eve za ti da razberes vest Понеделник 7/12/2004
Нечесно рушење
Како најстар жив основач на партијата на ВМРО-ДПМНЕ упатувам јавен повик за разум до г. .Љубчо Георгиевски, да престанеме со рушењето на партијата што ја создадовме. Непримерно е секојдневно појавување на прес-конференции на поранешни директори и функционери, кои одработувајќи некаков долг, го рушат достоинството на многуилјадното членство и симпатизиери на ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто пред една година поднесе неотповиклива оставка, кога си сакал пак да се вратиш на чело на партијата? Во твојот говор на последниот Конгрес си додели историска важност, вбројувајќи се во редот на основоположниците на ВМРО: Христо Татарчев, Даме Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански и др. Ова што го покажа како однесување во последниве два месеца, ќе те вброи во еден друг список-предавник.
Во 1992 година помогна во рушењето на владата на академик Кљусев, во 1994 ги напушти изборите, од 1998-2002 година и покрај многубројните успеси на одделни министри, големото јавно трошење пари, скапите патувања по светот, баловите во време-невреме, како и ергенско-шоферските банки, придонесло за губење на изборите во 2002 година.
Затоа немаш морално право да ги критикуваш, а уште помалку да ги рушиш вака нечесно оние кои се мачат да ја поправат сликата за партијата што им ја остави.
Сепак, те повикувам уште еднаш, ако во тебе останало нешто од патриотизмот на младиот студент, да престанеш со делбите и нечесните игри. Партијата ќе го преживее и ова искушение.
Владимир Транталовски
eve da vidis od pred eden mesec necel na cija proslava bese vlade trantalovski
delot od 3:58 do 4:52