Италијанско првенство

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.467
Поени од реакции
5.439
И јас имам приметено тоа што кажува Синдикат со судиите ама несакам да коментирам ќе речете неможат да тепаат и судиите им се криви затоа си чутим:)
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Во ред Миланез, знам дека е тешко и никој не го оспорува тоа..Лига на Шампиони не е лесно да се освои!!!Ама темава е Италијанско Првенство, а Синдикат напиша дека Јуве е класа подолу од Милан во ИТАЛИЈА!! Ако мисли на ЛШ нека појди на таа тема!!!Мојте факти секаде можат да се проверат!!!Видете ја табелата, ситуацијата и ќе ви стане јасно ЗА ВО ИТАЛИЈА!!!

Па то е проблемот со тебе ти не гледаш фудбал, гледаш Лајвскор и табели. Ти кажав дека на сред натпреварување не се кажва кој е победник, то е исто ко да водиш во 50 минута од некој меч и да скокаш дека си најак. За годинава првенството ќе прајме муабет на крајот на сезоната.

Јас ги одредвам по класи според играта на тимот, според играчкиот кадар и според амбициите. Ако не се согласваш ти со мене, не мора да го распушаваш, напрај си сам класификација и ако сакаш Јувентус нека е Уберкласе тим и сите нека се 10 класи под нив, а Милан клај го со Албинолефе во класа ако сакаш, КУРО МЕ БОЛИИИИИИ.

Мое мислење и во него вервам, имам причини зошто така ги подредив. Стојам зад то шо го напишав и го засновам на своето знаење за фудбалот, што за тебе е фикција.

Ај чао сега и не клавај извичници, те читаме не мора да се дериш. Порасни, оздрави и по можност свати.
 
Член од
28 ноември 2007
Мислења
198
Поени од реакции
0
Видов само со Парма каде имаја голема помош, можи и да е единствениот пат сезонава, а оставам можност и да е случајно ама факат је да не изгледаше така.


Која грешка !?
Пеналот!?
Самиот играч се изјасни дека ја фатил со рака топкана, нанесакајќи...
Голот од Ибра!?
Ти ак мислиш на голов од Ибра, и најголем анти-навивач на Интер ќе рече дека не играше со рака...
Напрајле грешка судине, пак огромна, доста аман :tapp:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Па то е проблемот со тебе ти не гледаш фудбал, гледаш Лајвскор и табели. Ти кажав дека на сред натпреварување не се кажва кој е победник, то е исто ко да водиш во 50 минута од некој меч и да скокаш дека си најак. За годинава првенството ќе прајме муабет на крајот на сезоната.

Јас ги одредвам по класи според играта на тимот, според играчкиот кадар и според амбициите. Ако не се согласваш ти со мене, не мора да го распушаваш, напрај си сам класификација и ако сакаш Јувентус нека е Уберкласе тим и сите нека се 10 класи под нив, а Милан клај го со Албинолефе во класа ако сакаш, КУРО МЕ БОЛИИИИИИ.

Мое мислење и во него вервам, имам причини зошто така ги подредив. Стојам зад то шо го напишав и го засновам на своето знаење за фудбалот, што за тебе е фикција.

Ај чао сега и не клавај извичници, те читаме не мора да се дериш. Порасни, оздрави и по можност свати.
Уфф. Никој не бара од тебе да прајш класи на тимој. Напраена е пред тебе. Значи дали се вика Интер или се вика Каљари сите се еднакви и играат во Италијанското првенство. Е сега ако ти се споредва ќе споредваме.
Оригинален состав на Милан сезонава. Да полн е со звезди како Неста,Гатузо,Пирло,Кака,Сидорф,Роналдо,Пато???
Од друга страна Јувентус:
Буфон,Недвед,Каморанези,ДелПјеро,Трезеге. Останатите ... мм клошари шо се обидват да се докажат.
Значи кога се работи за надмоќ со имиња. Точно Милан има на хартија позвучен состав од Јувентус тука не мораш да се докажваш.
Е сега ќе гледам од друга страна. Џабе ти е и состав од сите звезди ако не знајш да го искористиш или ако не функсионира како шо треба. Значи збораме за фудбал кој шо е тимски спорт а не индивидуален. Значи 11 а не 1. И тие 11 треба да соработват да дишат заедно како шо диши средниот ред на милан заедно (шо би рекол коментаторот на Телма, телепатски да се разбираат кој шо сака да направи)
Значи и покрај се шо има милан сезонава незнај да ги искористи рационално. За то ти зборат (ајде не табелата и резултатите туку) сите изиграни мечој досега. Прифати го фактот дека милан во досегашниот тек на сезоната само на хартија можи да се споредва со Интер и Рома, а реално ммм... со Аталанта, Сампдорија ... и слично.
Сепак добро кажа дека има уште една полусезона и можи да се случва обратното во неа.
Ајде сега е 55 минуте треба да се напрат замени и треба да се смени тактиката во победничка.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
[/font]

