Шо е смешното?
Човекот после недела дена во агонија, се врати на кормилото да ја води Фиорентина. Имај малку почит.
Фиорентина не е/беше маалски клуб. Фиорентина игра исто и против Интер и против Катанија, тоа ми се допаѓа кај нив. Затоа се еден од трите клуба во Италија кои ги почитувам.
Интер не му дозволи на Фиорентина да се размавне, моторите Камби, Дакур и Занети работеа со полна пареа. Самуел да не зборувам, еднаш само дозволи да го поминат и тука настапи на сцена пантерот. Дека Цезар моментално е еден од топ 3те голмани во светот, покажа денес. Ваков рефлекс нема ни Буфон, но италијанецот може да се пофали со други посилни атрибути па затоа е бр 1.
Тапа утакмица, впрочем така и му одговараше на Интер. Контрите се покажаа повторно дека ќе бидат тајното оружје на Манчини. Фаталноста на Круз пак се покажа одлучувачка за натпреварот. Со два потези се реши еден од конкурентите за титулата, тука се покажува силината на Интер. Во ваквите наптревари во кои контролираат се на теренот, се зема титулата. Темпо, посед, трансформација од одбрана во напад и обратно.
Машината се разработи, сега... се' што ќе му застане на патот ќе меле.
Освен ако не откаже карбураторот*, не постои сила што ќе ја запре.
*Хавиер Занети a.k.a. Jay Z