Леле добро Смугре уживај примен си. Ова го расправавме и нема пак да се расправаме за ова. Пенал немаше и покрај играта со рака, од причини шо беа многу убо објаснати за тие шо скат да сфатат и шо располагат со елементарна интелегенција.
Вториот гол беше регуларен.
Дали ова е пенал според навивачите на Интер и според кој и да е друг??
Аталанта - Милан (прајме муабет за играта со рака, точно пред да влези Роналдо е на клипчето и коментаторо спомнува има успорена снимка)
Пази ситуација на Интер - Парма . . . .
празен гол , голманот истрчува напред , Ибра шутира и топката оди зад грбот на голманот на Парма , мислам Бучи беше , Коуто на гол линија реагира ( празен гол ) и удирајќи ја топката со глава истата се лизга и по неговата рака т.е. го допира и оди во Корнер , сето тоа се дешава во шеснаесетник со 15 играчи накрцани така да
ако ударот со рака беше приметен од судиите ( истиот сепак постоеше самиот
Коуто тоа го изјави ) а беше приметен е тогаш друже е пенал . Судијата нема прилика да види дал топката одела кон голот ( тоа не ни беше возможно ), како и на кој начин Коуто ја удрил со рака и тн и тн ние имаме прилика истото да го видиме од 100 подобри агли со успорени снимки , така да одлуката беше оправдана
поради контактот со рака у ситуација кога
голот е празен без разлика дали он ја удрил топката прво со глава па сменил правец и тн и тн , ако има контакт со рака
при празен гол тогаш се свири пенал ( ова не е мое мислење , воопшто вакви примери имало и ке има миљон
.
А тренерот на Парма по натпреварот изјави дека дури и доколку имало игра со рака ( значи сеуште не ги видел снимките ) истата била ненамерна и
не требала да се санкционира со црвен картон бидејќи така било наводно наложено од фудбалската федерација , значи се согласува да има пенал ( доколку имало контакт со раката при празен гол) но не и црвен картон што и јас го оправдував веднаш по мечот на форумов . Значи главната дилема е дали играл со рака или не , ако играл бујрум Пенал али не и црвен картон , .
Морав да ти реплицирам иако истово неда испари , незнам што упорно се навраќате на ситуација која и вие на наше место на
ист начин ке ја оправдувавте , посебно
ти како самопрогласена најинтелигентна личност на форумов , и незнам како тие твои индиректни навреди кон одредени членови овде не биле санкционирани . Човек со елементарна интелегенција овде би рекол дека има пенал .
И да те просветлам уште еднаш ,
ако голот е празен , секаков контакт со рака се санкционира со пенал , ова не е правило измислено од мене, од Морати или Интер , ова е правило кое го практикува секој судија во светов !!!
Што се однесува до клипчето , знам како е кога клубот за кој навиваш е оштетен од судиите , верувај ми , повеќе од 10 години го гледав тоа со Интер , истото го гледав и кога Лацио беа ништени од судии , Рома , Ливорно , Парма , Сампдорија и остатокот од Калчото . . . на што ти укажува истово , дека Интер режира ??? Не зезајте .
Сакаш реален одговор , потребна е јака реконструкција кога е во прашање судењето во Италија , зашто не се само Милан и Интер , тука се 20 други екипи кои го трпеле , трпат и ке го трпат истото .