Ракување на крајот на натпреварот
Според новото правило по завршувањето на натпреварот во Италијанското првенство фудбалерите мора задолжително да се ракуваат.
Одлуката ќе почне да се применува од јануари, а се чини дека главни "виновници" за тоа се фудбалерите на Фиорентина, кои по поразот на домашен терен од Интер застанаа во ред и со ракување и аплауз ги испратија противничките играчи.
Гестот на фудбалерите на Фиорентина беше поздравен од сите, а се стравуваше од евентуална казна бидејќи раководството на Лигата претходно тоа не го дозволила.
Од целата ситуација се испадна како што треба бидејќи Лигата ова го воведе како правило и ќе биде обврзувачко за сите.
"Вакво нешто треба да се воведе во целиот свет. На теренот сме спортски непријатели, но потоа треба сите да се поздравиме", рече Тоти.
Сепак зошто ако тоа е нормално однесување треба да се воведе правило, зарем на сите ли им требаат закони за да се однесуваат коректно.
Во боксот ќе се скршат од ќотек ама на крајот се поздравуваат и си делат комплименти, така е во хокејот и во рагбито.