Која грешка !?
Пеналот!?
Самиот играч се изјасни дека ја фатил со рака топкана, нанесакајќи...
Голот од Ибра!?
Ти ак мислиш на голов од Ибра, и најголем анти-навивач на Интер ќе рече дека не играше со рака...
Напрајле грешка судине, пак огромна, доста аман :tapp:
Леле добро Смугре уживај примен си. Ова го расправавме и нема пак да се расправаме за ова. Пенал немаше и покрај играта со рака, од причини шо беа многу убо објаснати за тие шо скат да сфатат и шо располагат со елементарна интелегенција.
Вториот гол беше регуларен.

Дали ова е пенал според навивачите на Интер и според кој и да е друг??
Аталанта - Милан (прајме муабет за играта со рака, точно пред да влези Роналдо е на клипчето и коментаторо спомнува има успорена снимка)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Дали ова е пенал според навивачите на Интер и според кој и да е друг??
Аталанта - Милан (прајме муабет за играта со рака, точно пред да влези Роналдо е на клипчето и коментаторо спомнува има успорена снимка)

Шо досуди судијата тука? (Не го гледав тој меч)
Ако немаше некој фал од Патката или некој офсајд (невидов за то нешто) јасно е дека е пенал.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338

Па то е проблемот со тебе ти не гледаш фудбал, гледаш Лајвскор и табели. Ти кажав дека на сред натпреварување не се кажва кој е победник, то е исто ко да водиш во 50 минута од некој меч и да скокаш дека си најак. За годинава првенството ќе прајме муабет на крајот на сезоната.
Хмм...Да, на сред натпреварување не се кажва..Ама и да заостанваш со двоцифрен број на поени(а во меѓувреме губат Милан од Аталанта),мислам дека малку е нереално да се надеваат Милан дека воопшто ќе му се доближат на Јуве, а камоли да го заминат!!!

Јас ги одредвам по класи според играта на тимот, според играчкиот кадар и според амбициите. Ако не се согласваш ти со мене, не мора да го распушаваш, напрај си сам класификација и ако сакаш Јувентус нека е Уберкласе тим и сите нека се 10 класи под нив, а Милан клај го со Албинолефе во класа ако сакаш, КУРО МЕ БОЛИИИИИИ.
Кака, во ред!!Пато НАДЕЖ Е!Другите ПД.Цел тим за на ремонт им е(ЧИТАЈ И САМ БЕРЛУСКОНИ ГО ИЗЈАВИ ТОА).Вчера ако го читаше интервјуто на Анчелоти дека според развојот на настаните МИЛАН БИ СЕ ЗАДОВОЛИЛ СО 4ТО МЕСТО, а и на Јуве е тоа амбиција!!Мада што според табелата Јуве веќе е во тие 4, поточно трет!Епа зато реков убаво е човек да има амбиција,а друго е колку е таа реална амбицијата!И не одговарам на твојот стил на последните зборови!Испод чест ми е!


