,,NE PRIZNAVAM BORBA ZA MAKEDONIJA BEZ NEJZIN TRIUMF" LJUBE BOSKOVSKI
citatov e dobar no zasto doagja od Ljubr Boskovs.kakov trijumf ima izdvoeno Ljube za Makedonija?(Hag nema nikakva vrska so nekakov trijumf,tuku obratno).
realno gledano covekot si misli deka nekoj nesto mu dolzi potocno ubeden e deka toj e onoj koj edinstveno treba posle Ljbco da rakovodi so partijata,premnogu e providen deka nemoze da se pomiri so faktot deka ne e vo pozicija (a i tesko deka nekogas i ke bide) da ima seriozna politicka mok odnosno nema da e onoj koj ke odlucuva i nosi odluki.spored mene problemot e vo toa sto covekot saka celosna kontrola vrz vmro tuka lezi fundamentalnata greska koja ja pravi,ako saka da ima vlijanie toa moze da go pravi kako del od najvisokoto rakovodsvo na vmro,sigurno ako sakal da se vrati kako minister ili visoko mesto od koe ke moze da rakovodi toa ke mu bilo ovozmozeno,no sekoe normalno rakovodstvo koe samoto izgradilo nekoja prilicno dobra funkcionalna partija od loso funkcionalna i samoto toa rakovodstvo dobila poradi nivnoto funkcioniranje kako vlast dobila i doverba od gragjanite ne e logicno da go otstapat na nekoj koj ne mu pripagjaat tie zaslugi.
Бошкоски: Нема да бидеме приврзок на големите партии
Автор: Венцо Донев
Љубе Бошкоски на Спасовден ќе го објави формирањето на партијата затоа што на тој ден 2001 година „во престрелките на безбедносните сили и екстремните албански групации тој и новинарите останале живи“. На 29 мај е основачкото собрание. Партијата според својата профилација ќе биде модерна, демократска, но ќе ги негува и традиционалните вредности на македонската држава.
- Во преамбулата на нашиот статус ќе стои дека ја продолжуваме идеологијата на историското и возобновеното ВМРО преку политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Максимално ги вреднуваме и почитуваме придобивките од нашето минато, односно од поновата и постарата историја. Од АСНОМ до формирањето на македонската држава, со респект за сите личности што го дале максимумот за нејзината независност. Тоа е она што е дел од традиционализмот и конзерватизмот- истакнува Бошкоски.
Но, Бошкоски истакнува дека со продолжувањето на традициите на ВМРО тоа име нема да се користи за маркетинг, ниту за злоупотреба. Тој смета дека многу негови сопартијци ја напуштиле идеологијата и сега веруваат „само во парите и во задоволството“.
- По многу нешта ќе покажеме дека сме новост. Немаме амбиции да бидеме приврзок на таканаречените големи партии, бидејќи на македонската политичка сцена доаѓа вистинска голема партија. Тоа е нашата партија- тврди Бошкоски.
Тој не се оптоварува со тоа кои личности се во партијата, иако некои од нив не поминале славно во политиката, тој вели дека му приоѓале луѓе кои биле запоставени, а имале светски признаени дипломи од Харвард, Оксфорд и други престижни универзитети. Има намера да ја активира и дијаспората. Покрај тоа, ќе формираат и влада во сенка, која ќе нуди алтернативи за излез и од политичката и од економската криза.
Блиските соработници на Бошкоски и политичките аналитичари оценија дека погрешил што не ја формирал партијата пред изборите, бидејќи така ќе имал поголем успех и поцврсти позиции.
- Јас сум човек кој ги исполнува своите ветувања.
На Груевски му ветив дека нема да формирам политичка партија. И, ако се присетите на писмото што му го испратив пред изборите, ќе видите дека таа грешка ја направив свесно. Верував дека Груевски ќе ја сфати пораката, но, занесен во својот рејтинг и во важноста да биде најпопуларен политичар, заборави на луѓето кои имаат два пати повеќе стаж од него во ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои дале се за Македонија. Заборави дека јас ги исполнив моите ветувања, а тој ниту едно од неговите- укажува Бошкоски. И додава дека не е битно колку тие двајцата се сакаат или не, туку дека во партијата ги обединува програмата.
- Имав одредено разбирање за нив, мислејќи дека ќе внесат нов квалитет во функционирањето на партијата, но и во државата, доколку повторно се вратиме на власт. Но, три години живееме во виртуелен свет. Живееме во економска криза која не е само одраз на светската криза. За три години немаме три вработувања, имаме 35 отсто невработеност, а според Светската банка имаме 20 проценти сиромаштија. Значи, имаме 55 отсто од граѓаните кои едвај преживуваат. Не успеваме ништо да преродиме. Со даночниот систем што го имаме и начинот на кој се задолжуваме, Македонија тоне во се подлабока економска криза- потенцира Бошкоски.
Во предизборието се велеше дека Бошкоски имал средба со Бранко Црвенковски, при што му била ветена поддршка за претседателските избори. Според прокламирањето, неговата партија треба да биде опозициона, како и партиите на Црвенковски и на Љубчо Георгиевски, односно да бидат опозиција на ВМРО-ДПМНЕ. Бошкоски вели дека немал средба со Црвенковски, ниту има намера да биде нечиј приврзок. Тој смета дека неговата партија, што доаѓа ќе биде најсилната.Тоа ќе го докажеле на парламентарни избори, за кои смета дека ќе бидат предвремени.
LB ostana na zbor ne formira partija...a na NG pa ne mu cini...ne znam dali mozi pa da go pratime vo Hag ili negde samo ne tuka...oti dodeka ima i samo 1 Vmroec NG ce se plasi za svojta pozicija...