ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Сето тоа е точно пријателе,сето тоа е точно,само што сите забораваат на Српската инсталација во ВМРО-ДПМНЕ.Инаку во Слепче живееше и една од најконтрадикторните личности во Македонската понова историја Драгиша (Мушика) Попов,Поповиќ или Поповски во зависност од потребите на неговата кариера,најверојатно роднина на Стојан Попов,врбуван од УДБА и прогласен за еден од најуспешните бизнисмени во Германија,за кој само бог знае какви бизниси водел.А човекот го поседува/ше пола Слепче и околината,кај него Македонските генерали стоеа мирно како млади невести пред свекор пред 10тина години.Бев фрапиран каква моќ и богатство но и позиција имаше човеков,од аеродром во Слепче го носеа со хеликоптер на МВР нашине од ДБК или УБК,а куќата во која живееше му беше преполна со заеднички фотографии со Колишевски,Карангелевски и други Југословенски комуњари.За него Мијалков,Кљусев,Јаковлевски или Трантало беа само потчинети пиунчиња во Македонската УДБАШКО-ПОЛИТИЧКА хиерархија и во поново време.Затоа викам дека не смее да се изостави улогата на Српското лоби во ВМРО-ДПМНЕ кое и ден денес е активно во самиот политички врв на партијата,иако некој од вас можеби намерно не сака тоа да го согледа и да си го признае.Средбите со бугарофилот Ванчо Михајлов
Стојан Попов неколкупати се сретнал и со Ванчо Михајлов, еден од најголемите ликвидатори на борците за македонската кауза. Се среќавале во Рим по барање на Михајлов, чија цел била од Попов да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО.
- Првпат со Ванчо Михајлов се сретнав 1961 година во Рим. Контактот беше воспоставен преку Санде Перов од Берово. Тој дојде кај мене и ми вели, многу големи луѓе сакаат да се сретнат со тебе. А јас му велам, а кои се тие големи луѓе? Ќе видиш, ми вели тој. Ми ја кажа кафеаната каде што беше закажана средбата. Влегов и седнав на маса. За кратко време влезе човек кој рече дека се вика Асен Аврамов. Се поздрави со мене и ми рече да почекам малку. По десетина минути во кафеаната влезе тој - Ванчо Михајлов - раскажува Стојан Попов.
По меѓусебно запознавање и по краток разговор дошло до жестока расправа меѓу Михајлов и Попов.
- Без срам, онака дрско одеднаш ме праша, а што си ти Македонец или Бугарин? Му велам, јас сум чистокрвен Македонец. А тој на мене со повишен тон и со гневен глас ми вели, е па не си Македонец туку Бугарин. Македонците не постојат, тие се измислица на комунизмот! Збеснав. Тропнав на маса и станав. И му велам, слушај. Јас не сум ниту комунист ниту Бугарин, а сепак ти кажувам дека сум Македонец!...И така. Со него се сретнав уште неколкупати. Се обиде од мене да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО. Тој е најголемиот ликвидатор на македонските револуционери. Од негова рака настрадаа дејци како Јане Сандански, Петар Чауле, Тодор Паница и многу други - раскажува Попов.
Враќањето во родната Македонија
Стојан Попов по цели 44 години егзил првпат стапнува во Македонија во 1994 година. Во неговото Слепче му приредуваат голем пречек на кој присуствувале неколку илјади луѓе, а во селото дошол почест да му оддаде и Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО - ДПМНЕ.
- Чувството по пола век да стапнеш на тлото на земјата што ти е најголемата љубов и на која си и го посветил целиот живот е неописливо. Душата ми беше полна со радост. Ме дочекаа со зурли, тапани и со развиорени бајраци. Си помислив, сега можам да умрам. Да умрам среќен во слободна и независна Македонија - со солзи на очите зборува Попов.
Тој по враќањето влегол во конфликт со Љубчо Георгиевски, на кого отворено му замерил што името на најсветата македонска револуционерна организација го злоупотребил за име на политичка партија.
- ВМРО е најсветото македонско име. Кога тој дојде кај мене, јас го прашав зошто тоа име го дале на политичка партија кога таа нема никаква поврзаност со борбата што ја водеше ВМРО. Ми рече дека не знаел и дека тоа било идеја на Драган Богдановски. Иронично му се насмеав во лице - раскажува Попов.
Тој и 15 години по враќањето во татковината ја носи истата мисла - сега можам да умрам, да умрам среќен во слободна и независна Македонија.
Еве колку знаел Љупчо за Вмро во 1990 година.Посебно нека прочитаат Оса и Набљудувач.
А за Ванчо Михајлов исто има се што го потврдува неговото Бугарофилство.Човек како Љубе.Љубе не го згрешил и во расипаноста и во глупоста