Ај чао сега и не клавај извичници, те читаме не мора да се дериш. Порасни, оздрави и по можност свати.
По овој пост се гледа кој е колку голем, и колку "пораснал".Не паѓам на твое ниво па со лични навреди тука!!Постојат модератори,продолжи со нив ќе си кркаш бан и толку, не се замарам јас да те навредувам кога не знам ни кој си, ни што си, ни колкав си..Ама пази понекогаш интуицијата може да лажи!Ама ако фактите те болат тоа е нешто друго!
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.467
Поени од реакции
5.439

Аталанта - Милан (прајме муабет за играта со рака, точно пред да влези Роналдо е на клипчето и коментаторо спомнува има успорена снимка)
Да беше некој друг клуб на пр. Интер ќе им досудеше пенал и жолт ќе му акнеше, ова судиеве сезонава пички све по нивно судат не судат реално за Милан мн. фаули не досудиле сезонава а и пенали како што гледам ама ни Јуве не се нешто поарени

пс.Кико се збуни со постовите или ми се чини :)
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Уфф. Никој не бара од тебе да прајш класи на тимој. Напраена е пред тебе. Значи дали се вика Интер или се вика Каљари сите се еднакви и играат во Италијанското првенство. Е сега ако ти се споредва ќе споредваме.
Оригинален состав на Милан сезонава. Да полн е со звезди како Неста,Гатузо,Пирло,Кака,Сидорф,Роналдо,Пато???
Од друга страна Јувентус:
Буфон,Недвед,Каморанези,ДелПјеро,Трезеге. Останатите ... мм клошари шо се обидват да се докажат.
Значи кога се работи за надмоќ со имиња. Точно Милан има на хартија позвучен состав од Јувентус тука не мораш да се докажваш.
Е сега ќе гледам од друга страна. Џабе ти е и состав од сите звезди ако не знајш да го искористиш или ако не функсионира како шо треба. Значи збораме за фудбал кој шо е тимски спорт а не индивидуален. Значи 11 а не 1. И тие 11 треба да соработват да дишат заедно како шо диши средниот ред на милан заедно (шо би рекол коментаторот на Телма, телепатски да се разбираат кој шо сака да направи)
Значи и покрај се шо има милан сезонава незнај да ги искористи рационално. За то ти зборат (ајде не табелата и резултатите туку) сите изиграни мечој досега. Прифати го фактот дека милан во досегашниот тек на сезоната само на хартија можи да се споредва со Интер и Рома, а реално ммм... со Аталанта, Сампдорија ... и слично.
Сепак добро кажа дека има уште една полусезона и можи да се случва обратното во неа.
Ајде сега е 55 минуте треба да се напрат замени и треба да се смени тактиката во победничка.

Јас го кажав своето мислење, вервам во него и не би го променил само поради моменталната состојба на табелата.

Треба да се објаснувам сега 5 страни зошто Јуве сметам дека е класа под Милан моментално. Немам намера да објаснувам то е моја работа, таков е пристапот на играта на Јуве, некогаш се задоволуват и со нерешено и чекаат контра, не влегват како фаворит во секој меч, не ризикуват и имаа многу повеќе фудбалска среќа од Милан сезонава итн...

Е сега ти ако навистина сметаш дека Милан е во иста класа со Сампдорија, која патем дома од Милан изгуби 5-0 сезонава, слободно така и класифицирај ги никој не ти брани. Јас земам во предвид многу други работи во оценвањето, не само бодојте кои можи да се на најразличен начи освоени, заслужени, незаслужени итн..
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Секоја чест ако судењето е реално без разлика дали е против мојот клуб или не. Пример пеналот на Гросо (на светското) признавам дека не беше реален.
А да мисли пред да прај прекршок дали е фер?
да нормално дека е фер судењето. меѓутоа поентата ми беше дека интер не е фаворизиран од судиите и дека од сосема нормален натпревар против парма направија скандал и ги обвинија за местење и купување натпревари. помина времето кога моџи го правеше тоа
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Кико дај бе чоек одмори. Шо ме замараш незнам. Ти објаснувам најубо шо можам, незнам шо сакаш да напрам. Да цртам незнам, психијатрија слабо ми оди, незнам како да ти објаснам.

МОЕ МИСЛЕЊЕ.

Првенството не е завршено ами точно на пола е, ко ќе се доиграт натпреварите ќе видиме колку Милан заостанува. И не се важни само бодојте, на различен начин можи да се освојат и изгубат, среќен несреќен, праведен неправеден, заслужен незаслужен итн.

И не ми реплицирај, не е математика ова докази факти да ти вадам јас. Незнам како можи толку тешко да ти е ова да го разбериш. Не те вреѓав јас во претходните постој, нешто се имаш збунато ти. Курот е мој и мене ме боли, нема врска со тебе. А тие забелешки на крајот се две топли пораки и една срдечна молба, која ќе ја повторам СВАТИ.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.467
Поени од реакции
5.439
Една молба

НЕ ЦИТИРАЈТЕ АКО НЕЗНАЕТЕ ДА ЦИТИРАТЕ пишувајте си онака , дека гледам мн. се буните цитирате па бришете па не ви испаѓа, не личи све испомешано таратур :)


Моменталната табела Сериа А



 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
Се сложвам дека е попаметно да се мисли со своја глава. Само во случајов очигледно ни се разликуваат мислењата па затоа реков да ги видиме и реакциите од спортските новинари.

Ај во врска со коментарите на мечот малку. Цезар си е крив? Точно. Кој идиот ќе зема да прај онаков фал откако му е поделен жолт картон. Се пушта лизгачки на чоек во нормална ситуација то е ... жолт. Е сега во ненормална (денешната, пресен жолт има добиено) Да му се гледа низ прсти или не.

Свирката ќе ја слушаме се додека фудбалерите играат онака како шо играја денес. Судијата треба да ја контролира играта и да не ги остава да се истепат. И јас сум за чиста игра без да го гледаме судијата. .. ама денес не дозволија играчите.

Зошто гледаш така на судијата. Дека не бил интер туку дека биле Уднезе фаворизирани. Зошто не гледаш дека успеаја судиите да уловат еден куп офсајди? Зошто не гледаш дека ви судеја и вас фалој? Сепак твое право е како ќе гледаш.

И за последното ќе те поддржам и ќе си ја повторам репликата за Синдикат. Аман со титулите. Аман со лш. Имаме тазе материјал за расправање сега.
Еве за болдираното:

мислењата секогаш ни се разликуваат и добро што е така иначе ќе беше досадно на форумов :vozbud:
Така да и понатаму ќе е обидувам да си ги гледам работите на свој начин се додека не почнат за фудбал да пишуваат луѓе што навистина нешто знаат. Се работи за години и години тресење зелени на луѓето кои се бават со фудбал па недовербата ми е максимална, затоа вака размислувам по ова прашање.

Уште еднаш, црвениот му е заслужен макар што во 20'та минута судија не би требало така лесно да се фаќа за џебот ако не е ептен некој старт за во затвор. Така да, можеше да му прогледа ама тоа не значи дека не е крив. Инаку не само што има и други идиоти што би направиле онаков старт после тазе жолт картон туку мислам и дека повеќето се со толку мозок. Малку има што мислат. И после фаќај се за глава и чуди се што си направил. Фудбалериве имаат навика да ме вадат од памет. Имаат уште полоша навика да прават црвени кога играм сингл. Идиоти.

Погрешно ме разбра за судијата, не мислев на него туку на форумџииве. Да беше обратна ситуацијата, да добиеше играч на Удинезе црвен за истиот старт поинакви коментари ќе читавме денес. Тоа сакав да кажам. Начинот на судење денес не ми се допадна, не дека го оштетил Интер. Мислам дека премногу се експонираше. Тоа е се.

Инаку се надевам дека вакво судење ќе имаме и понатаму. Нека е тврдо. Само да не прават глупости играчите и да добиваат црвени без потреба. Пак ќе си дојде се на свое место само нема да се замараме со судиите. Барем ќе им стане јасно на повеќето кои сеуште размислуваат, дека првото место не е заради фаворизирање туку заради квалитет. Ова беше втор натпревар со играч помалку во кој Интер не загуби. Покрај тоа имаше и шанси за победа. Самото тоа зборува многу...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Шо досуди судијата тука? (Не го гледав тој меч)
Ако немаше некој фал од Патката или некој офсајд (невидов за то нешто) јасно е дека е пенал.

Џилардино беше и немаше ништо досудено.

Мене ме интересира мислењето на Интерашите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom