И во странство сме поделени

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
И во странство сме поделени
Автор: Фросина Цветковска

Според неофицијалните процени, во Бугарија, Грција и во Албанија живеат вкупно околу 800.000 Македонци. За добивањето на правата што во трите земји ги немаат тие се борат расцепкани во повеќе од десетина организации. Поделбите почнаа да се случуваат од деведесеттите години, а продолжуваат и денес.

Лични несогласувања, обвинувања за збогатување преку трошењето пари наменети за македонските малцинства, идеолошки разлики, борби за превласт, се само дел од причините поради кои Македонците одлучуваат да се разделат и да формираат нови организации преку кои ќе ги бараат своите права.

Најновиот случај на расцепкување на македонските партии е во Албанија. Таму се најавува формирање нова партија на Македонците откако конгресот на „Македонска алијанса за европска интеграција“ на виделина ги исфрли несогласувањата меѓу партиските членови. Таќо Гроздан, поразениот кандидат за претседател на партијата, вели дека новата партија би можела да се формира по парламентарните избори во Албанија, кои се закажани во јуни.

Гроздан тврди дека повеќе од половина од членовите веќе најавиле дека нема да учествуваат во партиските активности поради незадоволството од начинот на кој Едмонд Темелко беше избран за претседател. Според него, за изборот на Темелко гласале, како што вели, платеници, а не партиски делегати.

- Не можеме да ги надминеме несогласувањата и разликите меѓу нас и луѓето блиски до Темелко. Една од причините е и тоа што на најдобрите активисти на партијата им беше одземено правото на глас - тврди Таќо.

Темелко, пак, веќе ги отфрли ваквите обвинувања, кои стигнаа веднаш по конгресот, кој се одржа на 25 минатиот месец во Тирана.

Но незадоволното членство тврди и дека Темелко воопшто не поднел сметки за трошењето на парите кои ги испраќаат македонските иселеници од САД. Тие се сомневаат дека парите кои се наменети за партијата и подобрувањето на животот на Македонците во Албанија, Темелко ги трошел за лични цели на што тој одговара со контра обвинувања.

Овој раздор се случува во период во кој партијата треба да се подготвува за претстојните парламентарни избори на кои претендираат да освојат барем едно пратеничко место. Но, дали ќе успеат во целта и покрај процените дека во Албанија живеат околу 150 илјади Македонци е неизвесно. Дел од членството вели дека нема да излезе и да гласа бидејќи сметаат дека Темелко нема да направи ништо за нив.

И во Грција по македонски

И во соседна Грција следуваат избори, но за европскиот парламент. Додека Виножито, партијата на Македонците кои живеат таму се подготвува за добивање на гласови, друга група слично како и во Албанија тврди дека успехот нема да биде голем.

- Поради незадоволството од работата на раководството на Виножито гласачкото тело од избори до избори се намалува- тврдат поранешни членови на партијата.

Според нив Павле Воскопулос и Атанасис Парисис, членови на раководството на партијата не прават многу за малцинството во Грција, туку како што тврдат повеќе се промовираат во медиумите во Македонија.

И таму едно од обвинувањата кои си ги упатуваат меѓусебно се врзани за трошењето на парите кои доаѓаат од дијаспората.

Инаку главното расцепкување на Виножито се случи пред 15 години. Тогаш половина од основачите на партијата се одлучиле да заминат незадоволни од раководството на партијата, кое водело „левичарска политика“, а не борба за малцински права. Сега, дел од тие незадоволни основачи се активни во други организации, а како што велат немаат никакви контакти со актуелното раководство на партијата.

Рекордерите се во Бугарија

Македонците во Бугарија, пак, дефинитивно се рекордери по бројот на партиите и организациите што ги имаат формирано.

ОМО Илинден-Пирин, ОМО Илинден, ТМО ВМРО-независна Илинден, Македонско-христијанско братство Свети пророк Илија, Македонско културно друштво Никола Вапцаров, Комитет на репресирани Македонци се само неколку организации што сега дејствуваат во Бугарија.

Одделувањето на ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин се случи во средината на деведесеттите години. Несогласувањата што постојат и десетина години по поделбата, како што објаснува Стојко Стојков, член на претседателството на ОМО Илинден-Пирин, се за начинот на кој треба да ги бараат правата за Македонците.

- Тие имаат сфаќања од типот „бугарската окупаторска војска да си оди од Пиринска Македонија“. Ние мислиме дека правата треба да си ги бараме преку институциите на системот. И ОМО Илинден не сака да соработува со нас оти смета дека сме многу умерени - вели Стојков.

Во меѓувреме, додека оваа малцинска група не соработува меѓусебно и се дели врз повеќе основи, официјална Софија продолжува со дискриминаторската политика кон Македонците. Тие не се признаени како малцинство, а не учествуваат ниту во политичкиот живот, поради одбивањето на судот да ја регистрира партијата ОМО Илинден-Пирин.

Овие поделби покажуваат дека поговорката „Еден Македонец комита, двајца Македонци чета, тројца Македонци - провала“ сè уште го отсликува македонскиот менталитет. И по еден век тие не можат да се обединат во барањето на своите права.


Извор Нова Македонија...

Еве оваа тема како коенциденција на темата на БРАТОТ за македонската КАУЗА...излезе денес во Нова Македонија...
Отварам тема за да се увиди потребата за ваква кауза која би не обединила...

Не ми е јасно само дали поделбите сами си ги правиме или овие поделби се подтикнати од тајните служби...
Особено мислам дека тоа е случај во Бугарија...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Извор Нова Македонија...

Еве оваа тема како коенциденција на темата на БРАТОТ за македонската КАУЗА...излезе денес во Нова Македонија...
Отварам тема за да се увиди потребата за ваква кауза која би не обединила...

Не ми е јасно само дали поделбите сами си ги правиме или овие поделби се подтикнати од тајните служби...
Особено мислам дека тоа е случај во Бугарија...
Или пак се потикнати од алчноста и гладта за моќ и пари?!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Е, ова е тема на место. Ова е веќе нешто есенцијално. Те молам како дел од некоја од иницијативите да се покрене и учење на нашата химна. Пред да се обединат со заедничка кауза, те молам направи анкета колку од луѓето ја знаат химната.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
Тоа не е странство, тоа е соседство, или пак поточно во деловите на Македонија под странска окупација.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Ништо ново, кога дома си немаме единство што тогаш единство бараме надвор од државата.
Какви сме дома такви сме си надвор,карактерната особина ја носиш со себе не можеш да ја смениш или оставиш некадње да мирува.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Па во Македонија, Македонските партии не си ја потпираат доктрината врз столбови на Македонштина па сакате во соседството. Во Македонија треба секоја Македонска партија да ја има Македонштината за основа па после се друго. Кога тоа ќе го направат (ахм ахм сдс) во Македонија, тогаш некои работи ќе се променат и во странство.

Инаку ај некој нека ми каже која е идеолошката разлика помеѓу ДПА, ДУИ...? Кој се комуњари а кој изолираат? Ајде некој нека ми каже која партија е центар десно/ лево ...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
А колку добри вести слушавме од Албанија...
И таман тргнаа работите како што треба , барем таму и ајдееееее,
ДЕЛБИ....
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ВИДЕО: Македонците во Албанија обединети за остварување на сопствените права


Разликите се одлика на демократијата, нив ги има и меѓу Македонците во Република Албанија, без нив би немало потреба од партија. Првиот Конгрес на Македонска алијанса за европска интерграција одржан на 25 арил годинава во Тирана, демонстрира единство и братство. Сите одлуки беа донесени со речиси апсолутно мнозинство. Изборот на претседателот на партијата беше извршен со тајно гласање меѓу двајца кандидати, Едмонд Темелко и Таќо Гроздан. Победи Едмонд Темелко со двотретинско мнозинство од вкупните делегати, се вели во демантот на Македонска алијанса за европска интеграција за невистинитите наводи објавени во дневниот весник “Нова Македонија“, под наслов “И во странство сме поделени“.

http://time.mk/story_8f62cc515b_article_8764a9fad1.html

Povtorno utrinski...
Znaat li ovie luge deka so nivnite brzopleti tekstovi mu stetat na makedonskiot nacionalen interes...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
шо да очекуваш од Утрински да им ебам матер ...
ја незнам зошто сме пасивни спрема нив, спрема шпиц, спрема А1 ....
има ли некој идеја шо да се превземе ... некоја иницијатива за бојкот ?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
250
Поени од реакции
19
jas bi go zamolila avtorot na temata da gi zamoli adminite da go smenat naslovot.

vaka mnogu neubavo e, i ne e vistinito :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.000
Поени од реакции
51.179
vaka mnogu neubavo e, i ne e vistinito :)
шо не е вистина бе, ова ти е трејдмарк карактетристика изворна.Како што се Црногорците мрзливи Бошњаците главати, Шкотите скржави, Грците педери, ние сме катиљи.
Треба да ја искористиме оваа карактеристика за реклама некоја. Доста трипаме дека сме питоми и фини, вистината во очи да се погледне. Ние сме проклети према себе секогаш и секаде!! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom