- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
И во странство сме поделени
Автор: Фросина Цветковска
Според неофицијалните процени, во Бугарија, Грција и во Албанија живеат вкупно околу 800.000 Македонци. За добивањето на правата што во трите земји ги немаат тие се борат расцепкани во повеќе од десетина организации. Поделбите почнаа да се случуваат од деведесеттите години, а продолжуваат и денес.
Лични несогласувања, обвинувања за збогатување преку трошењето пари наменети за македонските малцинства, идеолошки разлики, борби за превласт, се само дел од причините поради кои Македонците одлучуваат да се разделат и да формираат нови организации преку кои ќе ги бараат своите права.
Најновиот случај на расцепкување на македонските партии е во Албанија. Таму се најавува формирање нова партија на Македонците откако конгресот на „Македонска алијанса за европска интеграција“ на виделина ги исфрли несогласувањата меѓу партиските членови. Таќо Гроздан, поразениот кандидат за претседател на партијата, вели дека новата партија би можела да се формира по парламентарните избори во Албанија, кои се закажани во јуни.
Гроздан тврди дека повеќе од половина од членовите веќе најавиле дека нема да учествуваат во партиските активности поради незадоволството од начинот на кој Едмонд Темелко беше избран за претседател. Според него, за изборот на Темелко гласале, како што вели, платеници, а не партиски делегати.
- Не можеме да ги надминеме несогласувањата и разликите меѓу нас и луѓето блиски до Темелко. Една од причините е и тоа што на најдобрите активисти на партијата им беше одземено правото на глас - тврди Таќо.
Темелко, пак, веќе ги отфрли ваквите обвинувања, кои стигнаа веднаш по конгресот, кој се одржа на 25 минатиот месец во Тирана.
Но незадоволното членство тврди и дека Темелко воопшто не поднел сметки за трошењето на парите кои ги испраќаат македонските иселеници од САД. Тие се сомневаат дека парите кои се наменети за партијата и подобрувањето на животот на Македонците во Албанија, Темелко ги трошел за лични цели на што тој одговара со контра обвинувања.
Овој раздор се случува во период во кој партијата треба да се подготвува за претстојните парламентарни избори на кои претендираат да освојат барем едно пратеничко место. Но, дали ќе успеат во целта и покрај процените дека во Албанија живеат околу 150 илјади Македонци е неизвесно. Дел од членството вели дека нема да излезе и да гласа бидејќи сметаат дека Темелко нема да направи ништо за нив.
И во Грција по македонски
И во соседна Грција следуваат избори, но за европскиот парламент. Додека Виножито, партијата на Македонците кои живеат таму се подготвува за добивање на гласови, друга група слично како и во Албанија тврди дека успехот нема да биде голем.
- Поради незадоволството од работата на раководството на Виножито гласачкото тело од избори до избори се намалува- тврдат поранешни членови на партијата.
Според нив Павле Воскопулос и Атанасис Парисис, членови на раководството на партијата не прават многу за малцинството во Грција, туку како што тврдат повеќе се промовираат во медиумите во Македонија.
И таму едно од обвинувањата кои си ги упатуваат меѓусебно се врзани за трошењето на парите кои доаѓаат од дијаспората.
Инаку главното расцепкување на Виножито се случи пред 15 години. Тогаш половина од основачите на партијата се одлучиле да заминат незадоволни од раководството на партијата, кое водело „левичарска политика“, а не борба за малцински права. Сега, дел од тие незадоволни основачи се активни во други организации, а како што велат немаат никакви контакти со актуелното раководство на партијата.
Рекордерите се во Бугарија
Македонците во Бугарија, пак, дефинитивно се рекордери по бројот на партиите и организациите што ги имаат формирано.
ОМО Илинден-Пирин, ОМО Илинден, ТМО ВМРО-независна Илинден, Македонско-христијанско братство Свети пророк Илија, Македонско културно друштво Никола Вапцаров, Комитет на репресирани Македонци се само неколку организации што сега дејствуваат во Бугарија.
Одделувањето на ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин се случи во средината на деведесеттите години. Несогласувањата што постојат и десетина години по поделбата, како што објаснува Стојко Стојков, член на претседателството на ОМО Илинден-Пирин, се за начинот на кој треба да ги бараат правата за Македонците.
- Тие имаат сфаќања од типот „бугарската окупаторска војска да си оди од Пиринска Македонија“. Ние мислиме дека правата треба да си ги бараме преку институциите на системот. И ОМО Илинден не сака да соработува со нас оти смета дека сме многу умерени - вели Стојков.
Во меѓувреме, додека оваа малцинска група не соработува меѓусебно и се дели врз повеќе основи, официјална Софија продолжува со дискриминаторската политика кон Македонците. Тие не се признаени како малцинство, а не учествуваат ниту во политичкиот живот, поради одбивањето на судот да ја регистрира партијата ОМО Илинден-Пирин.
Овие поделби покажуваат дека поговорката „Еден Македонец комита, двајца Македонци чета, тројца Македонци - провала“ сè уште го отсликува македонскиот менталитет. И по еден век тие не можат да се обединат во барањето на своите права.
Извор Нова Македонија...
Еве оваа тема како коенциденција на темата на БРАТОТ за македонската КАУЗА...излезе денес во Нова Македонија...
Отварам тема за да се увиди потребата за ваква кауза која би не обединила...
Не ми е јасно само дали поделбите сами си ги правиме или овие поделби се подтикнати од тајните служби...
Особено мислам дека тоа е случај во Бугарија...