето за нова година. Ако ги имаш пратено убо.А ако не, ако не ти сметат прати појќе. Ако мојш прати околу 37 долари за да му купиме на внучето мое ( бебето од ќерка ми) од оние убајне шишиња за млеко. З`ш дур стигнат парите ќе ја мажам. Времево летат. Брачед сори овде морам да прекинам. Почна да капит и вклозет од таванов. Се читаме.

П.С. Ти теквит на она шо си пишевме на споменарите? Мислам вака беше:

Бранејнца в село-карајнца тате мој тате твој-тате твој пцовка тате мој-тате мој чекан вгла тате твој- судски спор - чекам најбрз одговор.

Лом бевме. Кажи а ?


ЏИМИ
jimmy@t-home.mk
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Оо што се ми се има десено во Охридон !:vozbud: Ама моето со ова не може да се споредува!
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Ма не идам бре у Орида града па мајка Јана нека е!! (а не е) Да не бевме ние Скопјанишча К*Р што ќе ви дојдеше некој друг.Тоа понашање и тие ретардирани цени можете у ГЗ да си ги пикнете. :baeh:
Кутрите ние, што ќе правиме без вас. Ве молиме не се лутите сега, Охрид ќе пропадни без вас Скопјаните бее. А ако сакаш бато и без пари ќе те сместиме и ни за јадење ни за пиење не ќе мораш да плаќаш. Само дојди ти. Од вас ни зависат животите.
Мајмун еден во тоа Скопјето поевтино да не е?
 
Г

Господ

Гостин
Ако не ви дојдеме ќе се удавите бе кој ќе ви го испие ензерото:pos2:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ма не идам бре у Орида града па мајка Јана нека е!! (а не е) Да не бевме ние Скопјанишча К*Р што ќе ви дојдеше некој друг.Тоа понашање и тие ретардирани цени можете у ГЗ да си ги пикнете. :baeh:
Koга ќе ми текнит шо цени имате во Скопје,стварно ние од Охрид имаме ретардирано ефтини цени.
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Не се согласувам со тоа. :) Мислам дека имате прилично високи, а нереални цени (ова не е навреда за градот или граѓаните, just sayin).
Инаку со свои очи имам видено, а и самата сум имала ситуација со вообразени и дрски Охриѓани.

3-4 дечки плаќаат и искачаат од собата на типкава (постара жена) и не знам, се журкале нешо ова-она, гласна музика и оваа оди зад нив и ги пцуе и им вика:
Да дајт Господ догодина да тргните, да не стасате
. :/:

А мојата случка, бараме ние соба/апартман и влегуваме во една куќа, собата океј, тоалетот без капак на тоа шољата и викам:
Добро..нема капак на ова шољава?!
Старава : Еми, вие во Скопје сите имате капаци на шољите?!
:kill:

И да, не сите Охриѓани се такви. Има еден дел со буквално ретардирани луѓе, во стариот дел на Охрид кои не знам како имаат дозвола да издаваат соби.
Бевме со друштво лани и имаа ќерка која имаше некакво пореметување, но сепак ја земавме собата бидејќи ни рекоа дека тој спрат ќе биде само наш.
Кога се распакувавме - друг муабет.. Тие не се тргнаа од нашиот спрат, тука спиеја, а ќерката не престануваше да збори цела вечер и иритираше, не можевме да спиеме.. беше неподносливо. Потоа не ни даваа да чепкаме ништо, никаква слобода и вториот ден веќе се спакувавме и се спремивме да си одиме. Газдата се наку*чи 200, мислам дека ќе не убиеше сите, ако не се испорасправавме ќе ни земеше и плус пари.
Среќа што познавам нормални луѓе од Охрид, па веднаш ми најдоа друго место за престојување. -.-
Судено ми е околу пределот кај Maxi-D да престојувам :)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Туристичка агенција што барате на на автобуска да слегувате стварно неможам да ве разберам.
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Не се согласувам со тоа. :) Мислам дека имате прилично високи, а нереални цени (ова не е навреда за градот или граѓаните, just sayin).
Инаку со свои очи имам видено, а и самата сум имала ситуација со вообразени и дрски Охриѓани.
Ај дај конкретен пример. Ладно нес во Скопје на 3 места ми го наплатија 100. Тука во Охрид на едно место преку цела година е 60, а Кадмо (шо е најфенси место во градов) е 80. А за глетката шо се фаќат од таму да не прајме муабет.
А за болдот..ова беше ко you suck ама не се лутете :icon_lol:
 
Г

Господ

Гостин
Али љубам коа некоја теткица ќе ти се залепи на шофершајбна со 10 квадрата картон на кој пишува "Соби за издавајне":pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom